Почнува новото поглавје за младите на ЗНАМ: Мила Петрушевска избрана за претседателка на Клубот на млади
2Почнува новото поглавје за младите на ЗНАМ: Мила Петрушевска избрана за претседателка на Клубот на млади
1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
СветКамала Харис ги повикува Американците да му се спротивстават на Трамп Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, вчера ги повика Американците да се обединат против претседателот Доналд Трамп.Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, вчера ги повика Американците да се обединат против претседателот Доналд Трамп за време на, како што ја нарече, „најголемата економска криза предизвикана од човекот во модерната претседателска историја“. Харис изјавата ја даде во својот најголем говор откако ја напушти функцијата, што претставува еден вид политичко враќање за демократскиот претседателски кандидат откако Трамп ја победи на изборите минатата година. Таа се смета за силен кандидат за гувернер на државата Калифорнија следната година ако одлучи да влезе во трката и би можела повторно да се кандидира за претседател. Коментирајќи ги првите 100 дена на Трамп на функцијата, Харис рече дека царините, кои се централен дел од економската политика на Трамп, „очигледно повикуваат на рецесија“. Таа оцени дека политиките на Трамп ги фаворизира богатите и ја опиша неговата „тесна, себична визија“, во која тие „ги казнуваат оние што ја кажуваат вистината, ги фаворизираат лојалистите, ја монетизираат својата моќ и им дозволуваат на сите други да се грижат сами за себе“. Харис гаворот го оддржа во нејзиниот роден град, областа на заливот Сан Франциско, на настан организиран од организацијата „Emerge America“. Организацијата се залага за избор на жени од Демократската партија на јавни позиции и ја започна својата работа по првата кандидатура на Харис во Сан Франциско. Во бурниот почеток на неговиот втор мандат, Трамп потпиша 142 извршни наредби, повеќе од кој било друг претседател, покажува „American Presidency Project“, на Универзитетот во Калифорнија. Крајот на првиот квартал, исто така, претставуваше први намалување на американската економија во последните три години. Трамп го обвини поранешниот претседател Џо Бајден за слабиот БДП. Поддршката за Трамп падна на 42 проценти, при што 36 проценти од Американците го одобруваат неговото управување со економијата, покажа еодамнешната анкета на Ројтерс/Ипсос. Истата анкета, исто така, покажа дека демократите (71 процент) имаат помала доверба во своето лидерство отколку републиканците (83 проценти). Харис повика на отворено спротивставување, повикувајќи ги своите сојузници да проговорат и пофалувајќи ги сенаторите Кори Букер, Берни Сандерс и активистите за „моралната чистота“ и храброста. Таа предупреди на уставна криза што се заканува доколку Конгресот или судството „не успеат во својата улога“.Тагови: Доналд Трамп САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
СудбинаНајстарата стјуардеса заминува во пензија по 63 години поминати на небо- ја испратија како легенда (ВИДЕО)Ветеранката стјуардеса Керол Фер (83) се пензионира по 63 и пол години во авијацијата, а нејзиниот последен лет е закажан за понеделник, 26 октомври 2026 година, со лет на „Американ ерлајнс“ од Лондон Хитроу (LHR) до Шарлот (CLT). Таа ја започна својата кариера во 1963 година во „Пидмонт ерлајнс“, а преку спојувања на авиокомпании заврши во „Американ ерлајнс“, каде што сега го има најдолгиот стаж меѓу активните стјуардеси. Нејзиниот последен лет има и посебна симболика: во 1987 година работеше на првиот лет на „Пидмонт ерлајнс“ од Шарлот до Лондон, а кариерата ќе ја заврши со повратен лет од Лондон до Шарлот. Нејзиниот прв лет беше интервју за работа Керол Фер отиде на локален аеродром во 1963 година барајќи работа. Таа понуди да се јавува на телефони, да пишува авионски билети и да прави кафе, но раководителот на станицата ѝ предложи да стане стјуардеса. Никогаш порано не летала со авион. Така, патот до интервјуто за работа стана нејзиниот прв лет. Таа ја започна својата кариера во „Пидмонт ерлајнс“, а подоцна, преку спојувања на авиокомпании, се пресели во „Ју-Ес ервејс“, а потоа во „Американ ерлајнс“. Сепак, нејзиниот однос со втората компанија започна со отфрлање. „Американ ерлајнс“ еднаш ја сметаше за несоодветен кандидат, објаснувајќи дека не е „американски материјал“, односно дека не се вклопува во профилот што го бараше компанијата. Повеќе од шест децении подоцна, таа ја напушта истата компанија како стјуардеса со најдолг активен стаж. Последниот лет ја враќа на една од најважните линии во нејзината кариера Датумот на крајот на нејзината кариера има и посебна симболика. На 15 јуни 1987 година, Фер работеше на првиот лет на „Пидмонт ерлајнс“ на линијата Шарлот-Лондон, а нејзиниот последен работен лет ќе ја врати од Лондон назад во Шарлот. Традиционалниот поздрав со водени топови се очекува и за пристигнувањето на авионот. „Уживав во секоја минута“, му рекла Фер на новинарот Тед Рид, објавува „Форбс“. Според нејзината пријателка, Фер и претходно поднела известувања за пензионирање, но се предомислила и ги повлекла. Овој пат, разделбата е тешка за неа. Фер истакнува дека го достигнала врвот на таканаречената листа на стаж меѓу околу 30.000 вработени во таа категорија и дека „нема повисок ранг што би можела да го постигне“. Кариерата што започнала кога претседателот на САД Џон Ф. Кенеди бил претседател опфати огромни промени во авијацијата, од сосема поинаков начин на патување до глобалната мрежа на рути што ги знаеме денес. По 63 и пол години, Керолајн Фер ќе ја заврши својата „смена“, или лет, за последен пат и ќе го напушти авионот. Таа ја напушта професијата на која ѝ го посветила речиси целиот свој работен век, а компанијата што некогаш ја отфрлила ја испраќа како еден од своите најискусни вработени.Тагови: стјуардеса Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиМакедонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев Александар „The Great“ Волкановски, австралискиот УФЦ-борец со македонско потекло, оствари спектакуларна победа над непоразениот Мовсар Евлоев на УФЦ 333!На денешниот голем настан UFC 333 во Абу Даби, тој приреди вистински спектакл и ја одбрани светската шампионска титула во перолесна категорија со спектакуларен технички нокаут во втората рунда против досега непоразениот Мовсар Евлоев. Според резултатот прикажан на официјалниот пренос, Волкановски славеше со технички нокаут во втората рунда, на 4:54 минути! Волкановски никогаш не го крие своето македонско потекло. Неговиот татко потекнува од селото Беранци, Битолско, а борецот роден и израснат во Австралија гордо го носи презимето Волкановски.Тагови: Александар Волкановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПротести во Португалија: Повредени седуммина демонстранти, 31 уапсен во интервенција на полицијата Најмалку седум лица беа полесно повредени, а 31 беа уапсени рано утрово во Лисабон и Порто кога португалската полиција интервенираше за да ги отстрани шаторите поставени од демонстрантите.Најмалку седум лица беа полесно повредени, а 31 беа уапсени рано утрово во Лисабон и Порто кога португалската полиција интервенираше за да ги отстрани шаторите поставени од демонстрантите кои протестираа против кризата со домувањето и високите трошоци за живот. „Полициската акција беше целосно непропорционална“, рече пратеникот од Левичарскиот блок, Фабијан Фигеиредо, нагласувајќи дека немало нарушување на јавниот ред и мир, објави Луса. Демонстрантите поставија повеќе од 100 шатори откако неколку илјади луѓе учествуваа на протестен марш во Лисабон во саботата. Неколку стотици луѓе се собраа за да го заштитат кампот откако полицијата отстрани сличен камп на истото место во вторникот. Во Португалија, цените на недвижностите се зголемија повеќе од двојно од 2017 година, додека кириите за нови договори за закуп речиси се удвоија. Меѓу најтешко погодените од ситуацијата се младите луѓе, кои се оние кои ги започнаа протестите на прво место. Протестите поради кризата со домувањето во Португалија, што доведе до поставување шатори во центарот на Лисабон, започнаа на 10 октомври во Порто, а потоа се проширија во Лисабон и други градови. Во Лисабон, на 17 октомври, по протестниот марш на илјадници луѓе, започна поставувањето шатори на плоштадот Росио. Полицијата интервенираше на 20 октомври и ги отстрани камповите во Лисабон и Порто.Тагови: Португалија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38