Кандидатот за градоначалник на Аеродром, Александар Трајановски ќе стане потпретседател на СДСМ - Канал 5

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, Александар Трајановски ќе стане потпретседател на СДСМ

Александар Трајановски ќе ја замени Ана Чупеска на потпретседателското место во СДСМ.

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, Александар Трајановски ќе стане потпретседател на СДСМ

Ова е предлогот на партискиот лидер Венко Филипче кој вечерва ќе го номинира пред Извршниот одбор на партијата, а се очекува да биде прифатен и од другите високи партиски тела.

Предлогот за потпретседателското место за д-р. Трајановски, кој беше кандидат за градоначалник во Општина Аеродром, е првиот потег на Филипче за кадровските промени во партијата и раководството што ги најави по изборниот пораз на локалните. Филипче побара трпение од членовите и од симпатизерите и најави дека партиските промени ќе продолжат.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак и денеска го обвинија Филипче дека нема кредибилитет да ја води партијата, а негови блиски соработници, како што велат, секојдневно му вртат грб и одбиваат да се дел од партиското раководство заради, како што велат, неговата блискост со Заев.

- Во јавноста веќе се повеќе се потврдува и нашата информација која ја добивме од Бихачка, а тоа е дека познат доктор, воедно и поранешен градоначалник, кој важел своевремено за близок соработник на Филипче, одбил позиција во раководството, од причина што Филипче за него бил нерелевантен и човек без кредибилитет, изјави Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче, пак, категорично ги отфрла ваквите тврдења на ВМРО-ДПМНЕ кои ги оцени како трачарски и кафански муабети за дефокус од реалните проблеми во државата со кој власта според него не може да се справи. Прашан за прозивките меѓу екс-претседателот Стево Пендаровски и екс-министерот Љубомир Фрчкоски, Филипче тврди дека во партијата нема раслојување туку единство.

Филипче на денешната прес-конференција упати критики за сериозната економска состојба во државата поради како што ги нарече промашените економски политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Предупреди дека и домашните и странските инвеститори веќе отпуштаат вработени, со што сериозно, како што вели, се загрозува егзистенцијата на илјадници семејства.

Според Филипче со досегашните отпуштања и оние кои се во најава до крајот на годината, за околу 30% ќе биде намален бројот на вработени во зоните со странски инвестиции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јеменската војска соопшти дека го „обезбедила“ водниот пат во Црвеното море

Јеменските провладини сили поддржани од Саудиска Арабија велат дека го „обезбедиле“ теснецот Баб Ал-Мандаб на јужниот крај од Црвеното море, на почетокот на големата офанзива што ја презедоа против Хутите, поддржано од Иран.

Јеменската војска соопшти дека го „обезбедила“ водниот пат во Црвеното море

Јеменската војска, исто така, во соопштението наведе дека го освоиле градот мока на Црвеното море со помош на саудиските воздушни напади.но, во спротивставени извештаи, неименувани јеменски владини и воени извори за новинските агенции „Ројтерс“ и „АФП“ изјавија дека силите стигнале само до периферијата на градот.

Хутите рекоа дека го нападнале меѓународниот аеродром во Ријад и други локации, но не коментираа во врска со Мока.Саудиска Арабија ги осуди нападите и ги повтори повиците до постојаните членки на Советот за безбедност на ОН да ја поддржат владата на Јемен.

Владата на Јемен соопшти дека операциите започнале и на други фронтови вклучувајќи го и главниот град сана, кој падна во рацете на Хутите на почетокот на граѓанската војна пред 12 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на ФИБА Еврокупот. 

Европска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на FIBA Europe Cup, а пред натпреварот посетителите ги очекува богата забавна програма пред СЦ „Јане Сандански“.

Аеродром ќе биде во знакот на европската кошарка. МЗТ Скопје Аеродром пред својата публика го пречекува реномираниот грчки состав Ираклис, во првиот домашен натпревар од новата европска сезона во FIBA Europe Cup.

Европскиот дуел ќе биде повеќе од кошаркарски натпревар. Со почеток од 17:00 часот, на просторот пред СЦ „Јане Сандански“ ќе биде организирана преднатпреварувачка фан-зона, со музика, храна, пијалоци и забавни активности за посетителите од сите генерации.

Во 19:00 часот фокусот се префрла на паркетот, каде МЗТ Скопје Аеродром ќе се соочи со Ираклис во европски натпревар кој носи посебна тежина за клубот, но и за цел Аеродром.

Општина Аеродром ги повикува граѓаните, љубителите на кошарката и сите поддржувачи на МЗТ да бидат дел од европската кошаркарска вечер и со своето присуство да му дадат поддршка на клубот.

Аеродром е сино-бел. Аеродром е МЗТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

Од 5 до 11 октомври, во рамки на меѓународната кампања на ROADPOL „Focus on the Road“, Министерството за внатрешни работи спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон непрописна употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди при учество во сообраќајот.

Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и целосно фокусирани на патот.

Не дозволувајте еден поглед кон екранот да биде причина за сообраќајна трагедија.

Возете внимателно – гледајте го патот. Телефонот оставете го за подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер