3На дното на Средоземното Море се пронајдени остатоци од брод, стар 2.100 години- археолозите изненадени од товарот
СветКалас: Утре се очекува одлука за создавање на специјален трибунал за УкраинаУкраина и земјите кои ја поддржуваат утре ќе донесат одлука за создавање на специјален трибунал за судење на руските „злосторства на агресија“, изјави денеска шефицата на европската дипломатија Каја Калас во Варшава.Оваа политичка одлука, како што рече Калас ќе биде донесена утре во Лавов, западна Украина, за време на посетата на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија, во момент кога Русија ќе ја прославува во Москва победата над нацистичка Германија во 1945 година, посочуваат западни медиуми.Тагови: Каја Калас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
МакедонијаМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжиПозициите Скопје и Софија и по тет а тет средбата Муцунски- Петрова Чамова на маргините на министерскиот самит за коридор 8 - остануваат непроменти...Софија очекува исполнување на обврските од преговарачката рамка, вклучително и уставни измени, за Македонија пак клучни се реформите а не историските и идентитетските прашања. Според Муцунски иако позициите и по оваа средба останале непроменети, таа минала во позитивен дух а дијалогот како што изјави ќе продолжи. -Најдобриот начин за довербата е исполнување на преземените обврски, изјави Петрова Чамова. Муцунски оствари и средба со еврокомесарката Марта Кос. Разговарале и околу билатералниот спор но и околу начинот на кој ЕУ може да биде продуктивна во овој процес, изјави Муцунски... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
СветАмериканците и Украинците денес во Мајами разговараат за завршување на војнатаАмериканските и украинските делегации денес во Мајами започнуваат дводневни разговори за нови предлози за ставање крај на војната во Украина, објави „Аксиос“, повикувајќи се на американски и украински официјални лица. Една од темите треба да биде можноста за делумен прекин на огнот, кој би опфатил напади врз енергетската инфраструктура и испораките на жито. Исто така, ќе се разговара и за безбедносни гаранции за Украина, како и за планот за економско закрепнување на земјата по војната. Администрацијата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп се обидува да најде формула што би ја прекинала повеќемесечната блокада во преговорите пред почетокот на зимата и пред американските избори на средината на мандатот. „Сите се загрижени поради зимата. Ќе биде тешка зима доколку војната не запре. Затоа САД се обидуваат да посредуваат меѓу страните со цел да се создаде заеднички предлог“, изјави американски извор за „Аксиос“. Пратениците на Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, вчера се сретнаа со претседателот за да го претстават најновиот предлог на САД и да добијат насоки од него пред разговорите во Мајами. Во преговорите ќе учествуваат високи украински претставници, а САД упатија покани и до советниците за национална безбедност на Велика Британија, Франција и Германија, како и до претставници на НАТО и на Европската Унија. Володимир Зеленски вчера потврди дека Киев со Вашингтон разговара за можноста за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура и врз пратките со жито. „Сè уште не сум подготвен да кажам што би можело да биде реално или пореално. Не сакам да кажам нешто, а Русија – како и секогаш – од инает да го направи спротивното. Затоа, да почекаме“, рече Зеленски. Според „Аксиос“ (Axios), Украина е подготвена да разгледа таков ограничен прекин на огнот, додека Русија досега покажала мал интерес за предлогот. Виткоф и Кушнер би можеле повторно да заминат во Москва „Аксиос“ исто така пренесува дека Виткоф и Кушнер можеби повторно ќе отпатуваат во Москва подоцна овој месец на разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Двајцата ја посетија Москва и Киев на почетокот на септември и оттогаш работат со двете страни на изменет американски мировен предлог. Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера ја опиша војната како состојба на пат-позиција, наведувајќи дека Вашингтон сака да спречи понатамошна ескалација и да се обиде да најде пат кон завршување на конфликтот. И покрај новата дипломатска иницијатива, во моментов нема знаци дека се решени главните отворени прашања меѓу Москва и Киев, особено оние што се однесуваат на територијата и на долгорочните безбедносни гаранции за Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождСпоред Управата за хидрометеролошки работи времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дождПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на циклонска активност, од утре до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во врнежи од снег.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter