Кандидатите на коалицијата на СДСМ ќе бидат познати в понеделник

Кандидатите за пратеници на коалицијата предводена од СДСМ ќе биде познати в понеделник по партискиот конгрес.. 

В понеделник на партискиот Конгрес, социјал-демократите ќе ги објават имињата од изборните кандидатски листи, за кои истиот ден ќе им претходи и филтерот на Централниот одбор. На огласот се пријавиле околу 2000 кандидати, но процесот на потесна селекција се уште трае, вели лидерот на партијата Зоран Заев, кој и денеска продолжи со објавување на детали од изборната програма.. ветува укинување на патните трошоци за пратениците, законска обврска за транспаретно трошење, разрешување на судиите кои со намера ќе застаруваат предмети.

СДСМ на овие избори ќе оди во колаиција со БЕСА, но Заев ја остава вратата се уште отворени и за ДПА.. Најави дека деновиве ќе има средба со Мендух Тачи, во обид во последне момнет да ја прошират коалицијата.

Од БЕСА велат дека веќе добиваат пофалби за соработката со Заев. Билал Касами во Стејт Департментот се сретна со помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Филип Рикер, од кој, како рече, добил позитивни оценки за парнерството меѓу СДСМ и БЕСА.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети не се чувствува загрозен од коалициите, бидејќи, како што вели, ДУИ победува во албанскиот блок по волја на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ во вторник ќе одлучува за кандитските листи, кои јавно ќе бидат обајавени во среда на партиската Конвеција, а се прават и последните консултации со коалиционите партнери, вели претседателот на партијата, Мицкоски.

Рокот за поднесување на кандидатските листи за пратеници истекува за една недела, на 12 март.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

Танц парада и мини концерт во Струга по повод Светскиот ден на танцот

Со танц парада и мини концерт на отворено, под мотото „Струга танцува“ студиото за танц „Бах“ денеска по четврти пат ќе го одбележи Светскиот ден на танцот - 29 април.

Тања Бах, кореограф и идеен творец на студиото за танц информира дека членовите на „Бах“ ќе тргнат од центарот за култура „Браќа Миладиновци“, покрај кејот на реката Црн Дрим ќе продефилираат низ Струшката чаршија, а потоа ќе одржат концерт во Паркот на поезијата.

-Танц парадата е еден креативен начин да го одбележиме Светскиот ден на танцот. Парадата е нашиот придонес во културните настани во градот на мостовите. Ќе приредиме едно вистинско уживање за публиката и на за нас својствен начин ќе потсетиме за физичките и психичките придобивки од танцувањето, изјави Бах.

Во Паркот на поезијата, додаде, 100-тината членови на „Бах“ ќе ја продолжат танцовата традиција во Струга.

Светскиот ден на танцот за прв пат е прославен на 29 април 1982 годинаа, оттогаш, секоја година на овој ден ширум светот се читаат меѓународни и национални пораки за танцот. Оваа иницијатива ја покрена Меѓународниот одбор за танц на Меѓународниот инститиут за танц на УНЕСКО, а го избра денот според роденденот на зачетникот на модерниот балет и еден од најголемите танцови реформатори, Жан Жорж Новер. /МИА

Ден на македонската дипломатија - 55 години од основањето на МНР

 Во Министерството за надворешни работи денеска се одбележува 55 години од неговото постоење. 

По повод Денот на Министерството за надворешни работи министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе одржи прес-конференција, а вчера дипломатскиот клуб од Скопје го одбележа Денот на македонската дипломатија со садење дрво пред зградата на МНР и посета на Меморијалниот музеј на АСНОМ во Пелинце.

Македонската дипломатија своите почетоци ги има во Бирото за односи со странство формирано во 1969 година. Република Македонија имаше свои дипломати кои работеа во југословенската дипломатија во Белград и во странство, како и во републичкиот орган за односи со странство. Во 1991 година овој орган прерасна во Министерство за надворешни работи.

Министерството за надворешни работи ги врши работите што се однесуваат на надворешните работи и надворешната политика на Република Северна Македонија.

Една од најзначајните дипломатски активности на ова Министерство беше претседавањето со ОБСЕ кое ја одбележа изминатата 2023 година кога нашата држава беше домаќин на Самитот на ОБСЕ.

притисни ентер