Камениот Мост во Скопје целосно запуштен

Ова е тажната состојба на симболот на Скопје, кој што е врежан дури и во грбот. 

Со векови стариот „Камени Мост“, кој што го поврзува новиот со стариот дел на градот, неретко се корсти како попатен јавен тоалет.

– Срамота. Самата слика од тунелите згрозува, полни се со смет, расфрлана е дури и облека, а од камената конструкција која што е сквернавена со секакви натписи, веќе почнале да никнуваат трева и дрва.

Овој мост граѓаните велат е од историско значење и го сочинува духот на метрополата.

-Што за вас значи камениот мост – Историјата на Скопје.

-Камениот мост е симбол на градот Скопје.

- Историја.

-Кој може да замисли кога е правен и кој сега може вакво нешто да направи, затоа е многу значаен, не само за мене, за сите.

Но, односот кон една од најстарите градби во главниот град го коментираат како несовесен и омаловажување на овој споменик. нешто што покрај нашите граѓани, како главна атракција го посетуваат и туристите.

Тоа е чувството на луѓето, значи немаат култура, да има култура не би било така, на мостот треба да се внимава и да се чува. Ова е лоша слика за нас. Не би требало да го третираме вака, ама тоа до луѓето зависи. Кога образование на ниво, ќе имаме и одржување на средината во која што живееме. /Го користат како тоалет/ Тоа е појава која од поодамна се случува, тоа е менталниот склоп.

Навечер мостот речиси и да не се истакнува, како што е случај во сите европски метрополи кои ги истакнуваат историските симболи. Повеќе од половина од светлата поставени долж оградата не работат. Директорот на управата за заштита културно наследство пак смета дека совесноста на граѓаните е на добро ниво, според него, бездомниците го прават сметот, па апелираше до одржувачите на редот да бидат поажурни.

-Повеќе би сакал да апелирам до органите на редот, отколку до свесноста на граѓаните. Сметам дека свесноста е на релативно добро ниво, но за жал секогаш ќе имаме социјални случаи, односно за жал имаме бездомници кои штетат на вакви објекти. – Аријан Асланај – Директор на УЗК.

За ваквата состојба на мостот, контактиравме со Град Скопје прашувајќи ги што ќе се преземе за да се промени состојбата во која се наоѓа „камени“ – но досега одговор не добивме.

Параглајдерист преживеал пад од 30 метри- камерата го снимила ужасот (ВИДЕО)

Јутјуберот Ентони Вела го тестирал леталото над државниот парк во Аризона кога доживеал несреќа.

Тој објави видео од инцидентот на популарната платформа, откако падна на земја од околу триесетина метри, врескајќи и плачејќи.

Ентони некако повикал помош.

„Тој звучеше очајно, го повика диспечерот и рече дека се урнал со својата летечка машина“, беше објавено.

Неговиот пријател пристигнал за неколку минути, а властите „во живо“ ги следеле драматичните моменти, пренесува Дејли Стар.

Диспечерот го прашал пријателот дали жртвата имала повреди или крвари, а Ентони тврдел дека е добро. За жал згрешил, бидејќи подоцна било откриено дека има неколку скршеници.

На пат кон болница ѝ се јавил на сопругата и ѝ рекол: „Колабирав, ми се скрши раката. Ќе бидам добро, љубов, не грижи се“.

Исплашената жена одговорила: „Што сакаш да кажеш, не грижи се?“.

Се верува дека инцидентот бил предизвикан од дефект на моторот, а Јутјуберот ги предупредил луѓето тројно да го проверат секој дел пред да полетаат.

Доктор имал интимни односи со жени во ординацијата, додека пациенти чекаат на ред

На лекарот кој се снимал себеси за време на интимните односи во ординација, додека пациентите го чекале својот ред, му се заканува крај на кариерата.

Том Плимер (40) се појави во ТВ шоуто „Први средби“ уште во 2018 година, а снимката наводно ѝ ја покажал на својата колешка од Свиндон. Потоа ѝ испратил на медицинска сестра 197 експлицитни фотографии откако таа била „принудена во врска со него“.

Трибуналот кој се занимава со жалби против лекарите откри дека способноста на д-р Плимер за професионална работа била нарушена поради недолично однесување, пишува Дејли Меил.

Членовите на трибуналот слушнале дека тој наводно поканил две жени на лекар, кои ги запознал преку Интернет, а потоа водел љубов со нив во работното време.

Се тврди дека имал интимни односи со најмалку шест жени во канцеларијата, а на поранешните љубовници им испраќал контроверзни фотографии додека пациентите го чекале својот ред.

За време на неговото појавување пред трибуналот, д-р Плимер се извинил за неговото „одвратно однесување“.

Тој претходно беше прогласен за виновен по повеќе обвиненија, меѓу кои и шетање по извршена операција со откопчани панталони, испраќање експлицитни видеа, како и ставање рака на колешка на гениталиите.

Против него е поднесена дополнителна пријава за полови дејствија во ординација.

Медицинската сестра тврди дека започнала „пријателство“ со докторот по „двосмислените пораки за чоколадното зајаче“. Тој наводно ѝ се доверил дека е зависник од секс и разменил 5.000 пораки со неа.

Една порака наводно гласела: „Можам ли да ти дозволам да влезеш во некоја тајна? Ти си мојата омилена“.

Плимер ѝ покажал 197 фотографии и видеа на кои тој има односи со други жени, било кажано на Трибуналот.

Лекарот минатата недела изјави дека „се опоравува од зависноста“ со поддршка од пријатели и зема лекови. Тој признава дека испраќал експлицитни видеа на жени, но тврди дека сѐ било со согласност.

Трибуналот допрва треба да донесе конечна одлука за овој случај.

Полицијата ги растера студентите пред елитната Сорбона на пропалестински протести (ВИДЕО)

Полицијата растера десетици демонстранти кои денеска кампуваа во дворот на Универзитетот Сорбона во Париз за да протестираат против војната во Газа, изјави тамошен студент.

Протестите се случија три дена по протестите на елитниот универзитет Сајнс По во главниот град и следеа антиконфликтни собири во кампусите низ Соединетите држави, објави Франс24..

„Имаме секаква причина, како на Јеил, Колумбија, Сајнсс По... да го осудиме она што го гледаме дека се случува“, рече студент, кој се претставил само како Леонард, на друг митинг пред влезот на Сорбона.

Универзитетот, еден од најстарите во светот, ги затвори своите згради за време на мирните протести. Студентите извикуваа „Слободна Палестина“ и ја повикаа институцијата да го осуди Израел. Вкупно 253 заложници беа заробени во напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври. Според израелските податоци, членовите на Хамас во нападот убиле околу 1.200 Израелци.

Израел возврати со наметнување опсада на Газа и воздушен и копнен напад. Според здравствените власти во Газа, израелската војска убила најмалку 34.488 Палестинци во тие напади.

Неколку француски политичари, меѓу кои и Матилд Пано, која ја предводи левичарската група пратеници на ЛФИ во Националното собрание, ги повикаа поддржувачите на социјалните мрежи да се приклучат на протестите во Сорбона.

притисни ентер