Камчев: Парите ги спакував во торба „Луј Витон“, Јовановски многу го љуби тој бренд

Околу два часа во Кривичниот суд трае сведочењето на сведокот на обвинителството во „Рекет“ Јордан Камчев.

Бизнисменот Камчев одговара на прашањата на обвинителката Вилма Русковски и адвокатите на одбраната.

Камчев имаше интересен одговор за полната торба со пари која Јовановски ја добил во неговиот дом.

„Не може да биде во торба Адидас, нема да личи. Му ги спакував во торба Луј Витон оти он многу го љуби тој бренд. Па уште ми замери и за тоа дека парите биле по 50 евра, а тоа беше намерно така за да му ја наполнам торбата“, одговори Камчев пред судот.

Бизнисменот Орце Камчев пред судот истакна и дека не само тој, туку и сопствениците на Пелистерка и Тинекс платиле пари за да не им бидат отворени, како што тој ги нарече, измислени предмети.

Камчев при сведочењето истакна дека овие лица се уплашиле и не се одважиле да го кажат тоа.

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за случајот „Рекет" во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

Протест на британските плажи поради загадување на водата

Илјадници луѓе ширум Велика Британија се собраа вчера на плажите, реките и езерата за да побараат промени на нивоата на загаденост на водата во земјата.

Демонстрантите се собраа во областите за капење од Западниот Пјер во Брајтон до плажата Гилингвасе во Фалмут по извештаите дека милиони литри вода од канализација биле испумпани во Виндермер во областа Лејк за повеќе од 10 часа во февруари.

Ситуацијата од опозициските политичари беше окарактеризирана како „скандалозна“, додека Лондон рече дека ситуацијата е „целосно неприфатлива“ и дека Агенцијата за животна средина има овластување да покрене кривично гонење.

Испумпувањето се случило во пумпната станица на компанијата во Бонс-он-Виндермер, Камбрија, ноќта на 28 февруари, пишува „Индипендент“.

Пумпите за итни случаи испуштија повеќе од 10 милиони литри вода од канализација во местото на светското наследство на УНЕСКО, откако главните пумпи беа нагло прекинати поради дефект на телекомуникациите. /МИА

Брајтон објави за заминување на тренерот Де Зерби

 Прес-службата на премиерлигашот Брајтон објави дека Роберто Де Зерби ќе ја напушти функцијата главен тренер на клубот на крајот од сезоната 2023/24.

Раководството на Брајтон се договорило со 44-годишниот фудбалски стручњак за предвремен раскин на договорот кој е со важност до летото 2026 година.

Претходно беше објавено дека Баерн Минхен е заинтересиран да го покани италијанскиот тренер.

Де Зерби дојде во Брајтон во септември 2022 година. Под негово водство тимот освои 38 победи, 20 пати ремизираше и претрпе 30 порази.

Оваа сезона Брајтон е на 10. место во поредокот во Премиер лигата, со 48 бодови од 37 натпревари. /МИА

Традиционалната манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ се одржа во Тетово

Културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од тетовско Теарце вчера ја одржи традиционалната манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ.

Годинава, сите учесници учествуваа на дефилето низ Теарце, а потоа концертот се одржа во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово.

Покрај домаќините, со своите настапи учествуваа гости-играорци КУД „Чигра“ од Инџија и КУД „Симонида“ од Ранилуг, двете од Србија, потоа македонските КУД „Брвеница“ од Брвеница, Група Сербез при фолклорен ансамбл „Гоце Делчев“ од Битола.

-Овие млади играорци покажаа и докажаа дека се вистински амбасадори на македонскиот фолклор и култура. Благодарноста до нашите гости кои го збогатија вечерашниот коцнерт, истакна на концертот Гоце Симјановски, претседател на КУД „Кирил Пејчиновиќ“.

Домаќините од КУД „Кирил Пејчиновиќ“ наспатапија со повеќе возрасни групи кои ги изведоа кореографиите „Драчевка“, Елено моме“,и „Малешевка“ и други ора и песни. /МИА

притисни ентер