Поранешниот грациозен поглед, сега е обраснат со гранки и секаква вегетација. Сводовите се посебна приказна, несовесните и натаму си ги користат како тоалети од каде се шири непријатна миризба, засилена од топлото време, некои ја изразуваат и својата „уметност“ на нив, а од страната на „чаршијата“ се користат и како паркинзи...
А, долж Камениот мост, ќе ве пречекаат и деца со „жива музика“....
Барем попладнево, најмногу од оние кои го преминаа Вардар преку овој мост беа туристи кои велат, дека ваквите објекти во нивните држави се третираат како светост...
Скопјани велат дека ваквата ситуација покажува и на негрижата на иснтитуциите, но и на несовесноста на граѓаните...
Се изгуби и вечерната магија на камени мост која ја даваше осветлувањето, бидејќи голем дел од светилките не работат. Град Скопје распиша и тендер за илуминација, но истиот заглави во институциите.
Од конзерваторскиот центар велат дека не може да се дозволи секој да работи на објект од толку големо значење, а избраната фирма, не поседува проектант со законски определената лиценца...
Од Град Скопје велат дека е изготвен проект за илуминација на Камени мост, но информацијата, дека е доделен договор за изработка на осветлувањето според нив не е точна, истата велат, ќе започне по изборите.
Што се однесува до грижата и состојбата на Камени мост, од конзерваторски велат имаат ингеренции само да направат увид и да ги известат надлежните инспектори, уверуваат, дека состјбата е единствено во надлежност на градот...