Камчева: Се сеќавам на недоличното однесување на специјалната обвинителка Лиле Стефанова

Ана Камчева  сопругата на Јордан Камчев  во Кривичниот суд го започна своето сведочење на рочиштето на  „Рекет”  во кој се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13.

Кога мојот сопруг беше изведен кај судија на претходна постапка за случајот Империја во Кривичниот суд се сеќавам на недоличното однесување на специјалната обвинителка Лиле Стефанова која му се обрати на адвокатот Антонио Апостолски и му рече:

"Ништо не ми можеш Тони, моќта е кај мене, само треба да знаеш да ја искористиш".Го информирав Горан Николовски кој беше директор на УБК. На првата средба со него му кажав дека сум жртва на рекет и за лицата кои се инволвирани. Тој ме праша зошто немам доверба во институциите. Јас му кажав дека во мое присуство Бојан Јовановски разговараше со многу луѓе од власта меѓу кои и министерот за внатрешни работи, за кој се уверив во нивната блискост, рече Камчева.

Во продолжението на сведочењето сопругата на бизнисменот Јорфдан камчев , Ана истакна:

-Се договоривме со сопругот да ги исплатиме 500-те илјади евра, зашто, видовме, имаме проблем. Парите ги побарав од сметководителката Мими. Таа ги извади од нашите фирми. 350.000 евра беа ставени во несесер. Ги донесе дома мојата свекрва Ратка Камчева. Ги однесовме во станот на Јовановски во Орман. Беше таму девојчето што работи, Сергеј Варошлија, јас и Милески. Парите му ги дадов на Бојан, тој се шегуваше за несесерот, реагираше и на малите банкноти и виде дека фалат 150.000 евра кои Милевски рече дека ќе ги однесе.Јас не бев присутна во домот кога била исплатата на еден милион евра, но сопругот ми покажа спецификација, а потоа и снимките од видео надзорот, дополно Камчева.

Хамас: Повикот на Израел за евакуација на Рафа ќе доведе до колапс на преговорите за примирје

Официјален претставник на Хамас за порталот Вала изјавил дека повикот на Израел до цивилите да евакуираат делови од Рафа пред потенцијална копнена офанзива ќе доведе до колапс на преговорите за договор за заложниците и примирје.

- Израелската одлука да започне евакуација на населението ќе ги запре преговорите за договорот, кои добро напредуваа и бевме блиску до договор, изјавил претставникот на исламистичката терористичка група за новинската страница Вала.

- Нетанјаху е во илузија дека заканата за инвазија врз Рафа ќе изврши притисок врз Хамас, но тоа само ќе доведе до колапс на преговорите, вели претставникот, пренесува Тајмс од Израел.

Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово

Како што соопшти денеска полицијата, лицето е спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“ за доиздржување на казната.

Педесет и седумгодишник од неготинското село Долни Дисан, синоќа во 22 часот бил приведен од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Неготино, поради бегство од казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“, каде издржувал затворска казна.

Како што соопшти денеска полицијата, лицето е спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“ за доиздржување на казната.

Мегваер е надвор од терените до крајот на сезоната поради повреда

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер ќе биде надвор од терените поради повреда, објавија од прес-службата на клубот на социјалните мрежи.

Играчот ќе пропушти околу три недели, па повеќе нема да се појавува на теренот на преостанатите натпревари.

Оваа сезона фудбалерот одигра 22 натпревари за Манчестер јунајтед во англиското првенство, на кои постигна два гола и оствари две асистенции.

Вечер од 21 часот Манчестер јунајтед ќе се сретне со Кристал Палас на гостински терен.

притисни ентер