БалканКамион полн со електрични Панди од Србија, изгоре во тунел во Црна Гора (ВИДЕО)Во тунелот Вежешник, на патниот правец Матешево - Подгорица, синоќа се запали товарно возило кое превезувало електрични патнички автомобили. Станува збор за возила „Панда“ од Крагуевац.Како што објави Монтепут, само благодарение на брзата и координирана реакција на Службата за надзор, управување со сообраќајот и техничка заштита и Службата за заштита и спасување, спречени се сериозни последици и потенцијално сериозна сообраќајна несреќа во тунелот Вежешник, објави Вијести. Товарното возило се запалило, како што е пријавено, во 1:20 часот наутро. „По приемот на пријавата, дежурните служби на Монтепут веднаш ги активираа пропишаните процедури за итни случаи и ги презедоа сите заштитни мерки. Пожарот беше целосно изгаснат до 2:00 часот наутро, по што возилото беше отстрането од тунелот и беа создадени услови за нормално одвивање на сообраќајот“, соопшти Монтепут. Додадоа дека брзата интервенција спречила значителна материјална штета на инфраструктурата на тунелот, системите за вентилација, електричните инсталации, сигнализацијата и другите безбедносни компоненти. U tunelu Vežešnik gorio kamion koji je prevozio električna vozila, hitnom intervencijom izbjegnuta velika šteta#vijesti #društvo https://t.co/8iNjZCNAGx — Vijesti (@Vijestime) October 15, 2025 „Навремената и координирана интервенција од страна на службите ги избегна долгорочните последици по безбедноста и функционалноста на тунелот. Ефикасната интервенција успешно го спречи ширењето на пожарот, што беше од особено значење со оглед на видот на товар - електрични возила со литиум-јонски батерии. Овие батерии развиваат екстремно високи температури, се склони кон спонтано согорување, а нивното гаснење е предизвик и овде и во светот. Поради оваа причина, брзината на интервенцијата и правилната проценка на ситуацијата беа од клучно значење за зачувување на безбедноста на тунелот и заштита на инфраструктурата“, изјави Монтепут.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАмериканските авиони-танкери се повлекоа од БугаријаДва американски авиони-цистерни ја напуштиле бугарската воздухопловна база Безмер, речиси еден месец откако нивното распоредување во Бугарија предизвика остри реакции од Иран.Информацијата ја потврдил бугарскиот министер за одбрана Атанас Стојанов. Американските авиони биле привремено распоредени во Бугарија на барање на САД, врз основа на договорот со кој се регулира заедничкото користење на воените објекти. Распоредувањето на авионите предизвика реакција од Техеран. Иран тогаш предупреди дека нивното присуство во Бугарија би можело да претставува учество во, како што го нарече, „агресија и воени злосторства“. По информациите дека Иран разгледувал можни напади врз американски воени цели во југоисточна Европа, Бугарија ги засили безбедносните мерки во базата Безмер.Тагови: Бугарија САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНасилник газеше луѓе со кола по ливада во Херцеговина, тројца се повредени (ВИДЕО)Тежок инцидент се случи вчера кај градот Билеќа во Босна и Херцеговина, каде по настан со коњички трки, насилник со автомобил бркаше луѓе на отворен простор и успеа да прегази тројца, кои се во болница.Снимка од шокантниот настан се појави на социјалните мрежи, а според локалните меидуми, полицијата трага по Жељко Вујовиќ, осомничен за обид за тешко убиство, како и по едно лице што побегнало со него. Во меѓувреме уапсени се маж и жена за кои се верува дека му помогнале на сторителот по извешувањето на кривичното дело. Во инцидентот на коњските трки биле повредени три лица. 32 годишен маж бил примен на интензивна нега со повреди на рамото и потколеницата, додека другите двајца имале полесни повреди. Тагови: Босна и Херцеговина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп повторно објави мапа: „Нова територија на САД“Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на Ормутскиот теснец на својата социјална мрежа „Truth social“ и го прогласи за територија на САД.Објавената слика покажува мапа на која е заокружен делот што го вклучува ормутскиот теснец, иранскиот остров Кешм, делови од територијата на Оман, па дури и градот Дубаи. Над тоа е коментарот: „нова територија на САД“. Само еден ден претходно, Трамп изјави дека САД имаат „целосна контрола“ врз целиот регион што има врска со Ормутскиот теснец.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook