Камион збриша возило, запрено на автопат- жена и дете едвај се спасиле (ВИДЕО) - Канал 5

Камион збриша возило, запрено на автопат- жена и дете едвај се спасиле (ВИДЕО)

Жената возач и нејзиното дете едвај спасиле живи глави кога камион удрил во нивното возило.

Камион збриша возило, запрено на автопат- жена и дете едвај се спасиле (ВИДЕО)

Застрашувачката снимка покажува Шевролет Силверадо запрен среде автопат во Минесота. Откако низа автомобили успешно го заобиколија, пристигнува камион кој со полна брзина удира во задниот дел на камионетот без сопирање или каков било друг маневар. Го отфрлил надесно и потоа се запалил Шевролетот на излезната лента. Во близина застанал камион.

За среќа во несреќата, 42-годишната Сузан Норберг и нејзината 12-годишна поќерка успеале да побегнат од возилото пред сударот и буквално да ја гледаат несреќата стоејќи зад заштитната ограда. Според достапните информации, во несреќата неповреден бил и возачот на камионот.

YouTube video

Ако се прашувате зошто возачот не го поместил возилото на страна до лентата за застанување, причината е што возилото било оневозможено. Според StarTribune News, таа со своето возило удрила во елен и се активирале воздушните перничиња.

Интересно, официјалните полициски инструкции велат дека патниците во вакви случаи треба да повикаат помош и да останат во возилото бидејќи е крајно опасно пешаци да трчаат преку неколку ленти. За среќа, тие не го послушале ова упатство и на тој начин си го спасиле животот.

"Слушнав возила како возат со полна брзина покрај нас. Мислев дека некој ќе нѐ удри ако останеме. Само сакав да излезам од камионетот што е можно поскоро бидејќи бев преплашена", изјавила Норберг за StarTribune.

Единственото отворено прашање е што правел возачот на камионот и зошто не се обидел да го забави камионот и да го избегне возилото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ќе заработат милијарди долари откако потпишаа нуклеарен договор со Саудиска Арабија

САД потпишаа значаен договор со Саудиска Арабија, што ќе ѝ овозможи да развива цивилна нуклеарна програма, во што ќе учествуваат и американски компании.

САД ќе заработат милијарди долари откако потпишаа нуклеарен договор со Саудиска Арабија

Текстот од договорот не беше објавен јавно, но американските медиуми објавија дека тој ќе ѝ дозволи на Саудиска Арабија да збогатува ураниум во иднина. Експертите велат дека ова создава ризик од идна нуклеарна пролиферација во веќе нестабилниот регион.

Министерството за енергетика на САД кажа дека покрај договорот за соработка, потпишан е и „двостран договор за заштитни мерки“.

Ова е првпат САД да ѝ помагаат на друга земја да збогатува ураниум на своја територија. објавата уследи среде ескалацијата на војната во иран, што сад ја започнаа во февруари за да го спречат да развие нуклеарно оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ го одобри новиот пакет санкции против Русија по неколку недели натегања и преговори

Новиот 21 пакет санкции на ЕУ против Москва од Руската инвазија на Украина во 2022 година, вклучува одржување на сегашното ниво на горната граница на цената на руската нафта.

ЕУ го одобри новиот пакет санкции против Русија по неколку недели натегања и преговори

Преговорите за новите економски санкции воведени поради војната во Украина се одолговлекуваа откако неколку земји инсистираа на ублажување на поединечните елементи од пакетот.

На 22 јули беше објавено дека 27-те земји-членки на ЕУ донеле привремена одлука да го задржат горната граница на цената на руската нафта на 44 долари за барел во текот на една недела за да се спречи нејзиното автоматско зголемување.

Мерката има за цел да ги ограничи приходите на Москва од глобалниот извоз на сурова нафта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме

Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година.

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме

По одржаниот координативен состанок во Град Скопје, Општина Аеродром веднаш формира Комисија за утврдување на фактичката состојба и ја започна постапката за прием на барања, како предуслов за обесштетување на граѓаните, што ќе се реализира во соработка со Владата и со Градот Скопје.

Образецот за пријавување штета е достапен во просториите на Општина Аеродром, а може да се преземе и од официјалната веб-страница на следниов линк:

https://shorturl.at/L3rcJ

Образецот, заедно со потребната документација, се доставува во Архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот, во рок од 30 дена од денот на настанување на штетата.

Кон барањето задолжително да се приложат и следниве документи:

Важешка лична карта или патна исправа (фотокопија);

Доказ за сопственост (фотокопија од имотен лист);

Фотографии од локацијата по претрпената штета;

Записник од МВР за настанатата штета;

Општина Аеродром ги повикува граѓаните навремено да ги поднесат своите барања, со цел постапката за утврдување на штетите да се реализира ефикасно и во најкраток можен рок. Сите поднесени пријави ќе бидат разгледани во согласност со законските процедури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер