ЖивотКанаѓани отишле во странство, кога се вратиле дознале дека останале без куќа Им било невообичаено на една канадска двојка што се пропуштени исплатите за хипотека од нивната банкарска сметка, но парот набрзо сфатил дека повеќе не ја поседуваат нивната куќа во Торонто.Од таму отсуствувале една година поради работа во Британија и потоа дознале куќата била продадени без нивно знаење. На почетокот на оваа година, според Би-Би-Си во написот за сложената шема за измама на сопствениците на куќи во Канада, полицијата побарала помош од јавноста за фаќање на две лица вклучени во тој „бизнис“. Тие би користеле лажен идентитет за да се претстават како сопственици на куќата и на крајот успешно да ги продадат, давајќи им ги клучевите на несудените нови сопственици. Случајот предизвика големо внимание, особено во пошироката област Торонто и Ванкувер, каде што недвижностите се многу скапи и барани, просечната куќа чини над милион канадски долари или околу 750 американски долари. Во меѓувреме, се појавија слични приказни од други сопственици, а инспекторите потврдуваат дека некогаш ретките случаи на измама со сопственост на имот,сега се во пораст. Во речиси сите случаи на измама со запленување во последниве години, сопствениците на куќи живееле далеку, во САД, Британија или Кина. Некои дознале за тоа кога новите сопственици целосно ја реновирале нивната куќа. Потоа следи долгиот процес на враќање на сопственоста на куќата. „Никогаш не сум видел нешто слично, особено кога станува збор за нивото на софистицираност што се користи за да се изведат овие измами“, вели за Би-Би-Си Тревор Кут, извршен директор на Здружението за недвижности на Британска Колумбија, кој е во бизнисот речиси 20 години. Инспекторите препознаваат два вида измама, измама со хипотека и сопственост. Хипотекарната измама има тенденција да биде почеста, каде што измамникот користи лажни документи за идентификација за да стави втора хипотека на дом што не го поседува, обично кога првата хипотека е речиси или целосно исплатена. Друг вид на измама вклучува имитирање на вистинските сопственици и продажба на домот, што резултира со целосен пренос на сопственоста на имотот. Во повеќето случаи, ако има осигурување за сопственост на домот, вистинскиот сопственик и купувач можат да си ги вратат парите. Осигурувањето помага да се воспостави повторно сопственост и ги покрива правните трошоци настанати во текот на процесот. Според Џон Рајдер, потпретседател на Title Insurance Company во Чикаго, помеѓу 1960 и 2019 година, имало само две пријавени измами во канадската подружница, а сега има десетици, вклучително и најмалку пет случаи на измама со имиња. Слични случаи се забележани и во Велика Британија. Еден човек од Лутон, на пример, се вратил дома откако бил отсутен и открил дека не само куќата, туку и целиот мебел е продаден. Бројките доставени до Би-Би-Си од Канцеларијата за регистрација на земјиштето покажуваат просечно 41 пријавени случаи на измама со хипотеки и имот во последните четири години. Врвот од 50 измами е забележан во 2016-2017 година. Експертите се малку збунети зошто има зголемување на пријавените случаи, особено во Торонто. Brian King of King Advisory International Group, фирма со седиште во Торонто, смета дека е можно виртуелните зделки со недвижнини за време на пандемијата да го отежнале откривањето на лажните лични карти. Исто така, додаде тој, пандемијата принудила некои луѓе да ги напуштат своите имоти на подолги периоди поради ограничувањата за патување. Зголемената софистицираност на сторителите, од кои некои се поврзани со организираниот криминал, исто така сугерира дека сторителите добро го разбираат канадскиот систем на недвижности. Лажните лични карти што се користат во овие трансакции често изгледаат автентични, а сторителите најмуваат вешти актери да се претставуваат како сопственици на куќи и да ја спроведат шемата. На крајот, бизнисот е многу профитабилен. Вредноста на недвижностите во Торонто значително се зголемила во изминатите неколку децении: просечната куќа чинела 198.150 канадски долари во 1996 година, а минатата година истата куќа вредела 1,18 милиони канадски долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Копанчиња со компириВо понеделник (16.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Никола Станишиќ.Состојки за денешниот рецепт: 400 гр. копанчиња 4 компири 2 моркова 1 главица кромид масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураРоденденски концерт на Филхармонија со британската трубачка Матилда ЛојдМакедонската филхармонија в четврток, со почеток во 20 часот ќе го одржи својот роденденски концерт, со кој ќе одбележи 82 години од формирањето. Концертот е насловен „Заратустра“, а како солистка ќе настапи британската трубачка Матилда Лојд. Диригент е маестро Конрад ван Алфен, а на програмата се Концерт за труба и оркестар во Ас-дур од Александар Арутјуњан и тонската поема „Така зборуваше Заратустра“, оп. 30. Во 2026 година, Матилда Лојд стана првата трубачка која ја добила наградата за млад уметник на Кралското филхармониско друштво (Royal Philharmonic Society Young Artist Award). Признанието ѝ беше доделено за нејзината блескава музикалност, позитивната енергија што ја зрачи во сè што работи, како и за нејзината посветеност да ги инспирира младите да се занимаваат со музика. Списанието BBC Music Magazine ја опиша како „трубачка од исклучителен формат“. Со своето впечатливо присуство на современата класична музичка сцена, таа ја освојуваја публиката со беспрекорниот тон и виртуозното владеење со трубата, а истовремено придонесува и во создавањето на новите генерации класични музичари преку својата педагошка дејност како професорка по труба во Лондон. Сезоната 2026/27 за Матилда го носи нејзиниот деби-настап во Канада, каде што ќе го изведе Концертот за труба од Џон Вилијамс со Оркестарот „Метрополитен“ и диригентката Стефани Чајлдрес во Монтреал. Следуваат и концертни настапи со Симфонискиот оркестар на Лахти и диригентката Барбара Драган во Финска, со Симфонискиот оркестар на градот Бирмингем под диригентство на Казуки Јамада, како и со оркестрите Hallé и Royal Northern Sinfonia во Обединетото Кралство, под диригентство на Кристијан Салинен. Во октомври Матилда подготвува динамична програма што се протега од Хиндемит до Гершвин, која ќе ја изведе со ансамблот Ensemble 360 во рамките на концертната серија Music in the Round во Шефилд. Во пролетта следува турнеја низ Италија и Холандија со барокна програма, заедно со ансамблот Concerto di Cavalieri. Нејзините камерни музички соработки повторно ќе ја одведат во Вигмор Хол во Лондон и во Бриџвотер Хол во Манчестер, каде што ќе настапи со квартетот Goldmund. Во мај 2027 година Матилда ќе реализира турнеја во Холандија со ансамблот The Gesualdo Six. На програмата ќе биде музика од нивниот албум „Radiant Dawn“, објавен за издавачката куќа Hyperion во август 2025 година, кој во критиката на BBC Music Magazine беше оценет со пет ѕвезди и опишан како „инвентивен“. Во 2027 година Матилда ќе го има и својот деби-настап на фестивалот Kissinger Sommer, откако во 2026 година за првпат настапи на фестивалите Schleswig-Holstein, Zagreb Classic и Bregenz Summer Festival. Меѓу значајните моменти од сезоната 2025/26 се издвојува и нејзината прва турнеја во Азија, со настапи со Корејскиот национален симфониски оркестар под диригентство на Лоренс Ренес, како и изведбите на Концертот за труба „night-sky-blue“ од Хелен Грајм на фестивалот Gaida во Вилнус и со Националниот оркестар на Би-би-си на Велс. Во мај 2027 година Chandos Records ќе го објави нејзиниот следен проект – снимка на Концертот бр. 1 за пијано, труба и гудачки инструменти од Дмитриј Шостакович, со пијанистот Федерико Коли, диригентот Дима Слободениук и Бергенската филхармонија. Нејзината високо ценета дискографија за Chandos ја одразува нејзината смела уметничка визија и широкиот репертоарски опсег. Меѓу изданијата се издвојува нејзината „впечатлива нова интерпретација“ на Концертот за труба од Мечислав Вајнберг, објавена на албумот „Resonance“ со Лондонскиот симфониски оркестар во 2024 година, за која Gramophone Magazine даде особено позитивна оценка. На албумот „Casta Diva“, снимен со Britten Sinfonia во 2023 година, Матилда интерпретира италијански оперски арии. Нејзиното издание „Fantasia“ за труба и орган, објавено во септември 2025 година, ги поврзува новите транскрипции на барокна музика од Бах, Кребс и Мартини со четири нови дела нарачани од водечки британски композитори. Посветеноста на Матилда кон современата музика се огледа и во создавањето на нови концерти за труба, меѓу кои „LUCK“ од Робин Хејг, нарачан во рамките на заедничка иницијатива на фестивалот Алдебург и оркестарот Ulster Orchestra во 2024 година. Во моментов се работи и на уште два нови концерта за труба. Матилда е исклучително посветена на развојот и охрабрувањето на новата генерација музичари, како и на создавањето заедница во која музиката се доживува како простор за самоизразување, заедништво и радост. Покрај настапите ширум светот, таа одржува мајсторски курсеви на водечки музички конзерваториуми и универзитети, ги менторира младите британски дувачки музичари преку програмата Future Talent и, како амбасадорка на хуманитарната организација Brass for Africa, ја поддржува употребата на музиката како средство за општествена промена во Кампала, Уганда. Покрај техничката извонредност, Матилда подеднакво внимание посветува на менторството и педагошката работа, особено во своите улоги како професорка по труба на Trinity Laban Conservatoire во Лондон и како раководителка на одделот за труба во програмата OAcademy Global Artist Diploma, наменета за млади професионални музичари во развој. Матилда дипломирала на Trinity College, Кембриџ, и на Кралската академија за музика, а потоа се усовршувала кај Хокан Харденбергер на Академијата за музика во Малме. Во 2014 година ја освоила првата награда во дувачката категорија на натпреварот BBC Young Musician, а две години подоцна го имала својот солистички дебитантски настап на BBC Proms, со диригентот Алпеш Чаухан и Филхармонискиот оркестар на Би-би-си. Матилда е добитничка на повеќе награди на меѓународни натпревари, меѓу кои и првата награда на Меѓународниот натпревар за труба „Ерик Обије“ во Руан, Франција, во 2017 година. Во сезоната 2024/25, Матилда беше номинирана од Barbican и Konserthuset Stockholm за престижната титула ECHO Rising Star. Во рамките на оваа програма одржа 18 концерти на најзначајните европски концертни сцени, меѓу кои Concertgebouw во Амстердам, Wiener Musikverein во Виена и Elbphilharmonie во Хамбург. Во 2026 година Матилда беше одликувана со титулата Associate of the Royal Academy of Music (ARAM), како признание за нејзиниот значаен придонес кон музичката професија. Денес Матилда живее и работи во Берлин и е Yamaha Artist. Конрад ван Алфен е инспиративен диригент кој ги прави нештата да се случуваат, ќе напише критиката за холандскиот маестро. Етаблираниот холандски/ јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен се стекнал со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат оркестар и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам. Скорешните интенационални турнеи на оркестарот ги вклучуваат: Русија, Мексико, Бразил, Колумбија и Чиле. Од 2005 до 2009 година Конрад ван Алфен бил на позицијата шеф-диригент на Државниот симфониски оркестар „Сафонов“ во Русија, каде што се здобил со наградата за својот придонес во културата во Јужна Русија. Во моментот е уметнички директор на „Московското филхармониско здружение“ во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва, во познатата сала „Чајковски“. Исто така, тој е гостин-диригент и со оркестрите на добро познатите културни центри во Новосибирск и Санкт Петербург. Во изминатите години бројни оркестри низ светот настапиле под диригентската палка на Ван Алфен, и тоа во: Холанија, Германија, Белгија, Италија, Швајцарија, Англија, Данска, Израел, Словенија, Србија, Бугарија, Романија, Полска, Јужна Африка, Кина и Мексико. Неодамна успешно дебитирал со Филхармонискиот оркестар од Брисел, со „Симфоникер“ во Бохум и со Симфонискиот оркестар „Светланов“ во Москва. Бројни солисти ја уживале неговата придружба, како што се: Даниел Хоуп, Жанин Јансен, Бенџамин Шмид, Куирин Виерсен, Роланд Браутигам, Албан Герхард, Симон Ламсма и Никита Борисо-Глебски. Низ изминатите години неговите соработки со Рускиот нацинален оркестар и солистот Михаил Плетнеев на фестивалите во Монтро и Мерано резултирале со неколку покани за соработка за турнеите во Кина и во Јужна Америка. Конрад ван Алфен е роден во 1963 година во Преторија. По завршувањето на своите музички студии на 26-годишна возраст, тој се преселил во Холандија и ја имал постојаната позиција на контрабасист во Радио-симфонискиот оркестар и на академијата „Бетовен“ во Антверпен, Белгија, паралелно студирајќи и диригирање под раководство на Ери Клас и Роберо Бензи.Тагови: Македонска филхармонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПациент запалил болнички кревет во Берлин: 15 лица се повредени, наредена итна евакуацијаПолицијата истражува случај на можен подметнување пожар, откако во неделата навечер, во болница во Берлин, еден пациент наводно го запалил својот кревет. Во инцидентот се повредени петнаесет лица.Според истражителите, пациентот го запалил креветот во соба на првиот кат од болничката зграда, која се наоѓа во берлинската населба Лихтенберг (Источен Берлин), изјави портпарол на полицијата. Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, но чадот се проширил и во други делови од зградата, поради што била неопходна евакуација на еден дел од болницата. Тринаесет лица се здобиле со полесни повреди. Една медицинска сестра и пациентот, кој е осомничен за предизвикување на пожарот, добиле медицинска помош поради вдишување чад. Медицинската сестра е пуштена дома по укажаната амбулантска помош, додека пациентот останува хоспитализиран. Полицијата започна истрага за да ги утврди сите околности поврзани со пожарот. Извор: Б92Тагови: Берлин евакуација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33