Борците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.
1Борците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.
3Светски ден на ерадикација на карциномот на грло на матка: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
СветКамала Харис избира меѓу тројца кандидати за потпретседател Американската потпретседателка Камала Харис денеска во својата резиденција во Вашингтон зборува со тројцата водечки демократски кандидати за потпретседател, пред конечната одлука за нејзиниот најблизок соработник на ноемвриските претседателски избори.Харис е домаќин на гувернерот на Минесота Тим Волц, сенаторот од Аризона Марк Кели и гувернерот на Пенсилванија, Џош Шапиро. Се очекува Харис да го објави својот избор веќе утре, пред нејзиното прво појавување во јавноста со потпретседателскиот кандидат во вторник во Филаделфија. Кампањата на Камала Харис, исто така, планира да објави на социјалните мрежи кој ќе биде потпретседател, изјавија за Ројтерс официјални лица запознаени со договорот. Не е познато, јавува Би-Би-Си, дали Харис денеска разговарала со други потенцијални кандидати, вклучувајќи го гувернерот на Кентаки Енди Бешеар и секретарот за транспорт Пит Бутиџиг, со кои се сретна во петокот. Таа мора да донесе одлука пред конвенцијата на демократите, која почнува на 19 август во Чикаго. Откако ќе биде објавен кандидатот за потпретседател на Демократската партија, тој и Харис ќе ги обиколат државите каде што демократите и републиканците имаат слична поддршка од гласачите. Шапиро би можел да ѝ помогне на Харис да ја освои Пенсилванија. Но, тој заработи остри критики од левицата за неговата поддршка за Израел и за начинот на кој се справи со студентските протести за Газа. Марк Кели, поранешен пилот на морнарицата и астронаут на НАСА, стана водечки глас за безбедноста на оружјето, а неговиот цврст став за границите и повремената критика на администрацијата на Бајден може да им се допадне на независните и конзервативни гласачи. Волц, кој служеше 12 години во Конгресот пред да стане гувернер на Минесота во 2019 година, стана омилен меѓу прогресивците и младите луѓе кои уживаат во неговите напади врз поранешниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп. Изборот на потпретседателски кандидат е една од најважните одлуки во политичката кариера на Камала Харис додека таа се подготвува да го предизвика Доналд Трамп на изборите на 5 ноември, откако претседателот Џо Бајден се откажа од трката минатиот месец. Нејзиниот потесен избор на кандидати вклучува белци со искуство во освојување на рурални, бели или независни гласачи. Нејзината одлука ќе влијае и на идната насока на Демократската партија, издигнувајќи го избраниот кандидат во првите редови на идните претседателски натпревари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотБорците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.Борците во рингот,браќата Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилничкото однесување во елитен хотел во Абу даби. Грузискиот УФЦ-борец и шампион, Мераб Двалишвили, бил физички нападнат од браќата Нурмагомедов, Усман и Умар. Тој тврди дека напаѓачите го изненадиле од зад грб додека тој и еден негов пријател извршувале медиумски обврски пред меч. Како што подоцна беше објавено, едно од лицата било осудено на шест месеци затвор поради тепачка во хотелско лоби во Абу Даби, во која учествувале непоразениот ПФЛ-шампион Усман Нурмагомедов и ММА-борецот Мераб Двалишвили. Властите во Абу Даби потврдија дека казната за осумтемина обвинети е променета – тие нема да издржуваат затворска казна, туку ќе треба да платат парична казна од 150.000 дирхами, односно 41.000 долари. Според информациите објавени во ММА медиумите и од извори блиски до случувањата, дошло до помирување меѓу грузиските и руските борци, бидејќи Мераб Двалишвили и неговиот пријател Саба Лазишвили не побарале кривично гонење на семејството Нурмагомедов. Целиот случај се одрази врз спортските планови на Умар Нурмагомедов, кој требаше да се бори против живата легенда на УФЦ, Јураја Фејбер. Full footage of Merab Dvalishvili and Usman Nurmagomedov brawling just dropped DAAAAMN 🤯 (via @RedCorner_MMA) https://t.co/fQhGhUH6Ws — Happy Punch (@HappyPunch) November 11, 2026 Неговиот настап беше откажан, а на негово место настапи Лазишвили. Браќата Нурмагомедов сега се на слобода, а останува да се види какви ќе бидат понатамошните последици од овој инцидент.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
МакедонијаУапсен раководител во ДЗС - барал мито за да издаде позитивно мислење500 евра поткуп за позитивно мислење за изградба на објект. Ваква пријава добил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, од граѓанин кој му се пожалил дека советник за урбанистичко планирање од ДЗС, му побарал пари.500 евра поткуп за позитивно мислење за изградба на објект. Ваква пријава добил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, од граѓанин кој му се пожалил дека советник за урбанистичко планирање од ДЗС, му побарал пари за издавање на потребното мислење. Ангелов вели дека веднаш го упатил лицето случајот да го пријави во МВР. По пријавата следувала полициска акција и апсење на вработениот, кој сега е осомничен за кривично дело примање поткуп. -Пред неколку дена добив повик од граѓанин кој ми се пожали дека од страна на лице вработено во ДЗС како Советник за урбанистичко планирање му биле побарани 500 евра за да добие позитивно мислење потребно за изградба на објект. Засегнатото лице го упатив случајот веднаш да го пријави во Одделот за организиран криминал на МВР. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на безмалку сите вработени во ДЗС кои чесно, совесно и пожртвувано ги извршуваат своите работни обврски,- – Стојанче Ангелов, директор на ДЗС. Од МВР информираат дека лицето било лишено од слобода во координација со Обвинителството. По целосно документирање на случајот најавија соодветна кривична пријава. Од ОЈО велат дека јавнообвинителска одлука ќе биде донесена утре. -Се постапува за обезбедување докази. Лицето е задржано по насоки на јавен обвинител, а во текот на утрешниот ден ќе биде донесена јавнообвинителска одлука,- – ОЈО Скопје. Ангелов ја поздрави акцијата и ги повика граѓаните кои се соочуваат со незаконско постапување од страна на вработени во Дирекцијата, случаите веднаш да ги пријават во надлежните институции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВидео: Актерката Лидија Вукичевиќ полиена со јогурт пред Собранието на СрбијаМегапопуларната српска актерка Лидија Вукичевиќ пред да влезе во Собранието на Србија е полеана со јогурт.Една од идните пратенички од листата собрана околу СНС, Лидија Вукиќевиќ, е полиена со јогурт на скалите пред Собранието на Србија. Лидија Вукичевиќ утрово беше полиена со јогурт од страна на Марија Радовановиќ, поранешна секретарка на Медицинскиот факултет во Белград, во моментот кога пристигнала пред Собранието на Србија. Пратеничката од редовите на СНС дојде на конститутивната седница на Собранието на Србија во црно-бела комбинација, а носеше и капут со интересен крзнен детаљ околу вратот. Посебно внимание привлече нејзиниот избор на модни додатоци – таа се одлучи за чанта и очила од брендот „Гучи“. Станува збор за црн кожен часовник во „винтиџ“ стил, чија цена изнесува околу 3.000 евра, додека очилата од истиот бренд чинат околу 800 долари. View this post on Instagram A post shared by Mihajilo Popovic Jr. (@jr_superstar_) Откако беше полиена и влезе во Собранието, видно вознемирената актерка им се обрати на присутните медиуми, веднаш по лидерот на СНС, Александар Вучиќ. Актерката одлучи да не ги извади очилата, а бидејќи гласот ѝ трепереше, се претпоставува дека таа се расплакала.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook