Камионските превозниците втор ден го блокираат товарниот сообраќај на граничните премини - Канал 5

Камионските превозниците втор ден го блокираат товарниот сообраќај на граничните премини

 Блокадата со камиони на товарниот сообраќај  на граничните премини во државава продолжува и денеска, како дел од заедничкиот протест на македонските и превозниците од Западен Балкан кои бараат решение за проблемите.

Камионските превозниците втор ден го блокираат товарниот сообраќај на граничните премини

Блокадата со камиони на товарниот сообраќај на граничните премини во државава продолжува и денеска, како дел од заедничкиот протест на македонските и превозниците од Западен Балкан кои бараат решение за проблемите поради електронската евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена од април годинава.

Наспроти блокираниот товарен сообраќај на премините кон шенген зоната, кој, според најавите ќе трае најмалку седум дена, патничкиот сообраќај, функционира непречено.

Камионските превозници од државава и нивните колеги од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, сметат дека ЕЕС системот ги дискриминира во однос на тие од ЕУ и бараат да им биде доделен посебен статус и да ги третира како туристи при влез во блокот.

- Поентата не е да ја заглавиме сопствената стопанска активност, туку да покажеме што може да се случи во одреден период. Кога ќе се приклучат и Турција и другите држави, ќе се работи за над милион тони стока што се движи или чека и тоа треба да биде јасен сигнал за сите. Но не можеме со месеци да држиме блокади, ниту сакаме да им нанесеме штета на нашите производители, трговци и на населението. Ако не се најде решение, ќе се бараат други форми на притисок. Ако Европската Унија не може да издржи еден месец ваква состојба, тогаш јасно е дека овие мерки не може да траат подолго - изјави Билјана Муратовска од асоцијацијата на превозници „Макам-транс“ на првиот ден од протестот што стартуваче вчера напладне.

Таа потсети дека со секоја држава имаме потпишано билатерални договори во областа на превозот, кои дозволуваат пристап и движење на нивна територија.

Укажа и дека економска оправданост за тоа да се обезбедуваат по двајца возачи кога нема доволно возила воопшто не постои. - Не е економски оправдано еден возач три месеци да седи дома и да прима минимална плата, додека другиот работи. Тоа не е оправдано ниту од аспект на возачите ниту од аспект на превозниците - рече Муратовска.

Портпаролот на Европската комисија за внатрешни работи Маркус Ламерт вчера изјави дека ЕК е свесна за загриженоста што ја искажуваат транспортните оператори од Западниот Балкан и оти внимателно ја следи ситуацијата со блокадите на граничните премини и е во контакт со партнерите од регионот.

- Свесни сме дека голем број професионалци од трети земји може да имаат потреба да останат во Шенген зоната повеќе од 90 дена во рок од 180 дена. Ова ги вклучува професиите со висока мобилност, како што се возачите на камиони, но исто така и спортистите и уметниците. Тоа е исто така поврзано и со националните правила и постојните билатерални договори. Ова е прашање на кое сме целосно посветени и на кое работиме и размислуваме во контекст на подготовките на претстојната Визна стратегија, што ќе ја објавиме оваа недела, изјави Ламерт.

Тој повтори дека Системот за влез-излез (ЕЕС) не воведува никакви нови регулативи и никакви нови барања поврзани со должината на престој во Шенген зоната, туку само обезбедува подобра имплементација на постојните правила и систематско откривање на нерегуларни практики.

- Според Шенген правилата, граѓаните на земјите на кои не им е потребна виза за влез во ЕУ имаат право да останат во Шенген зоната 90 дена во период од 180 дена во која било држава. Надвор од ова, престојот мора да биде покриен со виза или со национални аранжмани, додаде Ламерт.

Според него, важно е да се напомене дека овие правила не се нови, туку важат со години подеднакво низ целата територија на Шенген зоната, како и дека тие веќе предвидуваат одредена флексибилност во однос на некои категории работници.

Министерот за транспорт Александар Николоски кој вчера на граничниот оремин „Блаце“ даде поддршка на протестот на превозниците оцени дека ова предупредување доаѓа навреме и порача февруари и март максимално да се искористат и земјите членки на шенген-зоната да изнајдат решение.

- Во принцип, постојат три можни решенија. Првото решение е да се одложи примената на новиот електронски систем за евиденција за превозниците. Второто решение е да се зголеми бројот на денови што превозниците може да ги поминуваат во шенген-зоната - најмалку на 250 дена, соодветно распределени во циклуси, наместо сегашните 90 дена во 180. Третото решение е професионалните возачи и превозници да не се третираат како туристи, туку како професионалци. Тоа може да се уреди преку посебни правила или преку работни визи, како што моментно тоа го прави Швајцарија, со што би им се овозможил слободен транзит во земјите од шенген-зоната - изјави Николоски.

Сè спротивно од ова, вели Николоски, ќе има сериозни последици - не само за македонската и регионалната туку и за европската економија.

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Антонио Милошоски, вчера на седницата на претставувањето на приоритетите на кипарското претседателство, побара од амбасадорот на Кипар за земјата, Андреас Фотиу, да го стави на дневен ред во Брисел протестот на камионџиите, кои за денеска најавија блокада на границите кон ЕУ.

- Амбасадоре, на 17 декември 2025, комесарката Марта Кос потпиша меморандум за побрза интеграција и за побрз и непречен транспорт со земјите од Западен Балкан, но вклучително и со Молдавија, Грција, Бугарија, Италија. Овој меморандум е во склад со политиката на ЕУ за планот за раст, чија цел е како да се создаде со секои поминати месец и година поголема интеграција на пазарот на земјите од Западен Балкан и негово посилно интегрирање во пазарот на ЕУ - рече Милошоски.

На последиците од блокадите и примената на новиот систем укажаа и стопанските комори и бизнис конфедерацијата на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нисан подготвува нов атрактивен СУВ, но само за европскиот пазар

Nissan во фабриката во Сандерленд, Велика Британија ќе го произведува новиот Kicks Power со инвестиција од 170 милиони фунти.

Нисан подготвува нов атрактивен СУВ, но само за европскиот пазар

Станува збор за компактен СУВ од Б-сегментот кој ја носи единствената хибридна технологија на Нисан од третата генерација, со која компанијата ја проширува својата понуда на електрифицирани возила во Европа.

Одлуката доаѓа во годината кога фабриката во Сандерленд ја слави својата 40-годишнина. Kicks ќе се произведува заедно со постојните модели Qashqai, Juke и LEAF, што го прави десетти модел произведен во фабриката од 1986 година.

Поддршка од владата и индустријата

Британскиот министер за економија и трговија Џонатан Рејнолдс истакна дека одлуката за производство на новиот модел во Сандерленд е „одличен знак за доверба во британската производствена индустрија“, додека Масимилијано Месина, претседател на регионот AMIEO на Nissan, ја нагласи брзината со која компанијата воведува нови модели на европскиот пазар.

Кикс е вториот голем производствен потег на Нисан во Европа овој месец, по најавата за нов електричен мал автомобил од А-сегментот наречен Пиксо, кој се очекува да биде претставен следната недела. Изгледа како ретро-модерна верзија на автомобилот со четири врати на Рено.

e POWER технологија

Кикс ќе има технологија e POWER од трета генерација, која треба да се појави во 2025 година, која ќе обезбеди подобрена ефикасност на горивото, пониски емисии и поудобно возење. Системот користи електричен мотор за напојување на тркалата, при што бензинскиот мотор се користи само за полнење на батеријата, давајќи им на возачите електрично искуство со практичноста на полнење гориво на бензинска пумпа.

Од неговото лансирање во 2016 година, повеќе од 1,9 милиони e POWER хибриди се продадени низ целиот свет, вклучувајќи 200.000 модели Qashqai e POWER произведени во Сандерленд.

40 години производство

Од 1986 година, Nissan Motor Manufacturing UK прерасна во најголем погон за производство на поединечни автомобили во Велика Британија. Со инвестиција од 5 милијарди фунти, објектот директно вработува околу 6.000 луѓе и поддржува дополнителни 30.000 работни места во синџирот на снабдување, извезувајќи возила на повеќе од 100 пазари низ целиот свет.

Фабриката неодамна достигна значајна пресвртница, произведувајќи 12 милиони возила откако првиот Nissan Bluebird излезе од производствената линија во 1986 година, што е во просек по еден автомобил на секои минута и 45 секунди.

Од следната година, Сандерленд ќе произведува и сосема нов модел Juke од трета генерација, кој за прв пат ќе биде целосно електричен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АфД бараат враќање на рускиот гас- можен е состанок на Германците во Москва

Економскиот претставник на рускиот претседател Владимир Путин и раководството на германската крајно десничарска AfD започнаа подготовки за состанок следната година на кој ќе се разговара за враќање на снабдувањето со руски гас за Германија.

АфД бараат враќање на рускиот гас- можен е состанок на Германците во Москва

Економскиот претставник на рускиот претседател Владимир Путин и раководството на германската крајно десничарска AфД започнаа подготовки за состанок следната година на кој ќе се разговара за враќање на снабдувањето со руски гас за Германија, изјавија за Ројтерс два извори запознаени со планот.

Средбата би можела да се одржи уште во март, а подготовките дополнително ги покажуваат блиските врски меѓу Москва и AfD, партија која другите големи германски партии досега ја блокираа да дојде на власт со одбивање да соработува со неа. Ројтерс објави дека AfD во моментов е најпопуларната партија меѓу германските гласачи.

Се очекува на состанокот да присуствуваат Кирил Дмитриев, близок советник на Путин и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции, и копретседателите на AfD, Алис Вајдел и Тино Чрупала, изјави еден од изворите. Портпаролот на AfD и претставникот на Дмитриев одбија да коментираат за обвинувањата.

Ќе се дискутира за рестартирање на Северен тек

Пред санкциите воведени по руската инвазија на Украина во 2022 година, Русија обезбедуваше повеќе од една третина од увозот на сурова нафта во Германија и повеќе од половина од нејзиниот природен гас. Средбата би се одржала само доколку претходно се договори мировна рамка меѓу Русија и Украина. Организаторите се надеваат дека состанокот ќе ги собере претставниците на AfD, Русија и САД, рече изворот.

Можни локации се Израел, Обединетите Арапски Емирати и Индија. Вајдел, во интервју за Ројтерс во јуни, се залагаше за прекин на бојкотот на руската нафта и гас за да се поттикне нестабилната економија на Германија. Дмитриев се сретна со американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер во Москва овој месец.

Организаторите се надеваат дека Виткоф и Кушнер би можеле да присуствуваат и на состанок за гас за да разговараат за рестартирање на рускиот гасовод „Северен тек“. Сепак, висок американски функционер изјави за Ројтерс дека Виткоф и Кушнер не биле информирани за предложениот состанок ниту биле поканети на него.

AfD се надева дека ќе ги освои гласачите

Таквиот состанок првенствено би имал симболично значење бидејќи AfD не е на власт. Сепак, подготовките доаѓаат во време кога изборниот успех на AfD дополнително го тестира долгогодишното одбивање на најголемите партии во Германија да соработуваат со крајната десница.

AfD стана најсилната партија на неодамнешните избори во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, а во недела се соочува со избори во Мекленбург-Западна Померанија. Таму руските гасоводи „Норд стрим“ излегуваат на германското копно.

Американската стопанска комора во Москва ја поздрави идејата како „позитивен и навремен чекор“. „Вклучувањето на Германија како клучна европска економија може да создаде поширока платформа за дискусија за прашања што се значајни и за тие земји и за остатокот од светот“, рече Роберт Аги, претседател на AmCham Русија.

Противниците предупредуваат на нова зависност од Русија

Германија се бори да се опорави од затворањето на клучните гасоводи „Норд стрим“, од кои некои беа оштетени од експлозии во септември 2022 година. Секој обид за враќање на рускиот гас или повторна употреба на „Норд стрим“ ќе наиде на силен отпор во Германија и меѓу нејзините сојузници, особено во Источна Европа.

„Германија не смее повторно да стане зависна од Русија“, рече Михаел Келнер, претставник на Зелените, кој беше задолжен за енергетската политика на Германија во владата за време на кризата предизвикана од прекинот на рускиот гас по инвазијата на Украина.

„Не смееме да ги повториме грешките од енергетската криза“, рече тој. „Нè чинеше 50 милијарди евра. Не смееме да сакаме да се вратиме во таа состојба. Тоа би било предавство. Путин ја користи AfD за свои цели“, додаде Келнер. Родерих Кизеветер, заменик на канцеларот Фридрих Мерц од ЦДУ, рече дека состанокот на AfD би можел да ги охрабри и оние во неговата партија кои поддржуваат враќање на рускиот гас.

„AfD е на страната на Русија и е подготвена да ги предаде и Украина и Германија. Русија ја користи енергијата, особено Северниот тек, како хибридно оружје за воени цели. Рестартирањето на Северниот тек би било катастрофално за европската безбедност и би ја изолирало Германија“, рече Кизеветер.

AfD го претставува својот повик за враќање на снабдувањето со руски гас како прагматичен потег. Вајдел ја опиша „евтината енергија од Русија“ како „тајната на успехот на етикетата „Произведено во Германија“. Еден извор рече дека AfD се надева дека состанокот ќе ги покаже своите вештини за надворешна политика и ќе го истакне она што го смета за неактивност на владата во справувањето со високите цени на енергијата.

Поддршката на Германија за Украина е сè поподелена, особено на истокот од земјата, кој беше под советско влијание до падот на Берлинскиот ѕид. Многумина таму се посочувствителни кон Русија и покритични кон САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ: Вечерва во Тетово средба меѓу лидерите на ДУИ и АА, Ахмети и Таравари

Вечерва во Тетово се одржува средба меѓу претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ),  Али Ахмети, и претседателот на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари, како и раководните тимови на двете партии.

ДУИ: Вечерва во Тетово средба меѓу лидерите на ДУИ и АА, Ахмети и Таравари

Во центарот на средбата е координацијата на заедничките активности и ангажмани за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.

Двајцата претседатели разговараат за организирањето на активностите на терен и за заедничкиот ангажман на структурите на коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ) во поддршка на кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница, Аркин Јахији.

На средбата се утврдуваат и понатамошните чекори за заедничкиот ангажман во пресрет на изборниот процес во Брвеница, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер