Карачаканов ќе ни праќал полк , а не може да влезе во рускиот тенк Т-72, причината... - Канал 5

Карачаканов ќе ни праќал полк , а не може да влезе во рускиот тенк Т-72, причината...

...не го собира,отворот ( капакот ) бил тесен и за Каракачанов и за Борисов кога пред 3 дена биле во посета на бугарскиот воениот погон „Терем“ кај Тарговиште во Бугарија. Браќата ни се вооружуваат, што значи не треба да се грижиме.

Карачаканов ќе ни праќал полк , а не може да влезе во рускиот тенк Т-72, причината...

Една дилема е решена. Каракачанов нема да биде во тенковите , кои евентуално би ги пратил во Македонија да ги сруши спомен-таблите каде се споменува Бугарскиот фашистички окупатор. Причина: не може да влезе низ отворот!

Бугарскиот ортал frognews.bg јавува за овој настан кој малку бил и комичен зашто ниту Борисов не можел да влезе во рускиот тенк Т-72. па велат:
„Премиерот Бојко Борисов и министерот за одбрана Красимир Каракачанов не влегоа во тенкот Т-72 во Тарговиште затоа што отворот е многу тесен и не можат да поминат низ него. Сепак, тие го прегледаа воениот погон Терем кај Тарговиште и се пофалија дека направиле многу за армијата. На Борисов му беа покажани и други тенкови. Каракачанов потсети дека Советот на министри одвои 50 милиони лева за модернизација на тенковите Т-72.

Од „Терем“ објаснуваат дека ќе ги модернизираат машините и ќе инсталираат систем за ласерско зрачење и систем за контрола на отпуштање.
„Важна ли ви беше опремата адмирали и морнари,со што не убедивте? Дали се потребни?“, Праша Борисов, а војската одговори: „Секако, потребни се“. И Борисов објасни дека нашите последни бродови се стари над 20 години.
Каракачанов додаде дека во оваа фаза е поважен проектот за новите оклопни возила. Бродовите ќе бидат во Варна, а машините за специјалците ќе доаѓаат од фабрика во Самоков.

Линк до оригиналната вест на frognews.bg

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На папата Лав XIV му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан

На Папата Лав 14 му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан .

На папата Лав  XIV му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан

71-годишниот папа бил подложен на 90-минутна операција во вторникот во болницата „Џемели“ во Рим, каде му бил дијагностициран аденокарцином на белите дробови.

„Операцијата беше успешна и немаше никакви компликации“, соопшти Ватикан. „По операцијата, папата се разбуди нормално и се врати по краток период на набљудување во својата соба“, додаде Ватикан. Грутката првпат била откриена за време на она што Ватикан го опиша како „рутински проверки“.

Се очекува папата да остане во болница околу една недела. Претходно, големи толпи чекаа со часови пред болницата на папата.Тие го поздравуваа со радосни поздрави и му посакуваа добро здравје додека поминуваше. Во своето соопштение, Ватикан соопшти дека целиот долен лобус на десниот белодроб на папата бил отстранет „за да се осигури дека постапката е успешна “. Извор од Ватикан изјави за новинската агенција „Франс прес“ дека се спроведуваат дополнителни тестови за да се види дали има некакви знаци дека ракот се проширил.

Папата во неделата ја објави веста за својата операција на светот, зборувајќи од балконот на плоштадот „Свети Петар“ .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема промена кај цените на горивата

Нема промена на цените на бензините и дизелот. Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 останува 98,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 се продава по 100,50 денари, а дизелот по 97 денари за литар.

Нема промена кај цените на горивата

Единствено поскапува мазутот, за 2,14 денари и сега чини 51,74 денари за килограм. Во актуелните цени на горивата се вклучени владините мерки за намалено ДДВ на дизелот од 18 на 10%, како и намалената акциза за бензините и дизелот за 4 денари по литар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова

Министерството за внатрешни работи распиша потерница по 23-годишната Ива Михаилова, по барање на Основниот суд во Кочани..

МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова

Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на Основен суд Кочани за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став 3 од кривичниот законик, објави МВР, откако Михаилова пред три дена побегна во Бугарија и беше утврдено дека таа нелегално ја напуштила земјава..

Претходно, судот во Кочани и одреди 30-дневен притвор на Михаилова, која е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици..

Иако таа и нејзиниот адвокат за бугарските медиуми изјавија дека легално ја поминале границата, од МВР соопштија дека на ниту еден граничен премин не е евидентиран нивни излез од Македонија, ниту влез во Бугарија..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер