Калас со порака од Белград: Србија мора да ја докаже својата стратешка цел - Канал 5

Калас со порака од Белград: Србија мора да ја докаже својата стратешка цел

 Високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, денеска во Белград изјави дека од разговорите може да заклучи дека членството во ЕУ останува стратешка цел на Србија.

Калас со порака од Белград: Србија мора да ја докаже својата стратешка цел

Според неа, сепак потребно е да се видат дела.

„Реформите се начинот на кој Србија ќе напредува на својот европски пат. Чекорите се јасни, слобода на медиумите, борба против корупцијата, изборна реформа“, рече Калас на прес-конференцијата по средбите во Белград.

Таа посочи дека Србија се соочува со геостратешки избор дали сака да биде дел од ЕУ, што зависи од вредностите што ги прифаќа и нормализацијата на односите со Приштина.

Од Белград Калас ќе отпатува за Косово и ги повика соговорниците од Белград и Приштина да дојдат во Брисел за да разговараат за понатамошни конкретни чекори во дијалогот што е можно поскоро.

„Имаме нов претставник за дијалог, треба да зацртаме нови чекори, но ни е потребна нормализација на односите“, нагласи Калас.

Калас истакна дека автономијата на универзитетите мора да се почитува.

Разговаравме и за Босна и Херцеговина, рече Калас и додаде дека разговарала со српскиот претседател Александар Вучиќ и други функционери за важноста на улогата на Србија за стабилноста на БиХ и иднината на регионот.

Според неа, за време на посетата се разговарало за притворените активисти во Нови Сад.

Она што го очекуваме од земјите-членки во однос на човековите права, го очекуваме и од кандидатите за членство, истакна Калас.

Калас изјави дека во Тирана минатата недела имала можност да разговара со претседателот на Србија за неговата посета на Москва.

„Ги изразив моите ставови, кои се јасни, и не разбирам зошто беше потребно тој да застане покрај лицето кое ја води оваа ужасна војна во Украина, а Вучиќ го објасни својот став“, објави Калас.

Парламентарната опозиција во Србија денесka се сретна со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас. Според нив, тие и рекле дека српските власти не ја сакаат Србија во ЕУ.

„Дефинитивно ќе има промена на владата во Србија и тоа нема да потрае предолго, но денешниот став на ЕУ кон носителите на промените и легитимните барања на граѓаните значително ќе го одреди идниот став на јавноста кон ЕУ, а и по промената на режимот. Верувам дека е во заеднички интерес тој однос да биде на највисоко ниво“, изјави претседателот на Движењето на слободни граѓани (ПСГ) Павле Грбовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Добри вести за гејмерите: „Nintendo“ донесе одлука за која сите зборуваат

„Nintendo“ објави дека нема намера да се откаже од издавањето физички копии на игри, иако индустријата сè повеќе се насочува кон дигитални содржини.

Добри вести за гејмерите: „Nintendo“ донесе одлука за која сите зборуваат

Компанијата изјави дека останува посветена на тоа да им понуди избор на играчите на конзолата „Nintendo Switch 2“, поддржувајќи ги и физичките касети и дигиталните преземања.

Во разговор за „YouTube“ каналот „Coelho no Japão“ за време на настанот „Brasil Game Show“, Бил ван Зијл, потпретседател на „Nintendo“ и генерален директор за Латинска Америка, беше прашан за ставот на компанијата по ова прашање и дали таа останува посветена на физичките медиуми.

„Знаете, историски гледано, секогаш сме биле прилично флексибилни во однос на ова, нели? Се водиме според преференциите на потрошувачите и сериозно ги земаме предвид“, објасни тој.

YouTube video

„Исто така, имаме платформа што штотуку е лансирана. Што се однесува до конзолата „NS2“, поминаа само нешто повеќе од една година од почетокот на нејзината ера. Таа нуди две опции – знаете, и дигитална и физичка.“

Потоа, Ван Зијл директно одговори на прашањето: дали „Nintendo“ има намера да се откаже од физичките изданија?

„Значи, нема планови за напуштање на физичките изданија. Знаеме колку фановите ги сакаат. Така што, да – нашиот став е да останеме флексибилни.“

Иако Ван Зијл јасно стави до знаење дека „Nintendo“ моментално нема планови да престане со издавање физички игри, сепак не ја исклучи целосно можноста тоа да се промени во иднина. Покрај физичките игри, „Switch 2“ користи и картички од типот „Game-Key“ – еден вид хибриден медиум кој не ја содржи целосната игра, туку клуч за нејзино преземање од интернет. За да се играат вакви игри, касетата мора да остане во конзолата, дури и откако играта ќе биде преземена.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот сојузник, Бенјамин Нетанјаху, во пресрет на претстојните парламентарни избори во Израел.

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Поддршката на Трамп за Нетанјаху

„Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth Social“.

„Ова е токму оној вид партнер што Соединетите Држави го бараат во Израел – земја за која направија толку многу. Нека оваа порака послужи како израз на мојата целосна и безусловна поддршка за Биби Нетанјаху во претстојната трка за реизбор за премиер на Израел.“

Избори по две години војна

Националните избори во Израел се закажани за 27 октомври – први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој настан ја потресе нацијата и го втурна Блискиот Исток во хаос, вовлекувајќи го Израел во војни во Газа, Либан и со Иран.

Исходот од изборите би можел да одлучи дали Нетанјаху ќе остане на власт по еден од најкритичните периоди во израелската историја, или пак ќе биде поразен од ривали од центарот кои ветуваат почеток на нова ера.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Многу веројатно ќе има втор круг, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Прес-конференција за медиуми на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Многу веројатно ќе има втор круг, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер