Календарски или метеоролошки метод за одредување на почетокот на пролетта - Канал 5

Календарски или метеоролошки метод за одредување на почетокот на пролетта

Годинава пролетта почна денеска, во 04:06 часот, додека во исто време започна есента за жителите на јужната хемисфера.

Календарски или метеоролошки метод за одредување на почетокот на пролетта

Годинава пролетта започна на 20 март, а ќе трае до 20 јуни кога започнува летото. По зимата, часовникот се поместува кон летно сметање на времето. Додека на северната хемисфера е пролет, на јужната хемисфера е есен и обратно, така што нема датум за почеток на оваа сезона кој би бил универзален за сите делови на светот.

Земјата не се движи со постојана брзина во својата елипсовидна (овална) орбита, така што годишните времиња не се со еднаква должина. Пролетта во просек трае 92,8 дена на северната хемисфера и 89,8 дена на јужната хемисфера.

Пролетта започнува во Македонија секоја година со преминувањето на Сонцето на северната хемисфера. На тој ден Сонцето изгрева на исток и започнува рамноденицата, односно и денот и ноќта ќе траат точно 12 часа.

Денот постепено станува подолг од денот на зимската краткоденица на 21 декември и продолжува да се зголемува до почетокот на летото.

Претходно, училиштата учеа дека сите годишни времиња, освен есента, започнуваат на 21 во месецот. Но, пролетта веќе неколку децении пристигнува еден ден порано, на 20 март. И тоа се должи на два различни методи за одредување на почетокот и крајот на годишните времиња - календарски или метеоролошки.

Во што е разликата?

Календарскиот почеток на пролетта се нарекува и астрономски почеток на пролетта. Бидејќи календарските сезони се одредуваат според положбата на Земјата во однос на Сонцето и одговараат, така да се каже, на „природните“ годишни времиња.

Во метеорологијата, годишните времиња секогаш започнуваат на првиот ден од соодветниот месец. Тие ја делат годината на четири фиксни сезони од по три месеци. Метеоролозите ја користат оваа вештачка класификација за да создадат четири константни сезони и да работат со споредливи временски периоди.

Во стариот Рим, првиот ден од пролетта се славел како почеток на новата година. Долго пред Римјаните, Келтите го славеле првиот ден од пролетта како воскресение на Сонцето. За многумина пролетта значела будење, создавање и раѓање на нешто ново.

Најпознати предвесници на пролетта се раната јаглика, кокичето, водениот крин, нарцис, темјанушки и други. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Критичните минерали – неискористена економска можност за Македонија

Околу милиони тони бакар, илјада тони сребро и 150 тони злато се потенцијалот зад рудникот Иловица, проект кој според експертите со години останува неискористена економска можност. 

Критичните минерали – неискористена економска можност за Македонија

Професорката по геологија и екс-заменик министерка за животна средина Соња Липиткова објаснува дека технологиите за ископ и преработка на метали значително напредувале, а како пример го посочува сувото одлагалиште – современо решение за складирање на рударската јаловина. За разлика од класичните влажни јаловишта, по филтрацијата останува материјал со околу 90 проценти цврсти материи и 10 проценти вода, што значи помал ризик од истекување, помала потрошувачка на вода и полесно стабилизирање на теренот. Липиткова вели дека Македонија има стручни кадри и експертски потенцијал за примена на вакви технологии.

-Тоа не треба да биде пречка никако, градењето на капацитетите на стучната фела бидејки тие како такви постојат и се докажани. Нашите инженери од сверата на геологијата, рударството, металургијата и останатите инженерски области кои што треба да бидат на некој начин вклучени капацитети имаат висок потенцијал и научен и професионален и експертски и стручен,- Соња Липиткова – професорка по геологија.

Липиткова објаснува дека само почетната инвестиција за отворање на рудникот би изнесувала повеќе од 500 милиони евра, а дополнителен ефект би имале и придружните дејности – од изградба на инфраструктура и објекти, до развој на услужниот сектор. Придобивките, додава таа, би се почувствувале и преку нови работни места, приходи за локалните заедници и развој на други економски сектори.

- Низ годините наназад се гледа дека во одредени делови на Македонија рударските капацитети допринеле не само за развој на местото каде што постојат, туку на целиот регион, па и на целата држава. Ова е моментот кога Европа и целиот свет кубурат за ретки и расеани критични минерали кои што ние ги имаме и тој момент треба да го искористиме, но секако се она што ќе се работи да биде со високи перформанси, еколошки и со запазени стандарди и од тоа да нема никаква отстапка,- Соња Липиткова – професорка по геологија.

По реакциите од дел од невладините организации за можните влијанија врз животната средина, „Еуромакс Ресоурцес“, компанијата инвеститор во рудникот, во 2023 година испратила писмо до Министерството за животна средина, во кое информирала дека планира примена на современи технологии, меѓу кои и сувото одлагалиште. Експертите посочуваат дека, доколку се создадат соодветни технолошки и економски услови, материјалот што се одлага во иднина може да има потенцијал за дополнителна преработка и искористување на преостанатите вредни минерали.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започнува примената на мерит системот во јавната администрација – вработување само според компетенции

Почнува примената на мерит системот во јавната администрација – ресорното министерство ја промвираше новата рамка за вработување заснова на заслуги, интегритет и компетенции..

Започнува примената на мерит системот во јавната администрација – вработување само според компетенции

Отсега вработувањата и напредувањата во јавниот сектор ќе зависат од знаењето, реформата на јавната администрација не е успех само кога е на хартија туку кога навистина ќе се спроведе во пракса порача ресорниот министер Горан Минчев.

Визијата на министерството, вели е јавна администрација каде вработувањето и напредувањето ќе завистат од знаење и компетенции а институциите ќе располагаат со професионални службеници кои ќе обезбедат квалитетни услуги за граѓаните.

„Новиот мерит интегритет и компетентност базиран систем за вработување, правилникот за работни компетенции на административните службеници и водичот за интегритет, мерит и компетентност, базирано вработување не се само дополнителни документи тие се практични инструменти преу кои законските принципи добиваат своја практична примена. Нивна цел е да им помогнат на институциите да спроведат објеткивна постпка за вработување.“ - Горан Мичев – министер за јавна администрација.

Новите алатки ќе обезбедат помалку простор за недозволено влијание, посилни институции и подобри јавни услуги за граѓаните порача шефот на мисијата на ОБСЕ во земјава Килијан Вал, со чија поддршка и партнесртво беше промовирана новата рамка..

„Оваа реформа ги надминува процедурите за вработување. Ова е инвеситција во попрофесионални институции, поголем интегритет, посилна превенција во борбата против корупција, како и подобри услуги за граѓаните.“ - Килијан Вал – шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Со овие реформски алатки, од министерството за јавна администрација, очекуваат да се направи исчекор кон воспоставување на јавен сектор во кој мерит системот не е само законски приницип туку станадард кој ќе се применува во секоја постпка за вработување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реформската агенда се реализира со засилено темпо, уверуваат од владата

Владата интензивно работи на реформите кои треба да се испорачаат до крајот на годинава, уверува премиерот Христијан Мицкоски.

Реформската агенда се реализира со засилено темпо, уверуваат од владата

Утрово на состанок на оваа тема разговарале со Герт Јан Копман од Директоратот за проширување од Европската Комисија, а од него вели повторно добиле пофалба дека Македонија е на врвот на листата со спроведување на реформската агенда, споредбено со земјите кои имаат исти задачи. Мицкоски повтори дека досега останала само една неисполнета обврска- измена на Изборниот законик.

-Пред овој настан имавме онлајн состанок со Брисел, со господинот Копман. Разговараме веќе за оние закони и реформски чекори кои се во грејс период до декември оваа година и коишто се во превидениот рок декември оваа година, така што ние шродолжуваме со несмалена динамика да испорачуваме. Денеска од нивна страна добивме и, условно кажано, одреден комплимент дека сме први од сите земји коишто започнуваат со овие чекори се занимаваат, додека другите се уште немаат таква намера. Така што, со исклучок на Изборниот законик кој не е од познати причини на јавноста, другите чекори се испорачани,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

И покрај тоа што истече предвидениот рок за Изборниот законик, премиерот уште еднаш ги повика на зрелост лидерите на СДСМ, Левица, ДУИ и останатите опозициски партии, да постигнат консезнус за сите изборни прашања кои треба да се променат во иднина. Владејачката коалиција според него има усогласен став дека ќе даде бланко поддршка на се што тие ќе договорат, со единствен услов, да се олесни начинот на гласање на дијаспората.

Но, во меѓувреме опозициските партии се обвинуваат меѓусебе за тајни договори со власта со цел да нема промена на изборните правила.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер