Калевска-Ванчева:Никогаш нема да прифатиме пазар за избегнување на предметите на СЈО или за кој било друг случај - Канал 5

Калевска-Ванчева:Никогаш нема да прифатиме пазар за избегнување на предметите на СЈО или за кој било друг случај

Во наредниот период до распуштањето на Собранието нас пратениците не чекаат сериозни и важни одлуки.

Калевска-Ванчева:Никогаш нема да прифатиме пазар за избегнување на предметите на СЈО или за кој било друг случај

Од нашите одлуки зависи иднината на државата, зависи нашиот евроинтеграциски процес и нашето членство во НАТО.

СДСМ како одговорна партија докажа дека интересите на граѓаните ни се на прво место. Покажавме дека сме посветени на владеење на правото и на европската иднина на државата.

Време е и нашите колеги од ВМРО-ДПМНЕ да сфатат дека иднината на нашите граѓани и нашата држава се најважни и конечно да престанат да го штитат криминалот во своите редови и да заборават на тесно партиските интереси.

Предлог законот за јавно обвинителство од утре влегува во собраниска процедура. Закажана е јавна расправа за овој закон, а во наредниот период за законот ќе се расправа и на пленарна седница.

Ниту еден политички субјект нема право да ја држи земјата во заложништво, како што тоа го прави ВМРО ДПМНЕ со Законот за Јавно обвинителство.

Предложеното законско решение го подобрува системот на борба против криминалот и корупцијата и ја гарантира евроатланската интеграција на државата. Токму затоа, никој не смее неосновано и само заради лични цели да го опструира неговото усвојување.

Сите демократски капацитети во државата и нашите стратешки меѓународни сојузници го поддржуваат законското решение кое обезбедува независност и професионалност на јавните обвинителства.

Законот за јавно обвинителство овозможува сите предмети на СЈО, но и сите останати случаи, да имаат професионална и објективна завршница, затоа што само така ќе ја вратиме довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Политиката мора да остане надвор од изборот на обвинителите за да им се остави простор за независно, стручно и објективно постапување, а тоа ќе го постигнеме само ако го донесеме законот.

Никогаш нема да прифатиме пазар за избегнување на предметите на СЈО или за кој било друг случај, а со тоа и бегање од кривичната одговорност на сегашни и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Секое договорање и амнестирање на одговорноста за функционерите на ВМРО ДПМНЕ и штети на државата затоа што се загрозува европската перспектива и јавната доверба во правниот систем.

Република Македонија и нејзините граѓани заслужуваат европска и светла иднина.

Граѓаните бараат развој и напредок, наспроти заштитата на криминалот и ретроградните политики што ги промовира ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ ја води државата на вистинскиот пат, граѓаните тоа го знаат и ќе го потврдат на 12 април со уште еден пораз за ВМРО-ДПМНЕ и политиките диригирани од Будимпешта.

Снежана Калевска-Ванчева, пратеничка на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија ги менува правилата за евакуација по заканите со бомби во илјадници училишта

Италијанската влада ќе воведе нови правила за справување со безбедносни закани, вклучително и масовни закани преку е-пошта. 

Италија ги менува правилата за евакуација по заканите со бомби во илјадници училишта

Според новите правила, по правило, зградите нема да бидат евакуирани освен ако нема конкретни докази дека опасноста е реална, беше објавено денес.

Одлуката доаѓа откако вчера низ цела Италија беа евакуирани бројни училишта поради закани за бомби, кои ги примија околу 6.300 училишта. Ова е најновиот во низата случаи на лажни тревоги и сајбер напади што ги погодија училиштата, супермаркетите, центрите за дарување крв, системите за воздушен сообраќај и медиумските куќи низ цела Европа во последните денови.

Многу училишта беа затворени веднаш по примените закани. Ова предизвика големи проблеми бидејќи родителите мораа да брзаат да ги земат своите деца, а паниката се прошири на социјалните медиуми.

Денеска нови закани за 1800 училишта

Денес пристигнаа нови закани, како резултат на што некои училишта повторно се затворени. Според извори од италијанската влада, околу 1.800 училишта добиле нови закани за бомби преку е-пошта. Римската полиција потврди дека повеќе училишта пријавиле закани, но во помал број отколку вчера. Тие рекоа дека нема докази што ги поткрепуваат.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони ги покани лидерите на опозицијата на состанок за да разговараат за тоа како да се реагира на слични ситуации во иднина. „Зградите не треба да се евакуираат ако нема конкретни индикатори што укажуваат дека опасноста е реална, а не ако станува збор за примање масовна е-пошта“, објави нејзината канцеларија.

Некои европски претставници се сомневаат дека Русија би можела да стои зад кампањата што го нарушува секојдневниот живот во европските земји што ја поддржуваат Украина. Италијанските претставници изјавија дека сè уште немаат докази за да го потврдат таквото сомневање. Русија ги отфрла обвинувањата за вмешаност и тврди дека Западот води кампања за клевета против неа.

Опозицијата ја критикуваше Мелони за сајбер безбедноста

По двочасовниот состанок со премиерката, лидерите на опозицијата од центарот и левицата изјавија дека владата мора да предложи конкретни решенија за ваквите закани. Во исто време, тие ја критикуваа Мелони за, како што тврдат, премалку инвестиции во сајбер безбедноста.

„Како се потрошени парите досега? Вчерашниот аларм можеше да се реши со помош на добра антивирусна програма“, рече поранешниот премиер Матео Ренци, шеф на центристичката партија Италија Вива. Италија не е единствената европска земја погодена од оваа кампања, но нејзината првична реакција предизвика многу поголеми проблеми отколку во другите земји.

Властите во Шкотска, Северна Ирска и Република Ирска објавија дека голем број училишта добиле и заканувачки е-пораки од странство. Сепак, тие проценија дека станува збор за лажни извештаи и не ја прекинаа наставата.

„Го прашавме ирскиот премиер зошто властите во таа земја однапред ги предупредиле училиштата и им советувале да останат отворени, бидејќи овие е-пораки не се сметале за закана“, рече Никола Фратоани од Зелената и левичарската алијанса (Alleanza Verdi e Sinistra).

Бараат поголеми инвестиции во заштитата

Опозиционите партии го обвинија Мелони дека им дава приоритет на инвестициите во класична воена опрема, а ги игнорира сајбер заканите, кои ги сметаат за поитни.

„Ни треба посилна координација меѓу телата одговорни за сајбер безбедноста и предложивме пренасочување на дел од достапните ресурси кон сајбер одбрана“, рече Ели Шлајн, лидерка на главната опозициска Демократска партија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски: компромиси во политиката – да, но не и со владеењето на правото!

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија останува во Владата сè додека се почитуваат договорените коалициски принципи, но нема да прифати решенија што го усложнуваат правниот систем и го доведуваат во прашање уставниот поредок на државата.

Димитриевски: компромиси во политиката – да, но не и со владеењето на правото!

Ова го истакна претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија, говорејќи за актуелните политички прашања, предлогот за полагање на правосудниот испит на албански јазик и односите во владината коалиција.

„Во политиката постои компромис, но во владеењето на правото нема компромис. Предлогот на министерот Шасивари е хибридно решение, а триумфализмот е неоснован, бидејќи Владата нема донесено одлука, туку предлогот е испратен на мислење во Венецијанската комисија. Согласно Уставот и постојниот закон, не постои можност правосудниот испит да се полага на албански јазик“, истакна Димитриевски.

Тој потенцираше дека доколку вакво решение биде доставено до Собранието, ЗНАМ ќе се произнесе негативно, а доколку ставот на партијата не биде почитуван, ќе го преиспита своето учество во Владата.

Димитриевски нагласи дека ЗНАМ не учествувал во каков било политички договор за ова прашање и очекува на најавената лидерска средба во декември партијата да биде активно консултирана, а не само дополнително информирана.

Тој упати порака дека заштитата на правниот поредок, легализмот и почитувањето на Уставот се принципи од кои ЗНАМ нема да отстапи.

Притоа посочи дека правосудниот испит имаат право да го полагаат дипломирани правници со една или две години работен стаж на правни работи, а не студенти, и дека во правосудниот систем прецизното разбирање на правната терминологија и познавањето на официјалниот македонски јазик се од круцијално значење.

Осврнувајќи се на односите во владината коалиција, Димитриевски оцени дека соработката со ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски е конструктивна и одлична.

Тој ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека ЗНАМ креира вештачка политичка криза за предизвикување предвремени избори, нагласувајќи дека одлуката за избори е во надлежност на премиерот.

Во однос на политичките барања на ДУИ за правосудниот испит, Димитриевски оцени дека станува збор за иницијатива која повторно ја отвора темата за прашања што веќе биле предмет на политички расправи, а упати порака до моноетничките политички партии дека мора да ги почитуваат законите и институциите на државата.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Играч на Челзи, вреден 85 милиони евра заминува веќе во јануари

Францускиот репрезентативец Мало Густо (23) размислува да го напушти Челзи во зимскиот преоден рок. 

Играч на Челзи, вреден 85 милиони евра заминува веќе во јануари

Десниот бек на лондонскиот клуб го изгуби своето место во почетниот состав откако Чаби Алонсо го презеде тимот, а незадоволството од времето за играње може да доведе до негов трансфер веќе во јануари, пишува Би-Би-Си:

Густо не започнал натпревар во Премиер лигата повеќе од два месеци. Алонсо сè повеќе му дава приоритет на 20-годишниот Џош Ачеампонг на позицијата десен бек, иако капитенот на тимот Рис Џејмс е повреден. Французинот така се најде на втор план, и во моментов не е познато дали Челзи ќе се согласи на неговото заминување во текот на зимата.

Челзи побара 85 милиони евра ова лето

Лондонскиот клуб беше отворен за продажба на Густ уште во текот на летото, кога тој побара 75 милиони фунти, или околу 85 милиони евра. Меѓу заинтересираните клубови беше Манчестер Сити, воден од поранешниот менаџер на Челзи, Енцо Мареска. Сепак, не е познато дали интересот за англискиот тркач сè уште постои.

Густо пристигна во Челзи од Лион во 2023 година за 26,3 милиони фунти. Неговиот договор со лондонскиот клуб е важечки до летото 2030 година, а својот стоти настап во Премиер лигата го имаше влегувајќи од клупата во поразот од Сандерленд (0:1) непосредно пред репрезентативната пауза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер