СветКамбоџа усвои закон за одземање на државјанство поради дослух со странциПарламентарците во Камбоџа денеска усвоија закон со кој се дозволува одземање на камбоџанско државјанство на лицата обвинети за „дослух со странци“.Мерката беше критикувана од групите за човекови права, стравувајќи дека може да се користи против политичките противници. Точно 120 пратеници присутни во Националното собрание, вклучувајќи го и премиерот Хун Манет, едногласно го одобрија законот. Коалиција од 50 групи за човекови права предупреди дека законот е „нејасно напишан“ и дека ќе „има катастрофален, застрашувачки ефект врз слободата на изразување на сите камбоџански граѓани“. Законот сè уште треба да биде усвоен од Горниот дом на Парламентот на Камбоџа пред да биде потпишан од шефот на државата, но тоа се смета за формалност. Организациите за човекови права редовно ја обвинуваат Камбоџа за потиснување на секое несогласување и газење на основните слободи. Во последниве години, властите ги засилија гонењата на истакнати опозициски личности кои останаа во земјата, а некои беа осудени на затворски казни.Тагови: државјанство Камбоџа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНе помина интерпелацијата за министерот Панче ТошковскиСо 77 гласа против, 58 за и 17 воздржани во Собранието не беше изгласана интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица.На гласањето му претходеше жестока расправа во Собранието. Опозицијата обвинува за селективно постапување на полицијата, политички мотивирани акции, безбедносни пропусти... Тошковски пак, во иницијативата гледа евтин политички обид да се закочи расчистувањето со криминалот и корупцијата.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
ЖивотНа Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)Вработените во јавната установа Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник. Од установата на Фејсбук објавија дека малата срна ја спасил раководителот на помошно-техничкото одделение и ренџер во установата. По спасувањето, вработените презеле дополнителни активности за срната повторно да биде вратена во својата природна средина. Со помош на емитирање на звуци малата срна повторно беше споена со својата мајка“ посочуваат од Националнот парк Пелистер. Тагови: НП Пелистер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со ТрампИталијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.Тагови: Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook