3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
ЖивотКанал 5 репортажа од ЕрусалимЕрусалим, света земја. Град што зрачи светлина и во духовна и буквална смисла оти е изграден од специфичен бел камен кој ги рефлектира зраците од сонцето, а живее во духот на неколку религии.Но, за Велигден пулсира во знакот на христијанството... Голем број верници годинива пристигаа во црквата, како што велат, да посведочат на чудо, и со молитва секој од нив се обидуваше да дојде и да влезе во древната црква на светиот гроб, за да се поклонат пред него ... Се смета дека во Базиликата на Светиот Гроб, нарекувана и Црква на Воскресението, е местото каде бог бил погребан ... За да се влезе во „светиот гроб“ кој се наоѓа во црквата се чека со часови...па внатре има редици верници што по цел ден стојат во колона пред него... -Свеќа за мир и здравје... Илјадници верници дојдоа тука, во Црквата на светиот гроб за да го допрат каменот и да помолат... Тука се наоѓа и плочникот на кој било положено христовото тело, па верници оставаат молитви испишани на хартија, На момент ги оставаат и чантите или марамите за да се впие мирисот од плочникот па парчето ткаенина за да биде благословено... Секој се поклунува на различен начин... Голем број на луѓе се собираат и во сабота кога според христијанското верување се случува нешто невообичаено кое верниците го сметаат за доказ за верата. Тие раскажуваат оти во пресрет на христовото восресение преку зрак светлина од небото се создава оган што се смета за благодатен. Се уште велат, не се ни свесни дека искусиле духовен момент што ќе го паметат целиот свој живот. -Тоа треба да се доживее. На сите им посакувам да дојдат и да го доживеат ова што јас го доживеав. Да можат да посведочат. Христијанската вера сведочи дека бог восреснува и дека бог е тука со нас, повеќе од 2.000 години. -Ова е нешто особено, нешто што ќе ми остане и во срцето и во душата за целиот мој живот. И секогаш би доаѓала тука во светата земја. -Овде навистина се е чудо. Едноставно, не сме се уште свесни дека дојдовме и се поклонивме тука, ова е најголема светост за православните христијани од цел свет. Во Ерусалим, за Велигден има и Македонци. Оние што ги сретнавме кажаа дека дошле туристички, а помеѓу нив беше и малата Дарија. Таа пред камерата на Канал 5 раскажа што видела преку нејзините детски очи. Она што остава впечаток се поворките на деца кои носеа знамиња и големи икони, марширајќи, свирејќи со гајди и тропајќи со тапани, во ист ритам ... Иако невообичаено одбележување за македонските христијани, ова е неповторлива слика што може да се види низ древните улици на стариот град Ерусалим само за Велиден ... Вака се земаше благодетниот оган од тука, а првпат македонска делегација дојде да го земе светиот оган.... Митрополит Тетовско – гостиварски г. Јосиф вели дека ова се денови за најголема радост за христијаните. И тука, за празничните денови се потврдува дека само преку меѓусебна и комплетна почит се постигнува напредок и хармонија вели Даријан Сотировски, директор на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, кој беше дел од македонската делегација за Велигден беше во Израел. Израелските власти годинава воведоа посебни мерки за безбедност, па за преземањето на благодетниот оган не се пропуштаа голем број верници. Дополнителни контроли на патници по случаен избор имаше и на аеродромите. За Велигден најсилно обезбедување имаше во стариот град, кој инаку е поделен на четири населби: еврејска, христијанска, исламска и ерменска. Над тесните сокаци што водат до црквата се забежуваа безбедносни камери, а на секој чекор има вооружени полициски службеници и специјални воени единици. Иако изминатиот период имаше вооружени инциденти, официјалните појаснувања на израелските власти се дека строгите чекори за безбедност се превземаат за да се избегнат стампеда и повреди на огромниот број на верници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа скопската обиколница во близина на село Смилковци пронајдено лице без знаци на животМинистерството за внатрешни работи информира дека утрово во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. -На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско. Во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал. Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан,стои во соопштението од МВР .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банкаИ кога ова ќе се докаже за некоја недела, нема да добиеме ниту извинување од СДС ниту пак одговорност за ширење на хистерија и паника.Филипче и СДС се обидуваат од ништо да направат скандал со Алта банка. Филипче и СДС повторно обвинуваат за некаков скандал, односно јавната аукција сакаат да ја претстават како некоја тајна зделка. Постапката е јавно објавена. На продажба се над 95 проценти од акциите, преку Македонската берза. Првата аукција е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Јавно се објавени и датумите и правилата за следните аукции. Тоа се факти што секој може да ги провери. Филипче и СДС повторно се обидуваат преку лажни вести и манипулации да создадат недоверба кај граѓаните. Едно е јасно. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи пропаѓање на банка, ниту пак загрозување на стабилноста на банкарскиот систем. Граѓаните да бидат спокојни. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаМакедонскиот репрезентативец Мозес Рајт прогласен за МВП на 13-тото коло во ЕвролигатаЦентарот на Олимпија Милано, репрезенативецот на Македонија, Мозес Рајт, е прогласен за најкорисен играч (MVP) во 13-тото коло од Евролигата, по доминантната партија во победата од 78:70 против фаворизираниот Фенербахче.Американецот со македонски пасош го заврши натпреварот со индекс на корисност од 36, што претставуваше најдобар учинок во ова коло во најсилното европско кошаркарско натпреварување. Рајт во дуелот против центрите на Фенербахџе оствари „дабл-дабл“ учинок со 22 поени, 11 скока и две асистенции, како и една украдена топка. Тој погоди седум од десетте обиди за два поена, додека од линијата за слободни фрлања беше прецизен осум пати од девет обиди. Ова е негова трета МВП награда во кариерата, а прва во дресот на миланскиот клуб. Претходните две ги освои минатата сезона како член на Жалгирис, во 28-то и 38-то коло. Тој е, исто така, првиот кошаркар на Олимпија што ја добил оваа награда оваа сезона. Второто место во изборот му припадна на Двејн Вашингтон од Баерн, кој оствари индекс на корисност од 33 во победата над Басконија (100:81). Американецот постигна 23 поени, а забележа и седум скока и две асистенции. Трет беше Дарио Бризуела од Барселона со индекс од 31, и покрај поразот на каталонскиот тим од Црвена ѕвезда (100:103). Шпанскиот бек постигна 22 поени, со пет скока и четири асистенции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter