Калас: Подобро од кој било знаете дека патот до ЕУ не е лесен, но останете на него - Канал 5

Калас: Подобро од кој било знаете дека патот до ЕУ не е лесен, но останете на него

 Подобро од кој било знаете дека патот до ЕУ не е лесен, но останете на него, Унијата е со вас.

Калас: Подобро од кој било знаете дека патот до ЕУ не е лесен, но останете на него

Европската Унија останува со Македонија на патот кон целосното интегрирање, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Каја Калас на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје.

Високата претставничка истакна дека разговарале за повеќе теми, при што потенцира дека земјава е првиот корисник во регионот на она што го нуди Планот за раст на Западен Балкан, но и прва држава, која го потпишала Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ. Нагласи дека на средбата меѓу другото се разговарало за напредокот на македонската економија и истакна дека тој процес е од големо значење и за самата Унија.

-Ова партнерство подразбира заедничка работа за Украина и во сферата на борбата против тероризмот секако, а тоа покажува дека функционира постепената интеграција. Но двете страни сакаат повеќе и тоа е мошне јасно. Северна Македонија припаѓа во ЕУ. Вие имате навистина долга историја на усогласувањето со надворешната и безбедносна политика на ЕУ, а тоа нам ни е особено многу важно во овие трубулентни времиња, кога гледаме дека има сериозни геополитички промени во светот, рече Калас.

Таа говореше за напорите кои се преземени од страна на Владата во однос на реформаката агенда.

-Вие, подобро од кој било знаете дека патот до членството не е лесен и мојата порака денеска е да останете на тој пат, да ги преземете чекорите потребни за отворање на пристапните преговори. Тоа исто така ќе значи дека ЕУ на Македонија ќе и дава уште поголема поддршка, без разлика дали станува збор за владеењето на правото, борбата против корупцијата или модернизирањето на јавната администрација, нагласи Калас.

Таа додаде дека од искуство знаат дека напредокот може да биде брз доколку има политичка волја, а како добар пример за тоа ги посочи Албанија и Црна Гора.

-Секако Македонија се соочува со носење избор за своите граѓани и за иднината. Веруваме дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е најдобриот рецепт за мир и безбедност во целиот регион. Затоа ајде да се придвижиме заедно и тука сакам да ве уверам дека ЕУ останува покрај вас, порача Калас.

Полицијата ќе врши вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето во Охрид

Полициски службеници од редовниот состав на Секторот за внатрешни работи од Охрид утре ќе имаат вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“.

Полицијата ќе врши вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето во Охрид

Пред почетокот на вежбовните активности предвидени за од осум часот, ќе бидат спроведени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони.

За медицинско обезбедување на боевото гаѓање се задолжени стручни екипи на ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид.

Од СВР Охрид се упатува апел до граѓаните кои се движат во делот од градот каде се наоѓа стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.

Моди во разговор со Трамп: Индија не прифаќа посредување во конфликтот со Пакистан

Индискиот премиер Нарендра Моди му рече на американскиот претседател Доналд Трамп дека Индија никогаш не прифатила медијација од трета страна во конфликтот со Пакистан и никогаш нема да ја прифати во иднина, објавија локалните медиуми.

Моди во разговор со Трамп: Индија не прифаќа посредување во конфликтот со Пакистан

Во Индија постои целосен политички консензус за ова прашање, рече Моди во телефонски разговор со Трамп вчера, според изјавата на индискиот министер за надворешни работи Викрам Мисри.

Моди и Трамп разговарале по телефон 35 минути откако состанокот што требаше да се одржи на маргините на самитот на Г7 беше откажан бидејќи американскиот претседател се врати во САД порано, рече Мисри.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да покрене постапка за Филипче

Зачудува заштитничкиот однос на Јавното обвинителство кон претседателот на СДС, Венко Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да покрене постапка за Филипче

Како да постои само да го заштити Филипче, да не биде гонет за разните корупциски скандали и криминални афери од кои дебело профитирал.

Венко Филипче добил луксузен џип, вреден 130.000 евра од фирма добитник на тендери во време кога СДС беше на власт, а обвинителството молчи и не отвора случај.

Посебно симптоматичен е молкот на обвинителство за луксузниот џип на Филипче, имајќи го во предвид фактот дека за ист ваков случај отворило предмет за поранешниот директор на СОЗР кадар на СДС, Пеце Мирчевски кој добил автомобил од фирма добитник на тендери.

Која е разликата меѓу Мирчевски кој е процесуиран од обвинителството и за случајот од судот му бил определен 30 дневен притвор, и Филипче за кого обвинителството се прави и глуво и слепо за ист таков случај.

Или пак привилегијата на Венко Филипче е што е претседател на СДС, а Мирчевски обичен директор од СДС, кој треба да оди курбан, што кај нив е нормална работа, за Филипче да се спаси од прогон.

Крајно време е, по разните корупциски скандали и криминални афери, Јавното обвинителство да покрене постапка за претседателот на СДС, Венко Филипче.

Ако обвинителството не го процесуира и не го истражи случајот за луксузниот џип на Филипче, ќе потврди дека е во служба на негова одбрана и заштита и дека работи под диктат на СДС.

Но едно е сигурно, ЈО и да отвори и да не отвори постапка за Венко Филипче, тој веќе нема легитимитет, народот јасно гледа дека тој главен учесник и во криминалните афери како Онкологија и модуларната и дека е заштитен.

А, тоа ќе биде мотив уште повеќе да го казни на избори.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер