Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
2Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
АвтомобилизамКАМПАЊА ЗА ЕЛЕКТРИФИКАЦИЈА: „ PUMPED WITH ENERGY (ИСПОЛНЕТА СО ЕНЕРГИЈА) – OPEL MOKKA ELECTRIC“"Pumped with energy (Исполнета со енергија) – Opel Mokka Electric!" Ова е тврдењето на новата европска кампања на Opel за најпродаваниот електичен SUV на „Blitz“. • Полна со енергија: Mokka Electric „го заведува“ кабелот за полнење кој „танцува“ • Привлекува погледи: смел и елегантен дизајн на SUV бестселер моделот кој воодушевува • Заклучок: Jung von Matt создаде извонредна рекламна кампања од 360° "Pumped with energy (Исполнета со енергија) – Opel Mokka Electric!" Ова е тврдењето на новата европска кампања на Opel за најпродаваниот електичен SUV на „Blitz“. Opel Mokka е смела, елегантна и пред сè: електрифицирана. Mokka Electric не само што овозможува одговорно уживање при возењето со нула емисии, исто така висински привлекува погледи. Буди емоции и чувството „го сакам“. И исто како и Mokka Electric, клипот и сите придружни дигитални и печатени формати се издвојуваат. Бидејќи „ѕвездата“ покрај самата Mokka Electric, е светло жолт кабел за полнење што оживува кога ќе наиде на привлечниот SUV. „Opel е прогресивен бренд – фокусиран на најважното. Ја водиме електрификацијата напред за да им овозможиме на нашите клиенти да уживаат при возење без емисија и инспиративна, привлечна мобилност. Сето ова е отелотворено во нашиот неверојатен SUV модел – Opel Mokka Electric – и совршено се одразува во новата кампања, каде што дури и кабелот за полнење е заведен од моделот. Можете да ја почувствувате енергијата што ја зрачи овој автомобил. И не само на ТВ, исто е во сите медиумски формати. Со своите перформанси, најсовремена технологија и дизајн, Opel Mokka Electric е исполнета со енергија!“, изјави Rebecca Reinermann, потпретседател за маркетинг на Opel. “Pumped with energy” (Исполнета со енергија): Opel Mokka Electric го заведува кабелот – „кобрата за полнење” Кампањата се одвива во живо низ Европа од 15 мај во различни медиумски формати. Во клипот, кој сега се емитува на главните ТВ канали, кабелот за полнење се лизга околу Mokka Electric како кобра, очигледно фасциниран од компактното, неконвенционално електрично возило на Opel. Прво, кабелот нежно се лизга преку смелиот и елегантен капак на мотор, а потоа ја проверува внатрешноста со целосно дигиталниот кокпит Pure Panel. Конечно, се отвора вратичката за полнење. “Chrging cobra” („Кобратa за полнење“) не покажува двоумење и се впушта да ја снабди Mokka Electric со енергија. Daniel Schweinzer, извршен креативен директор на Jung von Matt HAVEL, изјави: „Многу брендови на автомобили практично ги кријат електричните кабли во нивната комуникација. Со нашата кампања за Mokka, го правиме спротивното: покрај главниот лик го истакнуваме и кабелот како симбол на електричната мобилност. И, се разбира, кабелот е веднаш заведен од Mokka - очигледно еден од најатрактивните електрични автомобили на пазарот“. Јасна изјава: вредностите на брендот и карактеристиките на Mokka Electric накратко Mokka беше првиот модел на Opel кој го носеше лицето на брендот Opel Vizor и Pure Panel кокпитот. И тоа беше првото возило во портфолиото на германскиот производител на автомобили кое беше достапно како електрична верзија уште од самиот почеток. Со тоа го отвори патот за понатамошните модели на Opel и столбовите на брендот – Modern German (Модерен германски дух), Greenovation и Detox (Детокс). Исто така, ужива постојана популарност и стана бестселер низ Европа. Минатата година целосно електричната верзија веќе сочинуваше 29 % од целата продажба на Mokka. Во Германија тој број беше уште поголем и изнесуваше 43 %. Автомобилот е буквално полн со енергија - а одговорните во агенцијата Jung von Matt HAVEL, кои работат за Opel од почетокот на годината, сумираа што го карактеризира брендот и особено Mokka Electric во нивната прва кампања за производителот на недвосмислен, емотивен и допадлив начин. Искусете ја Mokka Electric: на сите канали Тврдењето „ Pumped with energy (Иполнета со енергија) – Opel Mokka Electric“ може да се види низ Европа на сите популарни канали: покрај ТВ-рекламирањето, Opel користи големо, дигитално рекламирање „надвор од домовите“, во градовите за да го привлече вниманието кон новата кампањата и Mokka Electric. Покрај тоа, видеата, рилсовите и слично ќе ја рашират веста на социјалните мрежи и другите дигитални канали. И, се разбира, рекламите со голем формат ќе се појавуваат во високо тиражните печатени медиуми. Добитникот на наградата „Златен управувач 2021“ не само што ги привлекува погледите со својот смел, елегантен дизајн - тој импресионира и со своите перформанси. Електричниот мотор со 100 kW/136 КС и 260 Nm максимален вртежен момент овозможува моќно и тивко возење. Со батеријата од 50 kWh може да поминете до 338 km без емисија на штетни гасови според WLTP. Регенеративниот систем за сопирање ја прави Mokka Electric уште поефикасна. Ова овозможува да се поврати енергијата при возење или сопирање. А батеријата може да се наполни до 80 проценти за околу 30 минути користејќи станица за полнење со директна струја од 100 kW.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ЗабаваНа Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентитеНастапот на српската пејачка Јелена Карлеуша во „Театро клуб“ (Teatro Club) во Есен, Германија – првично закажан за 31 октомври 2026 година – е откажан. Според раководството на клубот, одлуката е донесена по разгледување на нејзините јавни изјави во врска со актуелната политичка ситуација во Србија, особено оние што се однесуваат на студентите. Објавено соопштение „Почитувани гости, сакаме да ве информираме дека настапот на Јелена Карлеуша, планиран за 31 октомври 2026 година во ’Театро клуб‘ во Есен, нема да се одржи. До оваа одлука дојдовме по внимателно разгледување на нејзините јавни изјави и ставови во врска со актуелната политичка ситуација во Србија“, се наведува во соопштението. Од клубот изјавија дека се оградуваат од изјавите кои – како што наведоа – ги навредуваат и омаловажуваат студентите и граѓаните што се борат за своите права, како и од реториката што поттикнува поделби и нетолеранција. „Сметаме дека примарната улога на еден пејач е да забавува, да ги обединува луѓето и да шири позитивна енергија преку својата музика – а не да ги користи својата популарност и јавна платформа за политички пресметки, навреди или за продлабочување на поделбите меѓу луѓето. Секој, вклучително и јавните личности, има право на сопствени политички ставови. Сепак, сметаме дека постои јасна граница помеѓу изнесувањето мислење и користењето на влијанието за омаловажување на другите“, наведоа од клубот. Додадоа дека нивната сцена треба да биде простор посветен на музика и забава, а не на политичка пропаганда. „Teatro Club Esen е место на заедништво, почит и позитивна атмосфера. Не сакаме да им понудиме простор на нашите гости каде што ќе се промовираат ставови спротивни на вредностите за кои се залагаме. Нашите принципи не се на продажба и ниту еден настап не е поважен од почитта што им ја должиме на нашите гости и вредностите што ги застапуваме. Ви благодариме за разбирањето и поддршката“, се вели во соопштението. Од крајот на 2024 година, Јелена Карлеуша е еден од најгласните јавни критичари на студентските протести и блокади во Србија, притоа отворено поддржувајќи го претседателот Александар Вучиќ. Пејачката ги опиша студентите што учествуваат во блокадите како „толпа“ која нема желба да учи, па дури и тврдеше дека тие ѝ нанеле поголема штета на Србија отколку која било војна. Таа исто така предложи дека деканите на факултетите би требало, наместо тоа, да одат да берат малини. Понатаму, таа повика на апсење на ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ђокиќ, кого го обвини за предавство на сопствената земја. Нејзините ставови предизвикаа остри реакции кај дел од јавноста, што доведе до повици за бојкот на нејзините настапи.Тагови: Јелена Карлеуша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМожни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД Америка ги предупредила своите сојузници на Блискиот Исток да бидат подготвени за нови можни удари по Иран. Според американскиот медиум Волстрит џурнал – нападите би можеле да продолжат откако ќе се оддржат среднорочните избори во САД следната недела. Како што се наведува во американскиот медиум, претседателот Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука дали ќе ги започне нападите, а шефот на иранската дипломатија – Абас Арагчи нагласил дека Иран се уште нуди шанса за дипломатски обиди за деескалација. Мировниот план кој го нуди Техеран, според Арагчи, би го отворил ормускиот теснец доколку САД ги исполни условите наведени во предлогот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаЗаменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултатиЗаменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период. „Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков. На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00