Стерјовски во Пустец со студенти по историја од Брисел: За положбата и предизвиците на Македонците во Албанија
1Стерјовски во Пустец со студенти по историја од Брисел: За положбата и предизвиците на Македонците во Албанија
3Најскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долари
Шоу бизКанје Вест доби тужба од поранешната асистенка за сексуално вознемирувањеПоранешната асистентка на Канје Вест, Лорен Пишиота, го тужи раперот за сексуално вознемирување и незаконски отказ.Во документите до кои дојде „Page Six“, Лорен најпрвин истакнала дека почнала да работи за Je во јули 2021 година, кога тој се подготвувал за својата линија „Yeezy“. На инфлуенсерката, кој работеше со Вест и на неколку песни за неговиот албум „Донда“, ѝ била понудена плата од еден милион долари годишно. Во својата тужба, таа потоа објасни како заработувала уште еден милион на „Onlifens“ додека тој не ѝ го привлекол вниманието „да стане малку побогоориентирана и да и ја избрише сметката“ во 2022 година. За возврат, тој ѝ ја зголемил платата за истиот износ , но никогаш не било целосно решено. Наместо тоа, таа почнала да добива вулгарни пораки, фотографии и видеа од раперот во занес со друга жена. Наводно, добила и многу интимни фотографии и од сегашни и од поранешни вработени во Je, и жени и мажи. View this post on Instagram A post shared by LP✨ (@laurenpisciotta) Потоа, наброја уште неколку негови испади - еднаш среде канцеларија ѝ рекол да го соблече џемперот „затоа што премногу покрива“, прашал „што имаат нејзините момчиња“... А таа тврди дека еднаш се заклучил во собата со неа, мастурбирал покрај неа и заспал. Кога таа одбила да излезе или да спие со него, тој многу се налутил. Меѓутоа, во септември 2022 година, таа добила унапредување. Станала шефица на персоналот во неколку негови компании, за што потоа ѝ биле понудени четири милиони долари. Сепак, околу еден месец подоцна, била отпуштена, без причина. Според понатамошните написи, на крајот ѝ биле понудени три милиони долари отпремнина, но наводно тоа се уште не се случило. Сега, според тоа, тој се обидува да добие отштета за прекршување на договорот и непријателска работна средина. Претставниците на медиумите на Јео се уште не го коментирале овој случај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСтерјовски во Пустец со студенти по историја од Брисел: За положбата и предизвиците на Македонците во АлбанијаПретседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Пустец оствари средба со група студенти по историја од Слободниот универзитет во Брисел (Université Libre de Bruxelles), кои престојуваат во Албанија.Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Пустец оствари средба со група студенти по историја од Слободниот универзитет во Брисел (Université Libre de Bruxelles), кои престојуваат во Албанија во рамки на својата студиска посета. Целта на средбата беше студентите директно да се запознаат со историјата, положбата и современите предизвици со кои се соочува македонското национално малцинство во Албанија. Стерјовски пред студентите го презентираше историскиот контекст на создавањето на албанската држава и развојот на статусот на македонското население во Албанија низ различните историски периоди. Посебен дел од разговорот беше посветен на современата положба на Македонците, остварувањето на нивните права и предизвиците поврзани со зачувувањето на македонскиот јазик, култура и национален идентитет. Средбата продолжи со отворена дискусија во која студентите покажаа особен интерес за прашањата поврзани со правата на Македонците во Албанија, нивната политичка и општествена положба, како и механизмите за заштита и унапредување на правата на националните малцинства. Една од темите на разговорот беше и прашањето за влијанието на Бугарија врз македонската заедница во Албанија. Стерјовски ги изнесе своите ставови за активностите и политиките преку кои, според него, Бугарија го зголемува своето влијание врз Македонците во Албанија, вклучително и преку можностите што ги создава нејзиното членство во Европската Унија. Според Стерјовски, овие активности отвораат сериозни прашања во однос на зачувувањето на македонскиот национален идентитет и спротивставувањето на процесите на асимилација. Во разговорот било истакнато и значењето на директниот контакт меѓу студентите, истражувачите и претставниците на македонската заедница, особено во услови кога прашањата поврзани со националните малцинства често се разгледуваат од различни историски и политички перспективи. „Ваквите средби со млади историчари се особено значајни затоа што им овозможуваат директно да се запознаат со историјата, реалноста и современите предизвици на македонската заедница во Албанија, надвор од стереотипите и едностраните толкувања“, истакна Стерјовски. Средбата во Пустец претставуваше можност за студентите од Брисел одблизу да се запознаат со животот на македонската заедница во Албанија и со прашањата што се од значење за нејзиното зачувување и развој. Стерјовски им се заблагодари на студентите за интересот и отворената дискусија, оценувајќи дека ваквите академски и непосредни средби придонесуваат за подобро разбирање на историјата и современата положба на Македонците во Албанија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеАсоцијација на специјализанти: Успехот, а не возраста беше пресуден за конкурсот Наметнувањето на возраста како причина за неизбор за вработување на медицинскиот факултет МЕП физиологија не е поткрепено со конкурсните критериуми и создава нецелосна слика за постапката пред јавноста и не е во нечив интерес,.Наметнувањето на возрста како причина за неизбор за вработување на медицинскиот факултет МЕП физиологија не е поткрепено со конкурсните критериуми и создава нецелосна слика за постпаката пред јавноста и не е во нечив интерес, соопштија од Асоцијацијата на специјализанти кои имале комуникација со медицинскиот факултет. Според критериумите според бодирањето успехот на кандидаите биле 9,29 и 9,21 а успехот на Василевски бил 8,20. Од асоцијацијата информираат дека тој бил вработен во ПЗУ „Медикус Хелп“ скоро 10 години. „Неговата приватна специјализација по спортска медицина била финансирана од страна на тогашниот работодавач, ПЗУ „Медикус Хелп“. По престанокот на работниот однос во приватната установа престанало и финансирањето на приватната специјализација. Поради пролонгирање, односно незавршување на специјализацијата во рокот предвиден со Правилникот за специјализации, специјализацијата во септември 2026 година му била прекината согласно важечките прописи, согласно критериумите и бодирањето на последниот конкурс, избраните кандидати биле подобро рангирани “-„Асоцијација на специјализанти“. Дарко Василевски продолжува со штрајкот глад и не се откажува од барањата да се ревидира изборот. „Јас ја доплатив специјализацијата и обрзложив на факултет за моето доцнење“, изјави Дарко Василевски. Од Медицинскиот факултет посочија дека изборот бил направен според сите критерируми и дека еднаш му било одговорно на Василевски дека наводите се паушлни и неосновани и дека враљвотувањето е според условите кои ги исполниле кандидатите. Министерот Клековски посочи дека има конкурси за работа и Василевски може да се пријави во друга здравствена институција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонските домаќинства фрлаат по 86 килограми храна годишно што е над европскиот просекДодека секој денар за храна внимателно се пресметува, значително количество од купеното сепак завршува во канта.Според Индексот за отпад од храна на Програмата на ОН за животна средина, македонските домаќинства создаваат околу 86 килограми отпад од храна по жител годишно – 17 килограми повеќе од просекот на домаќинствата во Европската Унија. Колкава е навистина навиката на македонските семејства да фрлаат храна, објаснува претседателот на Банката за храна на Македонија, Душко Христов, повикувајќи се на нивните истражувања. ,,Секое семејство нека стави прст на чело да разбере дека на дневна основа фрла негде по едно евро, месечно 30 евра,годишно 360 евра и ако одиме со математиката дека сме 100 илјади семејства тоа значи над 36-40 милиони евра вредност се фрла на храна во нашите ѓубришта...На прво место фрлаат леб и лиснати, на второ сувомеснати, на трето место овошје и зеленчук..,, – Душко Христов ,претседател на Банка за храна Македонија. Дали и колку често храната завршува во канта, прашавме и дел од граѓаните.Некои од нив велат дека најчесто се фрлаат производи што се расипале или им истекол рокот. Во време кога дел од храната секојдневно завршува како отпад, последните податоци на ДЗС покажуваат дека 21,9 проценти од населението во земјава живее под ризик од сиромаштија, а кај семејствата со деца стапката достигнува 25,2 проценти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter