3Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
3Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
Шоу бизКамерон Дијаз објасни зошто никогаш повеќе нема да глуми (ФОТО)Поминаа седум години откако Камерон Дијаз последен пат се појавила на големото платно, но поранешната холивудска актерка изјави дека не брза да се врати на актерството.Гостувајќи во вчерашното американско радио шоу „Карантиран со Брус“ за да го промовира својот нов бренд за вино, 48-годишната sвезда откри дека мајчинството и ги сменило приоритетите. "Дали некогаш повторно ќе направам филм? Не сакам, но не знам? Не знам. Немам идеја. Можеби. Никогаш не кажувај никогаш", рече Дијаз. „Но, не можев да замислам дека како мајка со дете од една година, треба да бидам 14 часа на снимање “, додаде таа, истакнувајќи дека едноставно не може да замисли да се оддели од своето мало дете 16 часа на ден . View this post on Instagram A post shared by Cameron Diaz (@camerondiaz) Дијаз се омажи со пејачот на рок-групата „Шарлот“, Бенџи Меден, во 2015 година. Тие ја имаат едногодишна ќерка Радикс, пренесува Си-Ен-Ен. „Само се чувствувам толку благословено што сега можам да бидам тука со моето дете и, знаете, да станам мајка каква што треба да бидам“, рече таа. „Тоа е таков благослов и целосна привилегија за што сум навистина, навистина благодарна. View this post on Instagram A post shared by Cameron Diaz (@camerondiaz) Покрај мајчинството, Дијаз моментално е насочена кон Авалин - бренд на органски вина што минатата година го лансира заедно со нејзината пријателка Кетрин Пауер. „Авалин е единствената секојдневна работа што ја работам, освен тоа што сум сопруга и мајка, што е она што јас всушност го работам најмногу ... тоа беше досега навистина најисполнувачкиот дел од мојот живот “. View this post on Instagram A post shared by Cameron Diaz (@camerondiaz) Минатата година, Дијаз, позната по филмовите како Маска (1994), Нешто за Мери (1998) и Ванила Скај (2001), откри дека пронашла мир откако ја напушти холивудската кариера. Последната улога во нејзината 20-годишна актерска кариера ја запиша во 2014 година со адаптацијата на Ени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Ѕвезда од „Чувари на плажата“ (Baywatch) на 56-годишна возраст, заработува на „Onlyfans“Таа глумеше во хит-серијата „Чувари на плажата“ (Baywatch), а еве како денеска изгледа познатата актерка Ерика Еленијак која во август оваа година се приклучи на платформа наменета за возрасни.Американската серија „Чувари на плажата“ се прикажуваше 10 години – од 1989 до 1999 година. Таа се емитуваше во 148 земји и влезе во Гинисовата книга на рекорди како најгледана телевизиска програма. Сите се сеќаваат на воведната шпица, но и на убавите актерки во црвени костими за капење. Меѓу нив е и актерката Ерика Еленијак, која денес има 56 години и не заработува од глума. Русокосата Ерика имала само 20 години кога започнало снимањето. Во тоа време, актерката била многу популарна, а во 1989 година дури била прогласена за „жена на месецот“ во списанието „Плејбој“. Зад себе има два брака, кои завршиле со развод. Таа се мажела двапати – во 1998 и 2005 година, а во 2006 година добила ќерка. Од пред неколку месеци, таа е активна на платформата „Онлифанс“ (OnlyFans), а „TMZ“ пишува дека за три месеци заработила 300.000 долари. Извори блиски до поранешната актерка откриваат дека „бизнисот цвета“ и дека таа заработува по 10.000 долари неделно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
СветКим издаде наредба: „Команданти, кажете им на војниците да се подготват...“Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги повика командантите на чети да ја интензивираат обуката и да ја подобрат борбената готовност, дефинирајќи го ова како нивна „примарна револуционерна задача“, објавија денеска државните медиуми.„Примарната револуционерна задача на командантите на чети е да ги завршат борбените подготовки на своите единици, така што тие ќе бидат целосно подготвени за водење војна. Начинот да се постигне ова е преку радикално подобрување на ригорозната и интензивна обука“, пренесе севернокорејската државна новинска агенција „KCNA“, цитирајќи го него. Понатаму се наведува дека тој ги дал овие изјави во вторникот, за време на фотографирање со учесниците на Третиот состанок на командантите на чети на Корејската народна армија. Според извештаите, Ким Џонг Ун нагласил дека тие мора да ја докажат својата лојалност и лидерски способности преку успешно трансформирање на своите единици во „сили во кои еден војник вреди колку стотина други – сили што се одликуваат со цврста револуционерна вера, патриотски дух, неспоредлива херојска храброст и борбена ефикасност“. Тој додал дека иднината на изградбата на моќна армија изгледа „исклучително ветувачка, благодарение на нив“. Ким претседаваше со состанокот, одржан на 22 и 23 октомври во Пјонгјанг, при што им наложи на командантите „да изградат најмоќна армија и да ја забрзаат воената револуција во корејски стил преку обука на најсилните чети“. Тој, исто така, им даде насоки „доследно да ја чуваат и развиваат суштината на армијата како армија на Партијата – армија дефинирана преку својата идеологија и основни вредности“.Тагови: Ким Џонг Ун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамГермански министер со критики кон „Audi“: „Се обложуваат на мртов коњ“„Audi“ планира да изгради фабрика во САД, но реакцијата во Германија е сè освен позитивна.Германскиот министер за животна средина, Карстен Шнајдер, остро го критикуваше „Audi“ поради плановите во САД, како и поради појавувањето на извршниот директор на компанијата покрај Доналд Трамп. „Додека светот се движи кон технички супериорна електромобилност, „Audi“ се обложува на фосилни горива. Со други зборови, се обложуваат на мртов коњ“, изјави Шнајдер за весникот „Kölner Stadt-Anzeiger“, пренесува агенцијата „DPA“. „Освен крајно непријатните околности што ја придружуваа оваа најава, мора да се постави прашањето за оправданоста на ваквата одлука“, додаде тој. За време на викендот, извршниот директор на „Audi“, Гернот Долнер, се појави на бина заедно со Трамп на еден предизборен настан, каде што ја најави изградбата на фабрика на „Audi“ во Џорџија. „Audi“ има намера во САД да произведува „SUV“ модели, вклучувајќи го и новиот, екстра голем модел „Q9“, дизајниран специјално за американскиот пазар. Оттогаш, Долнер се соочува со остри критики во татковината, а некои дури и бараат негова оставка. Внатрешните правила на „Audi“ забрануваат учество во изборни кампањи. Во САД, на 3 ноември, треба да се одржат избори за Конгресот. Повеќето германски граѓани критички гледаат на појавувањето на Долнер покрај Трамп. Во анкетата спроведена од институтот „YouGov“, 39 отсто од испитаниците го оценија најавувањето на фабриката од страна на Долнер на еден предизборен настан како „крајно несоодветно“. Уште 18 отсто го окарактеризираа потегот како „главно несоодветен“. За разлика од нив, седум отсто од испитаниците сметаат дека потегот на Долнер бил „целосно соодветен“, додека 11 отсто го опишаа како „главно соодветен“. „Audi“ се наоѓа под огромен притисок поради долгорочниот пад на продажбата и приходите. Компанијата веќе укина одредени работни места, а сега е принудена да планира дополнителни намалувања. За разлика од своите домашни ривали „BMW“ и „Mercedes“, „Audi“ нема сопствени производни капацитети во САД, поради што е уште повеќе погоден од царините што ги воведува Трамп.Тагови: Audi Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook