Канал 5 репортажа: Интензивно се гради клучката кај Момин Поток

Раздвижени багери, камиони и работници, напредува клучката кај „Момин поток“ која ќе го реши пет деценискиот сообраќаен хаос.

Доколку продолжи моменталната динамика, скопјани, веќе кон почетокот на 2024 ќе го добијат на располагање најголемиот капитален проект што се случил во градот. Канал 5 побара и доби дозвола да направи обиколка на градилиштето кое е од огромни размери. На лице место дојде и градоначалничката Арсовска која појасни, што овој капитален проект ќе значи за Скопје.

-Она кое што правиме е, ги прилагодуваме проектите да може да се изведе за скопјани да живеат во што е можно порастеретен град, а едно времено градот да се шири на двете страни, со цел ова централно градско јадро да е е толку оптоварено како што беше досега. Ова се проекти кои се навистина значајни, не само за граѓаните туку и за оние кои транзитираат на овој потег, тука има навистина и една голема економска зона, каде што верувам дека ќе биде добро и за инвестициите во градот логистички и во секој поглед и ќе може понатаму да се развива навистина инфраструктурно подобро.- Данела Арсовска

Повеќе околу техничкиот дел и содржината на проектот одговори побаравме од инжењерскиот тим кој не пречека на самата локација. Велат станува збор за предизвикувачки капитален проект кој ќе ја реши долгогодишната сообраќајна мака на скопјани, а подетално ни објаснија и што истиот ќе содржи.

-Клучката содржи денивелиран патен-јазол, кој кога ќе доаѓаме од делот од кружниот тек, од клучката без семафор кон Косово и назад кон булеварот Никола Карев односно кон американска амбасада. Имаме два моста на реката Серава кои целосно ќе се срушат и ќе се изградат нови, тоа е делот на улица Скупи и на булеварот Никола Карев. Имаме велосипедски и пешачки премини кои дел поминуваат и во тунел и со рампи се вклучуваат на булеварот Никола Карев. - Владимир Стрезовски – раководител за изградба на инфраструктурни и капитални проекти

Арсовска вели, кога се прави толку голем градежен зафат истиот не може да помине незабележано, па испрати молба до скопјани за трпение до реализација на проектот, бидејќи тој ќе биде за нивни бенефит.

-Клучката ќе изнесува околу 18 милиони евра, а истата ќе се поврзува со нов булевар кој ќе вбоди до обиколница и кон граничниот премин Блаце, а покрај тоа што ќе го олесни скопскиот сообраќај, дополнително ќе го поврзе со северниот дел од градот.

За поврзувањето со Качанички пат, обиколницата и косовската граница од владата ќе дадат дополнителни 6 милиони евра за изградба на булевар и останатиот инфраструктурен дел, како што најави првиот вицепремиер Артан Груби.

Кои марки на автомобили се продаваат најбрзо?

Аналитичката компанија „iSeeCars“ неодамна ги објави резултатите од истражувањето за тоа кои брендови продаваат најбрзо и најбавно нови автомобили, а разликите одат дотаму што некои се двојно подобри од другите во овој сегмент.

Тојота беше најбрзо продаваниот нов автомобилски бренд помеѓу октомври 2023 и март 2024 година, продавајќи нови автомобили во просек за 39,6 дена. На второ место е Alfa Romeo, со просечни 41,8 дена на пазарот.

На другиот крај на листата се Линколн (82,6 дена), INFINITI (79,8 дена), Buick (79 дена) и Audi (75,1 дена).

Топ 10 најбрзо продавани брендови:

Тојота: 39,6 дена на пазарот

Алфа Ромео: 41,8

Кадилак: 43,4

Хонда: 44,2

Јагуар: 44,4

Kia: 47

Хјундаи: 47,1

Субару: 49

BMW: 49,1

Mazda: 53.1

Марките кои најбрзо продаваат нови возила се и брендови кои имаат лојални клиенти.

Извршниот аналитичар на iSeeCars, Карл Брауер, на оваа тема истакнал: „Марките кои брзо продаваат возила, како што се Тојота и Хонда, се оние каде што клиентите бараат да добијат најмногу за својот долар“.

Николоски од Могила: Потреба ни е масовна референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Потреба ни е масовна референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 на денешниот митинг во Могила во рамки на парламентарната и претседателска кампања порача дека на сите им е јасна победата на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателските и на парламентарните избори на 8 мај.

-Мислам дека на сите им е јасно дека победата е јасна и на претседателските и на парламентарните избори и ни остануваат уште неколку пречки на патот кој мораме да ги прескокнеме, рече Николоски.

Николоски во текот на своето обраќање побара сите граѓани да излезат да го остварат своето право на глас, затоа што седењето дома не е опција.

-Првата пречка поради која ние е потребна масовна референдумска излезност во однос на претседателските избори е да ги анулираме сите сценарија на оние кои не се откажуваат од власта, пред се тука мислам на политичката парија ДУИ која што подготвува бојкот на претседателските избори. За да не им успее бојкотот потребно е секој еден од вас да поразговарате со сите кои ги познавате и сите да излезат на гласање. Останување дома не е опција на овие избори, затоа што на 8 ми мај треба да избереме претседател на Македонија со најубедлива победа до сега, кажа Николоски.

Потоа Николоски посочи дека втора пречка која треба да се надмине и кои сите ја посакуваат е да се има цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство кое нема да биде уценувано во Собранието.

-Втората пречка која треба да ја надминеме и кои сите ја посакувате е да имаме цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство во Собранието кое нема да биде уценувана од никого. Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, влада без СДСМ, влада без ДУИ, влада без постојните коалициони партнери кои што ја уништија Македонија, кои што камен не ставија во општината и затоа е потребна исто така референдумска излезност, вели Николоски.

И на крај според Николоски трета пречка која треба да се надмине е да се реши криминалот и корупцијата.

-Третата пречка која што треба да ја надминеме заеднички е решавање на криминалот и корупцијата. Еден од најголемите избори на криминал и корупција е на неколку километри оттука, се вика РЕК Битола, дувлото на криминалот и корупцијата во моментот во Македонија, каде што заеднички крадат и СДСМ и ДУИ, дури и во моментот, во последните денови од власта се обидуваат вашите, народните пари, додаде Николоски.

Николоски од Могила порача:

-И последното најбитното, да реализираме што повеќе проекти за општина Могила и за целиот овој регион. Градоначалникот прави максимум, јас би сакал да му честитам. И со поддршка од владата сигурен сум дека ќе направиме многу, многу повеќе.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Мелони е лидер на листата на нејзината крајно десничарска партија на изборите за ЕП

Премиерката на Италија Џорџа Мелони денеска изјави дека ќе биде носител на листата на нејзината екстремно десничарска партија на изборите за Европскиот парламент во јуни.

„Одлучив да се кандидирам на чело на листата „Браќа на Италија“ (Fratelli d'Italia)“, рече таа на конгресот на нејзината партија.

Партијата на Мелони освои најмногу гласови на парламентарните избори во Италија во 2022 година.

Според анкетите, партијата би можела да освои околу 26 отсто од гласовите на изборите за ЕП, што ќе се одржат од 6 до 9 јуни.

„Сакаме да го направиме во Европа токму она што го направивме во Италија на 25 септември 2022 година, кога се одржаа изборите. А, тоа е да создадеме мнозинство што ги обединува силите на десницата и чевицата да биде вбо опозиција дури и во Европа“, изјави Мелони.

притисни ентер