Канал 5 ексклузивно: Вучиќ на ручек со Заев во познатиот скопски ресторан ,,Камник” - Канал 5

Канал 5 ексклузивно: Вучиќ на ручек со Заев во познатиот скопски ресторан ,,Камник”

Веднаш по преземањето на пратката вакцини од Фајзер од Србија на граничниот премин Табановце , српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Македонија, Зоран Заев се упатија на ручек во ресторанот Камник на излезот на Скопје .

Канал 5 ексклузивно: Вучиќ на ручек со Заев во познатиот скопски ресторан ,,Камник”

Како што е познато на граничниот премин Табановце денеска стигна првата пратка од вакцини на „Фајзер", донација од Република Србијја. Првите 4.800 од предвидените 8.000 вакцини против Ковид-19 на премиерот Зоран Заев му ги предаде српскиот претседател Александар Вучиќ.

Пратката вакцини од Србија требаше да пристигне пред неколку дена, но беше одложено поради технички причини, поради усогласување на техничка документација. Станува збор за вкупно 8000 вакцини од „Фајзер" кои ни ги отстапува Србија, а кои неколку недели чекаа на одобрение од производителот во земјава.

Покрај оваа пратка се очекува и испорака на 200 илјади дози вакцини од Кина, за кои е потпишан договор во понеделникот.

Интерес за вакцинирање преку онлај апликацијата до вчера имаа иразено над 40000 граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Салата со пилешко месо

Во среда (11.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Татјана Петровска.

„Гответе со Дракче“ - Салата со пилешко месо

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. пилешки стек

300 гр. кашкавал

400 гр. кисели краставички

500 гр. кисела павлака

150 гр. мајонез

3 јајца

150 гр. кикиритки

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин!

Финскиот претседател Александар Стуб ги повика европските лидери директно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на војната во Украина. 

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин!

Стуб за британскиот весник „Фајненшел тајмс“ изјави дека е неодговорно задачата за преговарање за мир во Украина да им се препушти на Соединетите Американски Држави.

„Предолго им препуштавме на другите да се занимаваат со односите меѓу Европа и Русија; сметам дека тоа беше неодговорно“, рече Стуб.

„Сега, кога го имаме рамковниот пристап (европски претставници за преговори), верувам дека европските лидери треба директно да стапат во контакт со Путин, да му ја пренесат истата порака и да разговараат за истите теми“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада

Осум месеци затворска казна и 3300 евра парична казна  доби Игор Дашковски Стојановски за  палењето на двете дипломатски возила на Бугарската амбасада во Скопје.

8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за  палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада

Инцидентот што се случи на 15 јуни годинава. Пресудата е за кривично дело загрозување лица и објекти под меѓународноправна заштита.

44-годишниот скопјанец претходно ја призна вината за делото, изјавувајќи пред судот дека сам ја донел одлуката да ги полее со бензин и да ги запали возилата.

Инцидентот предизвика осуда од македонските власти и зголемени тензии и реторика меѓу Скопје и Софија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер