БалканКамерите со вештачка интелигенција во Атина започнаа да регистрираат и да испраќаат казни за сообраќајни прекршоциОд почетокот на оперативното функционирање на системот, во саботата заклучно со вчера биле испратени првите 130 административни казни. Вкупно 130 казни, поголемиот дел за поминување на црвено светло и неносење кацига од возачите на мотоцикли, биле регистрирани и испратени за два дена со помош на камерите со вештачка интелигенција поставени на осум локации во областа Атика, поширокиот регион на Атина и во десет автобуси со цел да „ловат“ сообраќајни прекршоци, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерствата за дигитално управување и вештачка интелигенција, за заштита на граѓаните и за инфраструктура и транспорт на Грција, преку заедничко соопштение информираа дека започнало испраќањето на казните, кои прекршувачите ги добиваат дигитално преку специјален сајт и апликација. Од почетокот на оперативното функционирање на системот, во саботата заклучно со вчера биле испратени првите 130 административни казни. Камерите со вештачка интелигенција, пилотски се поставени на осум точки со зголемена опасност во Атика, но и во десет автобуси за контрола на незаконско движење во сообраќајните ленти наменети за јавниот превоз, а целта е намалување на сообраќајните несреќи и подобрување на однесувањето на возачите. При евидентирањето на прекршоците, надлежните органи имаат можност за понатамошна обработка на податоците од регистарските таблички, со цел проверка дали возилата се осигурени, дали имаат извршено технички преглед, дали се платени патарините итн. Како што информираа од надлежните Министерства, во рамки на проширувањето на проектот, во текот на годинава планирано е поставување на околу 1.000 камери во Атика, Солун и Крит, додека развојот на мрежата ќе продолжи и во 2027 година, а до почетокот на 2027 година, планирано е да бидат поставени околу 300 мобилни камери.Тагови: Атина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаПоголема заштита за корисниците и строг филтер за лизинг компаниите со новите законски измениИзмените носат и потранспарентни договори, кои доколку се исполнети законските услови ќе може да се склучуваат и електронски.Предметот земен на лизинг повеќе нема да може да биде заложен без писмена согласност на корисникот заверена на нотар, а обврските ќе може да се исплаќаат и предвреме без дополнителни трошоци – ова се само дел од новините опфатени со измените на Законот за финансиски лизинг, со кои како што објаснуваат од Министерството за финансии се воведува поголема заштита за корисниците, но и засилен надзор врз лизинг компаниите. Измените носат и потранспарентни договори, кои доколку се исполнети законските услови ќе може да се склучуваат и електронски. Воедно, се зајакнува и контролата врз компаниите, кои ќе мора да добијат дозвола за работа од Министерството за финансии и да имаат повисока основна главнина, од досегашните 6 на 30 милиони денари. -Поголема транспарентност, посилна заштита на корисниците, поефикасен надзор и модернизирана регулаторна рамка усогласена со европските стандарди се клучните новини што ги носат измените на Законот за финансиски лизинг. Измените усвоени од Собранието, претставуваат еден од осумте чекори што Министерството за финансии ги реализира во рамки на Реформската агенда. Претседателот на Асоцијацијата на лизинг друштвата во Македонија Марјан Манчев ги поздравува овие законските измени, но смета дека има простор за дополнително развивање на лизинг-секторот, особено во делот на недвижностите. Иако законската рамка и сега дозволува финансиски лизинг и за недвижности, во пракса овој модел кај нас најчесто се користи за движни предмети како автомобили и опрема. Манчев смета дека за поголема примена и кај недвижностите се потребни дополнителни промени, особено во даночната регулатива, за што најави дека ќе се разговара со Министерството за финансии. -Ќе се направат одредени измени да се отстрани т.н. двојно оданочување при финансирање на недвижности, како и да се укине ДДВ на каматата кај лизинг-трансакциите. Тоа се некои следни чекори што дополнително ќе го направат лизингот подостапен и поконкурентен, не само за финансирање подвижни средства, каде што лизингот де факто веќе е водечки инструмент, особено за возила, туку би го примовирал и во делот на финансирање недвижности.- Марјан Манчев – претседател на Асоцијација на лизинг друштва во Македонија Инаку, за непочитување на новите правила, лизинг-компаниите можат да бидат казнети со глоби од 500 па се до 50 илјади евра, а казни се предвидени и за одговорните лица во компаниите, нотарите, резиворските друштва, но и за корисниците кои нема да ги исполнат законските обврски. Постојните лизинг-комании ќе имаат рокови од три, шест и дванаесет месеци за да се усогласат со новите правила. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаАлиу со отчет за сработеното како министер за здравствоАлиу на заминување кажа дека успеал да реализира многу за кратки 13 месеци.Отворени 15 закони поврзани со здравство, вкучувајќи ги и донесените измени за секој што сака да може да стане потенцијален органодарител, медицински факултет да овозможи студии за парамедицинари и тие лекари да бидат постојано вработени во Итната медицинска помош, старт за дигитализација, а и здравството да има пристап до пари и искуство од ЕУ. Ова е само дел од тоа што, Азир Алиу, министерот во заминување вели дека го остава зад себе за 13 месеци работа, по најавената реконструкција на владата со која го отстапува секторот на Сашо Клековски. Еден од законите кој формално се уште ги нема минато сите „филтри“ за да стапи на сила е оној за заштита од пушење, и не е донесен поради 8 амандмани или забелешки. Во однос на проблемот со недостатокот на кадар за Итната медицинска помош, Алиу вели дека она што било до него, завршил во однос на процесот за да има студии за парамедици, а околу два месеци чекал сенатот на УКИМ да се произнесе. Со ова на долг рок би се решиле проблемите недостаток на кадар во оваа служба. Во однос на тоа што сакал, а не успеал да направи како Министер тој посочи дека жали што немал време како фукционер да издејствува „парите да го следат пациентот“, односно секој граѓанин да може да си ги искористи финансиите што ги плаќа секој месец за здравствено и во приватна болницва, односно каде што сака. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАларм во Битола: Дивоградба загрозува куќа заштитена како културно наследствоНов случај на уништување на куќа заштитена како културно наследство. На улицата Мирче Ацев во Битола соседите бараат да се заштити и зачува најубавата стара куќа која е оригинална, а не да се ставаат нови фасади и да се градат други објекти. Тие со петиција реагирале до општина Битола и до конзераватарскиот центар, но велат дека и покрај забраните новиот сосед продолжува да ги врши градежните активности. Битолската установа за заштита на културно наследство за Канал 5 потврдија дека се работи без одобрение и е известена и општина Битола. „Надлежната јавна установа за заштита на културното наследство, согласно законските надлежности и своите овластувања навремено ја извести наделжената инспекциска служба при Управата за заштита на културно наследство за изведување на градежни работи без одобрение“. Од општина Битола за Канал 5 потврдија дека станува збро за дивоградба и дека се реагирало на терен и со аситенција со помош на полиција. Но до емитување на прилогот од општината не потврдија кои мерки ќе се превземат и дали ќе има санкции. Во октомври минатата година при извршување на градежни работи се урна спомен куќата на Владо Малески, вековната куќа симобол на струшкиот традиционална архитектура. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook