3Најскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долари
АвтомобилизамКалашникови ќе се појават на патиштата и тоа на струја (ВИДЕО)Уличната верзијата на Калашников ќе биде далеку подопадлива и неизмерно побезопасна.Иако пред неколку години се зборуваше за развој на електрични автомобили во многу руски погони, па дури и во фабриката позната по најпродаваната автоматска пушка на светот, дури сега во јавноста стигнаа првите патентни скици на автомобили. Izh UV-4 EV е прототип на возило со четири врати што првпат се појавило во 2018 година, а паралелно се појави концепт на возило со три тркала кој сè уште нема име. Сето ова изгледа многу поедноставно од CV-1 претставен во 2018 година кој донесе ретро дизајн и почит на легендарниот модел IZH 2125 кој се произведува со децении. Сепак, овие најнови фотографии од Рускиот завод за патенти откриваат како Русите се движат скромно, но со сигурен чекор. УВ-4 е долг 3,4 метри, широк 1,5 метри и висок 1,7 метри, што го прави еден од најмалите автомобили на пазарот. Ако на сето тоа се додаде електричниот погон од 50 kW и 650 kg маса, јасно е дека ова може да биде одличен градски автомобил. Досегот од 150 km објавен во 2019 година сега е веројатно поголем, како и максималната брзина од 80 km/h. Единствен знак прашалник е цената која ќе биде одлучувачки фактор за освојување на пазарот. Бидејќи поминале повеќе од три години од претставувањето на прототипот, реално е да се очекува дека наскоро ќе следи премиера на продукциски изведби, веројатно на почетокот на следната година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
ЗдравјеАсоцијација на специјализанти: Успехот, а не возраста беше пресуден за конкурсот Наметнувањето на возраста како причина за неизбор за вработување на медицинскиот факултет МЕП физиологија не е поткрепено со конкурсните критериуми и создава нецелосна слика за постапката пред јавноста и не е во нечив интерес,.Наметнувањето на возрста како причина за неизбор за вработување на медицинскиот факултет МЕП физиологија не е поткрепено со конкурсните критериуми и создава нецелосна слика за постпаката пред јавноста и не е во нечив интерес, соопштија од Асоцијацијата на специјализанти кои имале комуникација со медицинскиот факултет. Според критериумите според бодирањето успехот на кандидаите биле 9,29 и 9,21 а успехот на Василевски бил 8,20. Од асоцијацијата информираат дека тој бил вработен во ПЗУ „Медикус Хелп“ скоро 10 години. „Неговата приватна специјализација по спортска медицина била финансирана од страна на тогашниот работодавач, ПЗУ „Медикус Хелп“. По престанокот на работниот однос во приватната установа престанало и финансирањето на приватната специјализација. Поради пролонгирање, односно незавршување на специјализацијата во рокот предвиден со Правилникот за специјализации, специјализацијата во септември 2026 година му била прекината согласно важечките прописи, согласно критериумите и бодирањето на последниот конкурс, избраните кандидати биле подобро рангирани “-„Асоцијација на специјализанти“. Дарко Василевски продолжува со штрајкот глад и не се откажува од барањата да се ревидира изборот. „Јас ја доплатив специјализацијата и обрзложив на факултет за моето доцнење“, изјави Дарко Василевски. Од Медицинскиот факултет посочија дека изборот бил направен според сите критерируми и дека еднаш му било одговорно на Василевски дека наводите се паушлни и неосновани и дека враљвотувањето е според условите кои ги исполниле кандидатите. Министерот Клековски посочи дека има конкурси за работа и Василевски може да се пријави во друга здравствена институција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонските домаќинства фрлаат по 86 килограми храна годишно што е над европскиот просекДодека секој денар за храна внимателно се пресметува, значително количество од купеното сепак завршува во канта.Според Индексот за отпад од храна на Програмата на ОН за животна средина, македонските домаќинства создаваат околу 86 килограми отпад од храна по жител годишно – 17 килограми повеќе од просекот на домаќинствата во Европската Унија. Колкава е навистина навиката на македонските семејства да фрлаат храна, објаснува претседателот на Банката за храна на Македонија, Душко Христов, повикувајќи се на нивните истражувања. ,,Секое семејство нека стави прст на чело да разбере дека на дневна основа фрла негде по едно евро, месечно 30 евра,годишно 360 евра и ако одиме со математиката дека сме 100 илјади семејства тоа значи над 36-40 милиони евра вредност се фрла на храна во нашите ѓубришта...На прво место фрлаат леб и лиснати, на второ сувомеснати, на трето место овошје и зеленчук..,, – Душко Христов ,претседател на Банка за храна Македонија. Дали и колку често храната завршува во канта, прашавме и дел од граѓаните.Некои од нив велат дека најчесто се фрлаат производи што се расипале или им истекол рокот. Во време кога дел од храната секојдневно завршува како отпад, последните податоци на ДЗС покажуваат дека 21,9 проценти од населението во земјава живее под ризик од сиромаштија, а кај семејствата со деца стапката достигнува 25,2 проценти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Здравје„Мој Термин“ да се ажурира и надгради, бараат лекаритеСо месеци се игра „брзи прсти“ за „Мој термин, се полни електронска листа за чекање за пациентите да се пратат на Клиника, и тоа е само еден проблем со системот кој дирекно ги засега пациентите, алармираат од Здужението на матични лекари. Со месеци се игра „брзи прсти“ за мој термин, се полни електронска листа за чекање за пациентите за да се пратат на Клиника, и тоа е само еден проблем со системот кој дирекно ги засега граѓаните, алармираат од Здужението на матични лекари. Дел од пациентите се жалат дека и кога ќе дојдат на ред, ден пред терминот, преку СМС порака тој им се откажува, со образложение дека лекарот не е тука и насока – да отидат кај матичниот доктор за да земат нов. Вака, постапката почнува од почеток, па некои пациенти кој немаат финансии за да одат на приватно и по повеќе од половина година не можат да стигнат до специјалист преку „мој термин“. По ревизорскиот извештај што ги нотираше и останатите слабости, јасно е дека мора да има промени, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, Претседател на Здружението на приватни лекари. -Мој термин мора да се надогради, мора да се ажурира, мора безбедноста на податоците да бидат на многу високо ниво. Сите овие податоци што се во „мој термин“ прво треба да се под Министерство за здравство бидејќи се работи за многу чувствителна тема и лични податоци, не може некоја приватна фирма да ги координира, како што сега (од ревизорскиот извештај) дознавме. Во однос на пуштањето на термини од специјалистите, за три секунди ги снемува термините. Дали на пациент со самоубиствени идеи кој е во моментот на преглед ќе му речете, „почекај сега, ја морам на „ловам“ термини“, тоа мора поинаку да се реши. д-р Лилија Чолакова Дервишова - претседател на Здружението на матични лекари. Извештајот за ревизија на „мој термин“ покажа дека за операции пациенти чекаат со години, па само еден доктор има 198 закажани интервенции. Освен тоа, ревизорите утврдиле и дека листите на чекање не ја одразуваат реалната состојба, бидејќи недостигаат клучни податоци, а во дел од болниците воопшто немало ни листи што отвора ризик пациенти без термин, да бидат примени пред оние кои подолго време чекаат уредно. Министерот за здравство јавно посочи и дека неразбирливо е како системот „мој термин“ речиси 18 месеци немал договор за одржување и најави дека од службите побарал подготовка на јавен повик за двегодишно одржување. Освен најава за акциски план на делување, здравствените власти ветуваат дека системот ќе биде биде централен дел од најавената дигитализација. Тагови: лекарите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16