Канал 5 им го честита 22 ноември, Денот на албанската азбука на сите Албанци - Канал 5

Канал 5 им го честита 22 ноември, Денот на албанската азбука на сите Албанци

Канал 5 ТВ на сите Албанци им го честита 22 ноември, Денот на албанската азбука.

Канал 5 им го честита 22 ноември, Денот на албанската азбука на сите Албанци

На овој ден се одбележува годишнината од Битолскиот конгрес на кој десетици албански научници од 14 до 22 ноември 1908 година се состанале за да ја создадат албанската азбука.

Делегатите од Албанија и албанските здруженија и клубови од цел свет на конгресот во Битола донеле одлука за прифаќање на латиницата со некои промени, адаптирајќи 36 букви на албанскиот јазик. Затоа 22 ноември се одбележува како Ден на албанската азбука и е неработен за албанската етничка заедница во земјава.

Конгресот во Битола бил отворен на 14 ноември и траел до 22 ноември 1908 година. Учествувале 50 делегати од 26 градови, клубови и друштва. На Конгресот била усвоена одлуката да се прифати латиницата со извесни промени на буквите адаптирани на особеностите на албанскиот јазик. Во Битола тогаш присуствувале албански интелектуалци од целиот свет, зашто градот бил конзулски центар и безбедно место.

За претседател на Конгресот бил избран Мидхад Фрашери, а потпреседатели биле Лиуѓ Гуракуќи и Ѓерѓ Киријази, чија сестра, Парашќеви Киријази, била единствената жена на конгресот. Киријази го објавиле и првиот буквар со унифицирана азбука за потребите на училиштата. Азбуката прифатена на Битолскиот конгрес денеска се користи секаде каде што живее албанско население.

Според бројот и важноста на учесниците, Конгресот во Битола бил најзначаен културен настан за албанскиот народ на почетокот на 20 век, за што сведочат и експонатите во поставката на Музејот на албанската азбука во Битола.

Таа содржи 56 фотографии и повеќе од 230 документи во дигитална и хартиена форма, меѓу кои и првиот пишуван запис на албанскиот јазик од Пал Енѓели од 1462 година, превод на албански јазик на евангелието, повеќе варијанти на албанската азбука што се користеле до усвојувањето на современата албанска азбука, како и одлуката за создавање модерна азбука на албанскиот народ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Три тужби за МОН за студентскиот оброк, пресметките покажуваат дека тој би изнесувал 156 денари

Три тужби до Управниот суд се поднесени против Министерството за образование и наука поради неусогласувањето на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата. 

Три тужби за МОН за студентскиот оброк, пресметките покажуваат дека тој би изнесувал 156 денари

Министерката Весна Јаневска денеска посочи дека според последните пресметки, направени врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, дневниот надоместок од сегашните 140 денари би требало да се зголеми на 156 денари. Сепак, поради различните толкувања на Законот, Јаневска вели дека Министерството ќе ја чека одлуката на судот.

,,Пресметките што ние ги правевме на стапките објавени од Завод за статистика се, точно вчера проверив, тоа се 156 денари. Но, Законот е недоречен, а правниците тврдат дека тоа е така и оттаму неусогласеност и двојното толкување на законот. Веќе има пристигнато три тужби во Министерството од Управниот суд. Постапката е во тек. Како ќе одлучи судот, ние така и ќе постапиме“,– Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Студентите бараат студентскиот оброк да се зголеми на најмалку 172 денари, а исплатата да продолжи со сегашниот модел преку платежни картички, наместо со предложениот нов модел со дигитални ваучери.

-Нашите пресметки покажуваат дека во овој момент, студентскиот оброк на почетокот на 2027 година треба да изнесува најмалку 172 денари. Ова не е нешто кое е наше толкување, туку ова е согласно Законот за субвенциониран оброк. Ние спроведовме анкета на која одговорија над 10.000 студенти на прашање поврзан за студентскиот оброк, вели дека над 90 посто од студентите го посочуваат токму износот од 140 денари како најголем проблем во сегашниот модел.

Според предлогот на МОН, со новиот модел за субвенционирање од следната академска година, студентите ќе можат да користат 20% попуст во продавниците со кои владата ќе склучи договори. По вчерашната средба со новиот претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, Јаневска најави дека ќе ги почека резултатите од дополнителните консултации меѓу студентите, но и дека ќе организира средба со претставниците на останатите студентски собранија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Секој втор возрасен, а секој петти малолетник пуши, бројот постојано расте

Во просек секој граѓанин кој пуши цигари во просек троши по 600 евра, скоро 50 % од возрасните граѓани во Македонија пушат цигари, загражувачки е што и деца на 14 годишна возраст користат производи со тутун.

Секој втор возрасен, а секој петти малолетник пуши, бројот постојано расте

Во просек секој граѓанин кој пуши цигари во просек троши по 600 евра, скоро 50 % од возрасните граѓани во Македонија пушат цигари, загражувачки е што и деца на 14 годишна возраст користат производи со тутун и треба поголема контрола за проджба на производи со тутун и експонираноста на производите кои се многу блиски како избор во продажбата, објаснуваат од Аналитика тинк-тенк.

Како еден од ефектите за откажување од цигари е цената на цигарите, за скоро 47% е оваа причина, и 36% проценти се откажале заради лекарски совет. Она што е важно е носење на законот за забрана за пушење, што е во комисика процедура скоро девет месеци. Постапката во Собранието трае поради разгледување амандмани и барање дополнителни мислења од домашни експерти, велат членови на комисијата.

Шефот на канцеларијата на СЗО, Аким Али со став, цигарите од различни категории треба да се поскапат, за да станат недостапни за младите.

„На младите луѓе не им треба да им се дозволи да пушат цигари и да користат тутунски производи. Кога ќе поминам покрај училиште и гледам како млади луѓе пушат, а пушат и нивните наставници, е многу загрижувачки за мене“, Аким Али Шеф на канцеларија на СЗО.

Според истражувањата, за скоро 18 проценти цигарите станале подостапни во одност на просечната плата, бидејќи палтите растеле побрзо од цената на цигарите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ ја поднесе интерпелација за гувернерот Трајко Славески

Пратениците на СДСМ и коалицијата денеска во Собранието ја поднесоа интерпелацијата за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески за Алта банка.

СДСМ ја поднесе интерпелација за гувернерот Трајко Славески

Со интерпелацијата бараме да се утврди политичка одговорност за постапувањето на гувернерот Славески во скандалот со Алта банка.

Интерпелацијата се однесува на постапката во која Славески и Народната банка дале претходна согласност Алта банка АД Белград да стекне квалификувано учество во тогашната Стопанска банка АД Битола.

Бараме одговор кои проверки биле направени за инвеститорот, сопственичката структура и потеклото на капиталот, како биле проценети ризиците за депонентите и врз основа на што била дадена согласност за именување на Давор Мацура во Надзорниот одбор на банката во Битола.

Славески треба да одговори и што разговарал со премиерот Христијан Мицкоски за влезот на Алта банка со неговите „консултации“.

СДСМ очекува Собранието да расправа по интерпелацијата и да утврди политичка одговорност, а Јавното обвинителство да постапи по веќе поднесените кривични пријави за скандалот со Алта банка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер