Каракачанов: Бугарија нема проблем со предлогот „Република Илинденска Македонија“

 Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов денеска изјави дека за неговата земја нема проблем една од варијантите за ново име на Република Македонија да биде „Република Илинденска Македонија“.

- Нам не ни пречи. На 1 август минатата година потпишавме договор со кој се обврзуваме заедно да ги славиме заедничките празници. Илинден е денот на најголемото востание. Мислам дека ние немаме проблеми со името. За нас е важно кога станува збор за меѓусебните односи да ја нема практиката што ја имаше досега, а тоа е да се краде историјата, да се менува и фалсификува, рече тој по завршување на обуката на делови од специјалните сили на Македонија и Бугарија во реонот Станке Лисичково.

Прашањето за името, вели, е нешто што треба да го решат Македонија и Грција. Ние, потенцира Каракачанов, само се обидуваме да го помогнеме тој процес, за да се решат проблемите на Балаканот.

- Ако двете земји се договорат за името „Илинденска Македонија“ за нас нема никакви проблеми, рече Каракачанов додавајќи дека е умерен оптимист по тоа прашање. /МИА

Хамас: Повикот на Израел за евакуација на Рафа ќе доведе до колапс на преговорите за примирје

Официјален претставник на Хамас за порталот Вала изјавил дека повикот на Израел до цивилите да евакуираат делови од Рафа пред потенцијална копнена офанзива ќе доведе до колапс на преговорите за договор за заложниците и примирје.

- Израелската одлука да започне евакуација на населението ќе ги запре преговорите за договорот, кои добро напредуваа и бевме блиску до договор, изјавил претставникот на исламистичката терористичка група за новинската страница Вала.

- Нетанјаху е во илузија дека заканата за инвазија врз Рафа ќе изврши притисок врз Хамас, но тоа само ќе доведе до колапс на преговорите, вели претставникот, пренесува Тајмс од Израел.

Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово

Како што соопшти денеска полицијата, лицето е спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“ за доиздржување на казната.

Педесет и седумгодишник од неготинското село Долни Дисан, синоќа во 22 часот бил приведен од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Неготино, поради бегство од казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“, каде издржувал затворска казна.

Како што соопшти денеска полицијата, лицето е спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“ за доиздржување на казната.

Мегваер е надвор од терените до крајот на сезоната поради повреда

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер ќе биде надвор од терените поради повреда, објавија од прес-службата на клубот на социјалните мрежи.

Играчот ќе пропушти околу три недели, па повеќе нема да се појавува на теренот на преостанатите натпревари.

Оваа сезона фудбалерот одигра 22 натпревари за Манчестер јунајтед во англиското првенство, на кои постигна два гола и оствари две асистенции.

Вечер од 21 часот Манчестер јунајтед ќе се сретне со Кристал Палас на гостински терен.

притисни ентер