Димитриеска-Кочоска: Во 2027 нема промена на даноците, повеќе пари за судство, плати, пензии и поддршка на бизнисот
Естонија од 1 декември ќе ги затвори сите гранични премини со Русија по обид за саботажа врз фабрика за дронови
1Димитриеска-Кочоска: Во 2027 нема промена на даноците, повеќе пари за судство, плати, пензии и поддршка на бизнисот
2Естонија од 1 декември ќе ги затвори сите гранични премини со Русија по обид за саботажа врз фабрика за дронови
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
МакедонијаКанал 5 дознава: На првиот работен ден на Спасовски , приведени тројца терористи на ИСИС!Нашите информации велат дека е разбиена терористичка група во КумановоИзгледа се остваруваат најавите за пресметка со секаков вид на криминал, па и најопасниот, тероризмот, кој очигледно не ја заобиколува ниту Македонија. Утринава, според нашите информации, полицијата извршила три претреси во Куманово и еден во Скопје и привела тројца кумановци- припадници на ИСИС, кои порано се бореле на боиштата во Сирија, а подолг период се вратени во Македонија со цел регрутирање на нови кадри, но и изведување на напади за потребите на оваа терористичка организација. Истите набавиле огромна количина оружје и воена опрема, а според нашите сознанија полицијата пронашла автоматски пушки и друго оружје, експлозив, елеци за самоубиствени напади, знамиња на ИСИС. На нашето прашање , од МВР за сега ни потврдија само дека има три приведени лица, но без дополнителни детали. Канал 5 ќе продолжи да ја следи оваа информацијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: Во 2027 нема промена на даноците, повеќе пари за судство, плати, пензии и поддршка на бизнисотПриходната страна на Буџетот во 2027 година е многу внимателно проектирана заради глобалната неизвесност.Приходната страна на Буџетот во 2027 година е многу внимателно проектирана заради глобалната неизвесност, но и во такви услови во Буџетот има предвиден раст на платите, пензиите, повеќе средства во судството, како и за реализација на капитални проекти. Ова го оцени министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната средба со новинарите. Таа наведе дека растот на даночните приходи како изворни приходи е проектиран на 6,4% и дека на расходната страна кај ставките за плати има раст од 6,6% или за 3,5 милијарди денари, ставката за пензии 4,8%. Предвидени се средства значајни и за реализација на капитални проекти. При тоа 2 милиони евра се за амбулатни возила, 1,7 милијарди денари за набавка на автобуси за јавниот градски превоз, а за поддршка на компаниите преку Министерството за економија и труд и преку оперативниот план за вработување предвидени се 5,9 милјарди денари.. Повеќе средства се обезбедени за судската власт и Јавното обвинителство, со раст на средствата за судството од 19%, а за Јавното обвинителство од 9%. При тоа наведе министерката дека во предвидените поголемни буџети се вклучени и нови 200 вработувања. Зголемен е и Буџетот за Одбраната каде се издвојува 2% од БДП. Според министерката растот на буџетите на институциите треба да биде во реалција со проектираниот раст на даночните приходи. При тоа напомена дека и согласно програмата на Владата нема да има промена на даночните стапки. Во делот на даночната политика како што посочи министерката во изминатиот период интензивно се работи на подобрување на законската регулатива конкретно во делот на повратот на ДДВ, преку подготовка на законски измени со кои ќе се унапреди постојниот систем и ќе се спречат можни злоупотреби. Во таа насока, таа истакна дека се водат разговори со бизнис-заедницата и се анализираат искуствата од европските и соседните земји, со цел креирање на соодветно законско решение конкретно во роковите за поврат на ДДВ кон компаниите. Посочи дека оваа реформа е дел од Програмата на Владата, меѓу кои се и воведувањето зелена карта и бела листа на компании, кои ќе бидат имплементирани. Посочи дека од почетокот на годината заклучно со 12 ноември е реализиран поврат на ДДВ за 16,6% повеќе во споредба со истиот период минатата година или 32,4 милијарди денари. При тоа потсети на повратот на ДДВ реализиран во изминатите години кој се движел од 21 милијарда денари во 2017 година, 24,6 милијарди денари во 2018 година, 26 милијарди во 2019, 25,6 милијарди денари во 2020 година, во 2021- 31,3 милијарди денари, во 2022 – 44,7 милијарди денари итн. Во однос на капиталните расходи наведе дека од 2025 година е направена нова методологија за прикажување на капиталните расходи во Буџетот и дека доколку се примени истата методологија која не ги вклучува трансферите и субвенциите ќе се добие реалната слика за капиталните инвестиции и во претходните години. Согласно податоците, како што наведе министерката во 2020 година се реализирале 13,8 милијарди денари, во 2021 година 16,3 милијарди денари, во 2022 година 19,5 милијарди денари, во 2023 година 35,5 милијарди денари, во 2024 година 23,9 милијарди денари, во 2025 година 28,5 милијарди денари, а сега заклучно со окотомври има реализација на 27 милијарди денари. За следната година во ставката капитални расходи се предвидени 40,8 милијарди денари. Осврнувајќи се на движењето на јавниот долг, министерката истакна дека, како резултат на бенчмарк ревизијата на податоците за БДП што ја спроведе Државниот завод за статистика, јавниот долг како процент од БДП бележи намалување. Таа појасни дека ревизијата беше најавена уште пред две години, а согласно објавените ревидирани податоци, јавниот долг во третиот квартал изнесува 56,6% од БДП. Министерката нагласи дека и во 2027 година јавниот долг, пресметан согласно ревидираните податоци за БДП, нема да го надмине прагот од 60%, односно ќе изнесува 59,7%. Министерката најави дека во теков на месецот ќе се емитува нова емисија на Граѓанска обврзница. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
СветЕстонија од 1 декември ќе ги затвори сите гранични премини со Русија по обид за саботажа врз фабрика за дроновиЕстонија ќе ги затвори сите гранични премини со Русија почнувајќи од 1 декември, како одговор на спречен обид за саботажа врз компанија за производство на беспилотни летала.Естонија ќе ги затвори сите гранични премини со Русија почнувајќи од 1 декември, како одговор на спречен обид за саботажа врз компанија за производство на беспилотни летала, за кој властите во Талин тврдат дека бил нарачан од руската воена разузнавачка служба ГРУ, пренесуваат светските медиуми. Инцидентот се случил во саботата наутро, кога естонските безбедносни сили привеле осум лица при обид за напад врз „Треод системс“ (Threod Systems) – одбранбена компанија која произведува извидувачки и борбени дронови со долг дострел. Благодарение на брзата реакција на обезбедувањето на фабриката, во нападот нема повредени, ниту е причинета материјална штета, велат естонските власти. Од естонската служба за внатрешна безбедност (Капо) соопштија дека целта на напаѓачите била да предизвикаат експлозија и да го запалат објектот. Според естонскиот јавен сервис ЕРР, обвинителството веќе побарало мерка притвор за петмина од осомничените. Естонскиот премиер Кристен Михал изјави дека одлуката за затворање на границата е неопходна за да се намали ризикот од нови инциденти и да се испрати јасна порака дека нападите врз одбранбената индустрија и безбедносните капацитети на земјата се неприфатливи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
СветКина вели дека претстојната средба Си – Трамп – Путин е „историска“Кина денеска го истакна значењето на претстојната средба меѓу кинескиот, американскиот и рускиот претседател, опишувајќи ја како „историска“.Тројцата лидери ќе разговараат за зачувување на светскиот мир и унапредување на стабилноста меѓу големите сили, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг, во Пекин Кинескиот претседател Си Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин треба да се состанат в четврток на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во јужниот кинески град Шенжен. Кина годинава го има ротирачкото претседателство со АПЕК и е домаќин на самитот. Мао истакна дека ова ќе биде прва средба лице в лице меѓу лидерите на трите земји. Зајакнувањето на комуникацијата, надминувањето на разликите и стабилизирањето на односите им служат на интересите на сите три држави и ги исполнуваат очекувањата на меѓународната заедница, рече таа, без да даде дополнителни детали за агендата. Вашингтон и Москва исто така ја потврдија средбата, при што САД соопштија дека напорите за неширење на нуклеарното оружје ќе бидат на дневниот ред. Други можни теми вклучуваат тензиите на Блискиот Исток, трговските политики и војната во Украина. Висок претставник на администрацијата на Трамп, говорејќи неодамна под услов на анонимност, ги намали очекувањата од разговорите, вклучувајќи ја и дискусијата што ја бара Вашингтон за евентуално намалување на глобалните нуклеарни арсенали, опишувајќи ја наместо тоа како почетна точка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook