Канје Вест се пофали со новите заби- ги платил 850.000 долари (ФОТО) - Канал 5

Канје Вест се пофали со новите заби- ги платил 850.000 долари (ФОТО)

На Канје Вест му биле отстранети сите заби претходно оваа година и биле заменети со титаниумски протези.

Канје Вест се пофали со новите заби- ги платил 850.000 долари (ФОТО)

Раперот потрошил околу 850.000 долари на таа експериментална стоматолошка операција. Неодамна тој гостувал во една емисија каде се насмеа. Еве како тоа изгледа:

Потсетете се дека Вест, кој го промени своето име во Је, се ожени со Бјанка Ценсори, архитект во неговата компанија Yeezy, во декември 2022 година, помалку од еден месец откако беше финализиран неговиот развод со Ким Кардашијан.

Таа година, Вест загуби низа договори за партнерство со Адидас и други, по низа антисемитски коментари, вклучително и дека Евреите „се обидуваат да го придобијат секој што се спротивставува на нивниот план“.

Сепак, оваа година тој доживеа ренесанса во кариерата по објавувањето на албумот Vultures и соработката со пејачката Ty Dolla $ign. Албумот се најде на врвот на американските топ листи и го создаде глобалниот хит Карневал, кој исто така достигна број еден во САД.

Во декември 2023 година, Вест се извини за антисемитските забелешки, пишувајќи на хебрејски на социјалните мрежи: „Длабоко жалам за каква било болка што можеби сум ја предизвикал...Посветен сум на поправка на штетата и промовирање единство“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црна Гора до крај на годината ги затвора сите преговарачки поглавја со ЕУ

Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската унија, изјави министерката за европски прашања на Црна Гора Мајда Горчевиќ.

Црна Гора до крај на годината ги затвора сите преговарачки поглавја со ЕУ

Според неа, усвојувањето на уставните измени покажало високо ниво на одговорност кај сите политички фактори во земјата, а членството на Црна Гора во ЕУ е целосно остварливо. На вонредна седница одржана вчера црногорскиот парламент ги усвои предлог-измените на уставот што се однесуваат на судскиот и тужителскиот совет и на централната банка.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити не се откажува од Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра

Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити не се откажува од Аргентинецот, Енцо Фернандез, и покрај тоа што го пропушти рокот што претходно го одреди Челзи за доставување понуда.

Манчестер Сити не се откажува од  Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра

„Гардијан“ денес пренесува дека Сити би можел да ги искористи средствата од продажбата на Нико Гонзалез во Њукасл за да направи нов обид да го ангажира аргентинскиот играч за врска.

Фернандез е заинтересиран за повторна соработка со Енцо Мареска, со кого претходно работеше во Челзи. Иако Челзи не се обидува активно да го продаде, клубот одреди цена од околу 140 милиони евра.

Сити моментално спроведува голема реконструкција на средниот ред по заминувањата на Родри и Тиџани Рејндерс, а веќе постигна договор за ангажман на Ајуб Буади од Лил за 95 милиони евра плус дополнителни бонуси. ESPN исто така пренесува дека Сити е подготвен да ја плати сумата што ја бара Челзи за Фернандез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советниците на СДСМ во Пехчево против дата центар

Побараа тргање на точката од дневен ред!

Советниците на СДСМ во Пехчево против дата центар

„Како координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата, предлагам втората точка, која е доставена во материјалите од дневниот ред, да се изземе, да се симне од дневен ред и да се стави на некоја наредна седница, која ќе биде отворена, на која граѓаните ќе бидат информирани за постапувањето по истата. Ние, како советничка група, нашиот став е јасен: дека нема да ја поддржиме таа иницијатива“ рече Николчо Јовчев, претседател на ОО СДСМ Пехчево и координатор на Советничката група на СДСМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер