Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
1Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
2Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
3МЗ: Ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје
СветКанал 5 по трагата на платениците: Со седум чекори до боиштата на УкраинаСо седум чекори до бојните полиња во Украина – патоказот за приклучување на странски државјани во војната со Русија е образложен на веб страницата која ја одржува украинското МНР. Канал 5 се јави на телефонскиот број кој е оставен на сајтот, и во краткиот телефонски разговор се претставивме дека сме од Македонија и дека сакаме да се приклучиме. Прашавме што се е потребно, а од таму ни кажаа дека сите информации можеме да ги добиеме во украинската амбасада во земјава.. - Каде се потпишува апликација и каде би ни соопштиле кои документи, облека и опрема е потребна за патување. Конкретен одговор за тоа дали би одговарале кривично доколку се приклучиме и дали за учеството би добиле паричен надоместок, не добивме. -Дали би бил платен, било што за моето време во Украина? -Всушност, луѓето кои се приклучуваат во странската легија за територијална одбрана на Украина имаат иста опрема, иста храна, иста облека, се е исто како нашата војска, но немам никаква информација за плаќање или плата. Дали и колку македонски државјани се одзвале на повикот на украинскиот претседател, од украинската амбасада не соопштуваат.. Од Владата, пак, велат дека засега нема информации за учество на македонски државјани во војната во Украина. Инаку, според нашиот кривичен законик војувањето во странска војска е казниво со неколку години затвор, а за слични такви дела, односно за учество на боиштата во Ирак и Сирија, десетина лица веќе издржуваат казни затвор во земјата. Според информациите, досега во легијата на странци во Украина има 16.000 доброволци. Лицата кои се пријавуваат од западно-европските држави велат дека тоа го прават најчесто од идеализам, а некои од нив и поради желбата за адреналин. -Јас сум од Обединетото Кралство, од северниот дел, од Манчестер. Тука сме поради воените злосторства кои се прават очигледно, Претседателот праша дали некој може да помогне. Јас размислував за тоа и започнав да читам за воените злосторства. -Го известив целото моето семејство, тие беа загрижени, но ме поддржуваат, сите разбираат зошто и каде одам. Тоа го имам на ум и знам каде одам и дека каузата е правична. Од регионот најголем број доброволци има од Хрватска, околу 200, од кои мнозинството се борат во Мариопол. -Пред се, ме привлече да одам, тоа што Украина меѓу првите ја призна независноста на Република Хрватска. Украина ни помогна во 1991 година, а помогна и по земјотресите во Бановина и Петриња, во Загреб. Тоа е чинот поради кој одиме во Украина на помош на украинците во војната и во воените дејства. Пред се, ајде да кажеме дека оваа војна нема да застане само на Украина.-Хрватски доброволец. Според последните информации во војната во Украина покрај доброволци од странски држави има и платеници кои за тоа добиваат огромни суми на пари. За војување или за извлекување на цивили како што се нарекува и официјално работното место, а пријавените добивале плата од илјада до две илјади долари на ден. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМеси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња волшебникот Лионел Меси, пред два дена се прости од аргентинската репрезентација на натпреварот против Бенин и со тоа заокружи една фантастична фудбалска приказна.Сепак, Лионел Меси нема намера да застане кога станува збор за клупскиот фудбал, а пристигна и една многу интересна понуда. Меси има освоено бројни натпреварувања во светскиот фудбал, но никогаш не настапил во Копа Либертадорес. „Мислам дека му преостанува уште да заигра во Копа Либертадорес, па затоа го прашувам дали би го прифатил овој предизвик“, изјави претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез. Иако фудбалерот на Интер Мајами сè уште не размислувал за оваа одлука, навистина не би било чудно да го видиме во ова натпреварување. Меси практично освои сè што можеше да се освои, а евентуалното освојување на уште еден трофеј во неговата богата кариера би претставувало вистинска круна на неговите достигнувања. На 39-годишна возраст, Меси веќе зад себе има осум „Златни топки“, шест „Златни копачки“, четири титули во Лигата на шампионите, десет титули во Шпанија, две титули на Копа Америка, трофејот од Финалисима и Светското првенство во 2022 година, како и бројни други признанија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДоделена е Нобеловата награда за мир 2026. (ВИДЕО)Добитничка на Нобеловата награда за мир за 2026 година е Наванетен Пилај.Пилај е јужноафриканска адвокатка и судијка, позната по својата долгогодишна работа во заштитата на човековите права и меѓународната правда. Таа ја доби наградата за нејзините напори во промовирањето на мирот и меѓународното право. Гледајте ја церемонијата на доделување на Нобеловата награда за мир во живо: За потсетување, Норвешкиот Нобелов комитет доби номинации за 287 кандидати, од кои нешто повеќе од една четвртина се организации, објави претходно АП. Како што објавува Тајм, 208 кандидати се поединци, а 79 се организации. Овогодинешната церемонија на доделување на наградите ја одбележува 125-годишнината од Нобеловата награда за мир, која е доделена на 112 поединци и 28 организации од 1901 година. Црвениот крст е награден три пати, а Агенцијата на ОН за бегалци двапати. Меѓу индивидуалните добитници беа 20 жени, од кои осум беа наградени во последните 15 години. Минатогодишната добитничка беше лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, која беше наградена за нејзината борба за демократска транзиција во Венецуела. Подоцна таа му ја додели Нобеловата награда на Трамп, но Нобеловиот комитет рече дека самата награда не може да му се додели на друго лице.Тагови: Нобеловата награда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРСБСП: Одговорното учество во сообраќајот е најважно за безбедно патување и безбедно враќање дома Апел на РСБСП до сите учесници во сообраќајот по повод престојниот празник 11 октомври- одговорното учество во сообраќајот е најважно за безбедно патување и безбедно враќање дома.По повод престојниот празник 11 октомври, продолжениот викенд и очекувањата за зголемената раздвиженост и фреквенција на возила на патиштата, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел до сите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни, одговорни и доследни во почитувањето на сообраќајните правила и прописи. Продолжените викенди се период кога поголем број граѓани патуваат, што значи зголемено присуство на возила и пешаци на патиштата, подолги патувања и поголем ризик од сообраќајни незгоди. Затоа, секое патување треба да започне со свест дека безбедноста не смее да биде оставена на случајноста. РСБСП апелира до возачите: * почитувајте го ограничувањето на брзината и прилагодете ја брзината на движење според условите и состојбата на патот; * не управувајте со возило под дејство на алкохол и психотропни супстанци * не користете мобилен телефон и деуги електронски уреди додека управувате со возилото; * користете сигурносен појас на секое патување, без оглед на должината на релацијата; * користете соодветна детска седиште и задолжително обезбедете ги децата; * одржувајте безбедно растојание и избегнувајте ризични престигнувања и ненадејни маневри; * пред подолго патување проверете ја техничката исправност на возилото, особено пневматиците, сопирачките и системите за осветлување; * доколку сте уморни, не продолжувајте да возите – направете пауза и одморете се. РСБСП посебно потсетува дека брзањето, невниманието и преценувањето на сопствените возачки способности можат да имаат несакани последици. Неколку минути порано на крајната дестинација, никогаш не се поважни од човечкиот живот. Апелот се однесува и на пешаците, велосипедистите и мотоциклистите – да бидат внимателни, видливи и да ги почитуваат сообраќајните правила, особено при преминување и движење покрај коловозот. За време на продолжениот викенд, патувајте одговорно, возете внимателно и не ризикувајте го својот и животот на другите. Нека 11 Октомври биде повод за празнување, дружење и безбедно патување, а не причина за сообраќајна незгоди и трагедии. РСБСП со апел: „Вози одговорно -Секој живот е важен.“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook