Каракачанов пред пратениците информираше за последните средби со македонските претставници - Канал 5

Каракачанов пред пратениците информираше за последните средби со македонските претставници

Со можеби најблага реторика досега, но без јасни сигнали дека Софија би ја повлекла блокадата, вицепремиерот Каракачанов во парламентот ја претстави бугарската позиција во однос на македонските евроинтеграции.

Каракачанов пред пратениците информираше за последните средби со македонските претставници

Тврди дека Бугарија не е под притисок на германското претседателство и дека нема намера да право компромис со обидите за фалсификување на историјата, но дека прашањето се уште останува отворено. Ултиматумот даден пред два дена македонската влада до денеска да ги затвори отворените прашања воопшто не го спомена. Ја отфрли информацијата дека во Берлин Захариева го потпишала фамозниот нон-пејпер, па се повлекла.

-Без надминување на говорот на омраза, без јасна ревизија на образовниот систем, нема како Бугарија да има друга позиција освен онаа што ја има, односно дека нема да даде согласност за првата меѓувладина конференција за започнување преговори со Република Македонија., изјави Красимир Каракачанов, вицепремиер на Бугарија.

Опозицијата, предводена од бугарските социјалисти бараше пред пратениците за Македонија да се изјаснат Борисов или Захариева, но се појави Каракачанов како претставник на владата.

-Сметаме дека е редно премиерот, кој веќе е во добро здравје, вози автомобил и врши инспекции да дојде во парламентот и да не информира во која фаза се разговорите со Македонија., изјави Кристијан Вигенин, пратеник од Социјалистичката партија на Бугарија.

Опозициската социјалистичка партија се сомнева дека владата на Борисов потпаднала под странски притисок и дека била на пат да отстапи од црвените линии, врамени во декларацијата на бугарското Собрание, со сетот услови за Македонија. Ваквиот став го изнесе и потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова за БТВ.

-Сметам дека владата не ја кажува целата вистина во последниве денови. Мислам дека има проект за кој не знаеме, а кој ќе биде предложен на состанокот на министрите за надворешни работи на 17 ноември., вели Илијана Јотова, потпретседателка на Бугарија.

Внатрешните превирања во Бугарија следат четири дена пред клучниот Совет за општи работи во Брисел, кој ќе се изјасни за преговарачката рамка за Македонија, која Софија минатата недела ја блокираше на состанокот на ниво на амбасадори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Запросување на врвот на Емпаер Стејт Билдинг (ВИДЕО)

Една смела двојка се искачи на врвот на зградата „Емпаер стејт билдинг“ и развиори транспарент на врвот од нејзината кула во среда попладне.

Запросување на врвот на Емпаер Стејт Билдинг (ВИДЕО)

Анџела Николау и Иван Беркус, кои стекнаа онлајн следбеници поради нивните искачувања на облакодери низ целиот свет што, останаа на врвот на облакодерот неколку минути додека камерите го снимаа настанот пред да се спуштат, изјавија полициски извори за „ABC News“.

Потоа, како што изгледа, Биркус ѝ предложил брак на својата долгогодишна девојка пред да бидат приведени.

Црниот транспарент се повикува на цитат од Џими Хендрикс и со бели букви пишувало: „Кога моќта на љубовта ја победува љубовта кон моќта, светот го познава мирот“.

Испратен е хеликоптер од њујоршката полиција, а платформата за набљудување на зградата била испразнета од посетители кога пристигнала полицијата.

Извор: ABCnews

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лимонада како од старите слаткарници: Тајната е во еден чекор што го прави вкусот побогат

Овој рецепт е брз за подготовка, лесен за прилагодување на вашиот вкус и идеален за летните денови кога бараме природно освежување без газирани пијалоци.

Лимонада како од старите слаткарници: Тајната е во еден чекор што го прави вкусот побогат

Малку пијалоци потсетуваат на лето како добра ладена лимонада. Сепак, многу луѓе забележуваат дека лимонадата што ја пијат во слаткарница или кафуле има пополн вкус од онаа што ја подготвуваат дома, иако е направена само со неколку состојки.

Причината не е во скапите состојки или посебен вид лимон, туку во начинот на подготовка. Класичните слаткарници го користат истиот трик со децении - прво подготвуваат шеќерен сируп, кој потоа се комбинира со свежо исцеден сок од лимон.

На овој начин, шеќерот се раствора целосно, а вкусот станува освежителен и пријатно избалансиран, без кристали што остануваат на дното на чашата.

Зошто е важен шеќерниот сируп?

Многу луѓе едноставно ставаат шеќер во ладна вода дома, но тој често не се раствора целосно. Затоа професионалните слаткари прво готват едноставен шеќерен сируп.

Сирупот рамномерно го засладува пијалокот, ја нагласува аромата на лимон и ѝ дава на лимонадата карактеристичен, полн вкус што го паметиме од детството.

По желба, количината на шеќер може да се намали или зголеми, во зависност од тоа колку слатка сакате лимонада да биде.

Состојки:

• 1 чаша свежо исцеден сок од лимон (околу 4-6 лимони)

• 1 чаша шеќер

• 6 чаши ладна вода

• 1/2 чаша вода за подготовка на сирупот

• мраз по желба

• парчиња лимон за сервирање

• свежи листови од нане по желба

Подготовка:

Во мало тенџере, измешајте го шеќерот и половина чаша вода. Загрејте на средна температура, мешајќи додека шеќерот целосно не се раствори и не добиете бистар сируп. Оставете целосно да се олади.

Во меѓувреме, исцедете го лимонот и процедете го сокот за да ги отстраните семките и вишокот пулпа.

Истурете ладна вода во голем бокал, додадете сок од лимон и изладен шеќерен сируп. Добро промешајте за да се соединат сите состојки.

По желба, оставете ја лимонадата дополнително да се олади во фрижидер.

Како да ја сервирате?

Наполнете ги чашите со мраз, сипете ја лимонадата, а потоа додадете парче лимон и неколку свежи листови од нане.

Доколку сакате уште поинтензивен вкус, можете да додадете неколку тенки парчиња лимон директно во бокалот и да го оставите да отстои околу десет минути пред сервирање.

Лимонадата подготвена на овој начин е идеална за летни денови, семејни собири, скари или едноставно како природно освежување за време на жешкото време.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лампард останува во Ковентри

Менаџерот на Англија, Френк Лампард, го продолжи договорот со Ковентри до 2029 година, соопшти клубот.

Лампард останува во Ковентри

Лампард е на чело на Ковентри од ноември 2024 година, а минатата сезона го водеше клубот во Премиер лигата за прв пат по 25 години.

„Воодушевен сум што потпишав нов договор, вистинска чест е да го претставувам овој клуб. Уживавме по неверојатниот напор и освојувањето на Чемпионшипот. Сега треба да се одмориме, а потоа добро да се подготвиме за следната сезона каде што ги знаеме целите. Има многу работа на и надвор од теренот. Едвај чекам повторно да ги видам играчите и да работам со нив“, рече Лампард.

Ковентри ќе биде домаќин на Арсенал во првото коло од Премиер лигата на 21 август.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер