Канал 5 ТВ попладнево ги упати официјалните покани за „ТВ дуелот на деценијата“Зоран Заев - Христијан Мицкоски (Oбновено)

Во Вестите во 18 часот ќе бидат објавени денот, терминот и условите под кои ќе се реализира ТВ дуелот.

Канал 5 ТВ попладнево ги упати официјалните покани за „ТВ дуелот на деценијата“,помеѓу претседателот на СДСМ и премиер, г-дин Зоран Заев, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека нивните претседатели ќе учествуваат на дебатата во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија .

Во соопштението од штабот на СДСМ се вели:

„Ве информираме дека претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, ја прифаќа Вашата покана и ќе учествува на ТВ дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Само вистина“ што се емитува на вашата телевизија.

Во духот на демократските вредности, граѓаните имаат право да видат јавен, отворен судир на идеи и концепти. Тоа е основа на демократските принципи за кои СДСМ постојано се залагаше како опозиција, а сега ги реализира од позиција на владејачка партија.„

Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение потврдија дека претседателот на партијата Христијан Мицкоски е подготвен за дебата со Зоран Заев во било кое време.

Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ стои:

Во однос на упатеното барање за ТВ Дуел на Телевизија Канал 5 и претходно јавно изнесениот став на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека е подготвен за дебата со Зоран Заев во било кое време, го потврдуваме учеството на Мицкоски во посочената дебата.

Ја поздравуваме можноста да се говори за вистината во Република Македонија, за недостатокот на правда, загрозените слободи и права, како и изневерените очекувања од Владата. Ја поздравуваме и одлуката што конечно после две директни прозивки до Власта, Заев конечно се одважи и охрабри да прифати директен дуел и разговор за овие теми.

Се надеваме дека нервозата во власта нема да биде пречка за квалитетна дебата која пред се од интерес на широката јавност. Го поздравуваме и ангажманот на Вашиот медиум да организира дебата која веруваме дека ќе ги запази критериумите на професионалност и можност за квалитетно и објективно изнесување на ставови.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер