Кандидатката за премиер на Бугарија Марија Габриел претстави 10 приоритети - Канал 5

Кандидатката за премиер на Бугарија Марија Габриел претстави 10 приоритети

- Стојам со чувство на гордост и чувство на скромност затоа што вие ме познавате“, изјави Габриел. Таа додаде дека денеска се соочува со „чувство на одговорност“.

Кандидатката за премиер на Бугарија Марија Габриел претстави 10 приоритети

„Првата работа што ќе ја направи министерот за правда во мојата влада е да поднесе барање до Врховниот судски совет (ВСС) за ослободување од должност на главниот обвинител Иван Гешев поради нарушување на угледот на судството. Ова го изјави кандидатката за премиер на Бугарија од редовите на ГЕРБ-СДС Марија Габриел во Народното собрание пред својата пратеничка група.

- Стојам со чувство на гордост и чувство на скромност затоа што вие ме познавате“, изјави Габриел. Таа додаде дека денеска се соочува со „чувство на одговорност“.

- Денеска мојата прва порака е да работиме заедно за иднината на Бугарија и за највисокиот кредитен рејтинг - трите А“, рече кандидатката за премиер Габриел. Таа објасни дека првото А е амбиција да се создаде силен менаџерски тим, второто А е авторитетот на Бугарија во Европа и третото А е ангажман кон народот.

Таа наведе и 10 приоритети на кои ќе работи евентуалната влада со првиот мандат, пренесува БТА. Според неа, клучен збор во формирањето на идната влада би бил „дијалог“. Под број еден би било претставување план за излез од политичката криза и работна влада, нормализирање на работата на институциите. На второ место Габриел посочи на стабилизација на јавните финансии и усвојување на буџетот. Како трет приоритет таа ги издвои реформите во правосудството, донесувањето на основните закони, механизмот за истрага на јавниот обвинител (..) - Работите не треба да застанат тука, туку да се дојде до уставна реформа, коментира таа.

Потоа најави дека доколку стане премиер ќе бара оставка од Иван Гешев. Инаку, како што пишува бугарски Медиапул, ГЕРБ за првпат го споменува предвременото ослободување од должност на главниот обвинител, кого досега го бранеше. Во моментов, главниот обвинител може да биде разрешен само со одлука на Врховниот судски совет (ВСС), освен ако не поднесе оставка. Сегашната постава покажа дека ова е тешка задача за остварување. Најпрво Јаанаки Стоилов како вршител на должноста министер за правда започна ваква постапка, потоа Надежда Јорданова побара од ВСС да се испита работата на Иван Гешев, но истата беше одбиена.

Таа како нејзин приоритет го истакна прифаќањето на Бугарија во еврозоната и Шенген зоната, пренесува БТА.

Меѓу приоритетите претставени од кандидатката за премиер на ГЕРБ-СДС се справувањето со инфлацијата и растот на цените, јасно гарантирање на енергетската безбедност на земјата, надминување на доцнењето на оперативните програми, подобрување на безбедноста на бугарските граѓани, надминување на домашниот криминал, „ војната на патиштата“, справување со миграцијата и модернизирање на војската. Осмиот приоритет што го посочи Габриел е забрзување на учеството на Бугарија во проекти поврзани со модернизација на земјата - во областа на науката, образованието и културата, во секторите со транзиција на зелена енергија и дигитализација на јавниот сектор.

Инвестициите во младите се клучни за модернизацијата на државата, тоа значи модерно и иновативно образование, давајќи им повеќе можности на младите, коментира Габриел.

Надминувањето на регионалните диспаритети преку насочени акции за стимулирање на вештините, според потребите на пазарот на труд, е исто така меѓу приоритетите што ги презентираше Марија Габриел.

Заштитата и подобрувањето на здравјето со ефективна здравствена политика е десеттиот приоритет што го посочи кандидатката за премиер на Бугарија од редовите на ГЕРБ-СДС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Франција, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Сиљановска-Давкова ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади, ќе ја приреди претседателот Емануел Макрон.

Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 10. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 10. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 10. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно.

Кариера

Ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм.

Здравје и совет

Соработувајте со другите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност.

Кариера

Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро.

Здравје и совет

Не може ништо да ве одмине.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција.

Кариера

Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате.

Здравје и совет

Се чувствувате одлично.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи.

Кариера

Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи.

Здравје и совет

Не се измачувајте со ситни работи.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност.

Кариера

Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола.

Здравје и совет

Работите ви одат се подобро и подобро.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават.

Кариера

Се што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка.

Здравје и совет

Мали нервози и грижи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа.

Кариера

Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник.

Здравје и совет

Добро влијание на алтернативните терапии.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата.

Кариера

Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно.

Здравје и совет

Денеска ќе ви биде полесно.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте.

Кариера

што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале.

Здравје и совет

Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Чувствителноста на саканата личност дфенеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни.

Кариера

Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете.

Здравје и совет

Побарајте хумористични содржини.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи.

Кариера

Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе.

Здравје и совет

Настинка и главоболка.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики.

Кариера

Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата.

Здравје и совет

Чувствителност на синусите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер