Младите: ВМРО нè нападнаа физички сега јавно со украдени полициски документи од ПС Струмица, бараме истрага
1Младите: ВМРО нè нападнаа физички сега јавно со украдени полициски документи од ПС Струмица, бараме истрага
КултураКанал 5 репортажа од манастирот Свети Јоаким ОсоговскиЦрквите и манастирите се белег на православаната христијанска вера. Свештениците велат дека со секое заминување во било кој црковен храм се наоѓа мирот и вербата во Бога. Манастирот Свети Јаким Осоговски е место каде верниците одат да се помолат за здравје и со голема верба во лековитата вода во манастирскиот комплекс. Мирјана Мирчевска Јовановиќ и снимател Љубомир Домазетов беа во манастирот во Крива Паланка. Храмовите се прибежиште каде секој го наоѓа мирот, мирот кој не поврзува со благодата на светитот Бог. А и не случајно манастирите се изградени длабоко во природата каде мирот и звуците на пририродата се едно со мирот божји. Манастриот Свети Јоаким Осоговски на околу 3 км североисточно од Крива Паланка во прегратките на дабовата шума на Осоговските Планини посветен е на пустиножителот и чудотворец св. Јоаким Осоговски. Токму малиот храм посветен на Богордица е првата црква од вашата лева страна кога доаѓате во манастирскиот дел. Во оваа црква на самиот влез ве дочекува звукот на течењето на вода. За ова вода се верува дека е исцлителна, верниците доаѓаат со молитви за добро здравје и среќа пред иконите на мајката Божја. А среќата е Бог и верата, раскажува Свештеникот Дејан Апсотоловски вели дека црквата е дом на секој правословен христијанин, а каде е домот таму е мирот. А приказните на верниците дека силата и убавината на манастирот дека даваат мир и убавина на душата ги потврди и раскажувањата на отец Дејан. Со самото влегување во манастирот го чувстувате мирот, спокојот а пред вас распсолана цела уметност. Богатиот иконстас потекнува од 1932 година. Тогаш од манастирската управа и од игуменот Методија Миловановиќ повторно бил ангажиран Димитар Андонов-Папрадишки, кој го изработил идејното и конструктивно решение за иконостасот. Отец Дејан раскажува дека во секој храм се доаѓа со љубов се бара прошка, со молитва и верба тој вели се случува. Во верата важно е човекот да е човек. Во денешно време сите имаат матријално но се тажни. Луѓето не треба да се одалечат во верата и Бога. Јоким Осоговски е пример како треба да живееме. Во самиот манастир се двата гроба на Јоаким Осоговски и на просветитетолот кој ги направил првите мешани паралелки во училиштата. Каде и мажите и жените учеле и се образовале заедно. Токму историјата на овој манастир е длабокото верување на кривопаланчани во моќта на св. Јоаким Осоговски од колено на колено преку приказни и преданија во кои доаѓаат до израз чудата, исцелителноста и заштитничката моќ. И за нив има посебно значење и ги покануваат сите да дојдат и да го посетат манастирот. Чудотворното дејство на св. Јоаким Осоговски во повеќето кривопаланечки преданија е поврзано со неговиот манастир, за кој, како што е кажано во житието, тој самиот се грижел. Оттука и преданијата посебно ја афирмираат светителската заштитничка функција врз манастирот, но и пошироко врз Кривопаланечко, со што се потхранува влијанието кај верниците се верува дека овој манастир многу влијае за подоборување на психичкото здравје на луѓето. А еднаш кога ќе заминете во манастир си велите овој мир мора повторно да го имам и да се вратите во него. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
МакедонијаМладите: ВМРО нè нападнаа физички сега јавно со украдени полициски документи од ПС Струмица, бараме истрагаДенес стоиме пред вас не како обвинети, туку како нападнати. Криминалната група ВМРО ги штити тепачите што ги пратија врз нас во Ново Село. Прво нè нападнаа физички.Сега нè напаѓаат јавно - со лаги, со навреди и со украдени полициски документи – кои се доверливи. ВМРО на прес-конференција објави податоци од документи од Полициската станица Струмица. Податоци до кои немаат право на пристап. Податоци што се водени како службена тајна. Тоа не е политика тоа е кривично дело. Бараме од Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и да поднесе кривична пријава против: • Полициски службеници од Полициската станица Струмица, кои неовластено извадиле и предале доверливи полициски податоци, • Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, кој како прв човек на МВР сноси одговорност за злоупотребата на полицијата, • Валентин Манасиевски, кој јавно ги објавил тие податоци и ги искористил за јавен линч врз младите. Истовремено бараме Внатрешната контрола на МВР итно да утврди кој им овозможил пристап на функционери на ВМРО до службена тајна и кој ставил потпис. За што ќе бараме и посебно вештачење. Ако институциите не постапат, ние ќе поднесеме кривична пријава. За сите. Погрешивте што дигнавте рака на младите. Погрешивте што направивте уште едно кривично дело за да нè замолчите. Не успеавте во Ново Село. Нема да успеете ниту сега. Ние не се плашиме. Вистината е на наша страна. И доаѓа време кога сите ќе одговарате. Центар за комуникации на СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураИзложба „Дома“ во ПрилепВо преполната Ликовна галерија од ЦК"Марко Цепенков" во Прилеп, синоќа беше отворена изложбата на фотографии и дигитални дела "Дома" од прилепските уметници Александра Ацеска и Илија Ацески.Изложбата ја отвори Филип Димкоски, кој посочи дека станува збор за поставка на фотографии и фотоманипулации, кои носат спој на две различни уметнички перцепции. "Илија Ацески е конкретен, прецизен и рационален. Ја застапува аристотеловата теорија дека објектот постои само во онаква форма каква што ја гледа набљудувачот. Спротивно на таа прагматичност, за Александра Ацеска, водата не е само вода, ниту пак планината е само планина. Таа во водата ја бара длабочината, а по планинските височини трага до врвот на мудроста. Овде имаме спротивставеност на машката и женската енергија, на визијата на таткото и визијата на ќерката, на мудроста на искуството и на полетноста на младоста, на цврстината на коренот и на силата на крилјата...Слободата со која се создавани делата, им дава слобода и на посетителите делата индивидуално да ги толкуваат и да извлечат свои пораки, поенти и заклучоци, но упатува на тоа дека домот не е конкретен простор, туку специфична состојба на духот. Добредојдовте дома" - рече Димкоски на отворањето на изложбата. Академската уметница Александра Ацеска живее и работи во Кина, има реализирано повеќе самостојни и групни изложби, а Илија Ацески долги години се занимава со фотографија. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.Тагови: Изложба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
МакедонијаСВР Скопје лиши од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа на ул. РадишанскаПо преземени мерки и активности, СВР Скопје лиши од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско.На 07.08.2026 во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски таблички, управуван од Н.М.(19) од с.Побожје, скопско. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот Н.М.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Додека, со телесни повреди се здобил возачот С.Б., констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“. За време на вршење на увидот и по преземени мерки и обезбеден видео запис дојдено е до сознание дека во предизвикување на несреќата, но без физички контакт, учествува и патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото без да им укаже помош на повредените. По дополнително преземени мерки, околу 19:40 часот во с.Арачиново, скопско, пронајдено е возилото и возачот С.О.(46) од с.Арачиново. Тој е лишен од слобода, спроведен е во полициска станица и со него е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Радишани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook