Калас: САД ќе останат наш партнер и сојузник, но треба да се прилагодиме на новите реалности - Канал 5

Калас: САД ќе останат наш партнер и сојузник, но треба да се прилагодиме на новите реалности

Да бидам јасна. Ние сакаме силни трансатлантски врски. САД ќе останат партнер и сојузник на Европа. Но, Европа треба да се приспособи на новите реалности.

Калас: САД ќе останат наш партнер и сојузник, но треба да се прилагодиме на новите реалности

Кризите со кои се соочуваме драматично се продлабочија во текот на изминатата година, а веројатно најголемата промена во фундаменталното преориентирање се случува преку Атлантикот со преиспитување кое до темел ги потресе трансатлантските односи, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во обраќањето на Годишната конференција на Европската одбранбена агенција што се одржува во Брисел.

- Да бидам јасна. Ние сакаме силни трансатлантски врски. САД ќе останат партнер и сојузник на Европа. Но, Европа треба да се приспособи на новите реалности. Европа повеќе не е примарен центар на гравитација на Вашингтон. Оваа промена трае веќе некое време. Таа е структурна, а не привремена, рече Калас.

Таа додаде дека како што се приближуваме до четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина, Европа се соочува со кибернапади, саботажи против критична инфраструктура, странско мешање и манипулација со информации, воено заплашување, територијални закани и политичко мешање.

- Стана болно јасно дека Русија ќе остане голема безбедносна закана на долг рок, оцени Калас.

Според неа, Блискиот Исток преживеа година на немилосрдна криза и единствената сигурност сега е дека регионот ќе остане целосно непредвидлив, а во исто време Кина останува долгорочен предизвик со тоа што претставува ризик за европскиот економски модел, им се заканува на земјите во Источното и Јужнокинеското Море и ја поддржува војната на Русија во Украина.

- Овие случувања ставаат сериозен притисок врз меѓународните норми и правила и институциите што ги спроведуваат, а кои ги изградивме во текот на 80 години. Ризикот од целосно враќање кон политиката на принудна моќ, сферите на влијание и светот каде што силата го креира правото, е многу реален. Откако последен пат зборувавме тука, вирусот почна да се шири. Време е Европа да признае дека оваа тектонска промена е тука за да остане и дека треба да дејствува брзо, порача Калас.

Од тие причини, според неа, ЕУ треба да ги зајакне своите капацитети за одвраќање и одбрана, соодветно да ги насочи средствата што ги издвојува за одбраната и да постигне вистинска рамнотежа помеѓу иновациите и традиционалните системи.

Во тој поглед, како што нагласи Калас, од клучна важност е зајакнување на европската одбранбена индустрија за таа да ги произведува потребните капацитети или во спротивно европските пари ќе одат во странство, кај оние индустрии кои можат да го постигнат тоа.

- Ова е европскиот момент да покажеме што можеме: Бидете подготвени да го прифатите овој предизвик, истакна Калас.

Таа потенцира дека паралелно ЕУ мора да работи и на зајакнување на своите партнерства, пред сè со НАТО.

- Особено сега, кога САД ги насочуваат своите погледи кон странство и надвор од Европа, НАТО треба да стане поевропски за да ја одржи својата сила. А за такво нешто, Европа мора да дејствува. На пример, треба да се осигураме дека нашите безбедносни и одбранбени иницијативи остануваат комплементарни со НАТО. Накратко, треба да ги синхронизираме нашите напори заедно со НАТО, за да се надополнуваме едни со други и да покажеме како еден посебен европски столб додава вредност преку поголема распределба на товарот и воена сила на нашиот континент, рече Калас.

Таа се осврна и на начинот на носење одлуки во ЕУ, посочувајќи дека консензусот често ја оневозможува Европа да дејствува со релевантна брзина и тоа може да ја прави бавна.

- Секако, постојат разлики во политиките меѓу земјите членки и сето тоа е природно. Но, некои го користат консензусот како алатка за преговарање. Ветото на една земја не може да ја дефинира политиката на другите, истакна Калас.

Според неа, целта на ЕУ е создавање силна и независна Европа, вклучително и во одбраната.

- Ако она што го создаваме сега, еден ден биде наречено Европска одбранбена унија, нека биде така. Мораме да ги зајакнеме нашите инструменти, да ставиме крај на фрагментацијата, да ги пополниме нашите празнини и да ги здружиме силите со нашите партнери. Денес се соочуваме со криза која претставува прикриена можност, затоа да ја искористиме, заклучи Калас во обраќањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Да ги вратиме дебатите во партиските простори, СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен

Градоначалникот на Општина Центар и претседател на ОО СДСМ Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 порача дека клучниот чекор за СДСМ е обединување на членството, враќање на терен.

Герасимовски: Да ги вратиме дебатите во партиските простори, СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен


Градоначалникот на Општина Центар и претседател на ОО СДСМ Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 порача дека клучниот чекор за СДСМ е обединување на членството, враќање на терен и градење политики заедно со граѓаните.

„Пред нас има многу работа. Потребно е повторно да ја екипираме партијата, да ги вклучиме сите луѓе кои со години придонесувале за СДСМ, без разлика дали извршувале партиски или институционални функции. Денес повеќе од кога било ни е потребно единство, искуство и меѓусебна доверба“, истакна Герасимовски.

Тој нагласи дека политиката не смее да се води зад затворени врати, туку таму каде што се граѓаните.

„Во Општина Центар секојдневно сме на терен. Организираме маалски средби, буџетски форуми и ги слушаме потребите на граѓаните пред да донесеме одлуки. Истиот принцип треба да го применува и партијата – да го слушне секој член, секој предлог и секое мислење. Само така може повторно да ја изградиме довербата“, рече Герасимовски.

Тој порача дека сите различни ставови треба да бидат повод за дијалог и дебата, внатре во партијата, а не по кафеани и кулоари.

„Предизвиците со кои моментално се соочува партијата е недозволиво и нездраво да се дебатираат надвор од неа. Сите оние различности, сите ставови и размислувања, треба да се дебатираат во партиските простории“, заклучи Герасимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум

 Поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум, е уапсен по налог на УСКОК, потврди хрватскиот портал „Индекс“.

Уапсен поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум

Како што наведува тој портал, Керум бил уапсен синоќа, а неговото приведување е поврзано со истрагата за таканаречената афера „Таверна Пршут“, која се однесува на ресторан во сопственост на Керум во Каштела.

„Слободна Далмација“ пренесува дека во моментот на апсењето, Керум се наоѓал во Вела Лука, каде што се одржувал настан посветен на Оливер Драгојевиќ.

Според неофицијални информации, во случајот се опфатени и неколку други лица блиски до Керум, а „Индекс“ наведува дека е уапсен и внукот на Керум, како и Андрија Полиќ, поранешен виш стручен соработник за просторно планирање и изградба во градот Каштела.

Засега не е познато за кои конкретни кривични дела се товарат осомничените, ниту дали во текот на денот ќе има нови апсења или официјални информации за текот на истрагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епидемијата се смирува, но пронајдена е нова бактерија во гостиварскиот водовод

Епидемијата во Гостивар полека стивнува, но водата и понатаму може да се користи само за техничка употреба поради тоа што се појавила нова бактерија во водоводна мрежа кажа вчера премиерот Мицкоски.

Епидемијата се смирува, но пронајдена е нова бактерија во гостиварскиот водовод

Министерот за здравство Клековски пак рече дека бројот на новоаболени се намалува и очекува гостиварци да добијат питка вода до утре . Сепак, вели крај на епидимијата ќе може да се прогласи дури откако ќе нема ниту еден новозаболен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер