СветКалас: Извршените воени злосторства во Украина не смеат да останат неказнети- Присилното префрлање и депортирање на украински деца е едно од најголемите извршени злосторства, со што екстремно се прекршени човековите права, истакна Калас за време на парламентарната дебата за „руските воени злосторства во Украина“. Не смее да дозволиме извршените воени злосторства во војната во Украина да останат неказнети, затоа што нивниот можен број е едноставно неверојатен, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во денешното обраќање пред Европскиот парламент во Стразбур. - Присилното префрлање и депортирање на украински деца е едно од најголемите извршени злосторства, со што екстремно се прекршени човековите права, истакна Калас за време на парламентарната дебата за „руските воени злосторства во Украина“. Таа потсети дека ЕУ е дел од меѓународната коалиција за враќање на овие деца во Украина и ќе направи се што може за тие повторно да бидат со нивните семејства, како и дека блокот воведе санкции за најмалку 17 лица одговорни за депортацијата, принудното префрлање и превоспитување на украинските деца. - Но, последиците и по децата во Украина се исто така поразителни. Според „Спасете ги децата“, од почетокот на војната приближно четири милиони деца на училишна возраст се соочуваат со прекин на образованието, рече Калас. Високата претставничка на ЕУ нагласи дека од почетокот на руската агресија врз Украина се оштетени близу 4.000 образовни институции, над 10 отсто од образовната инфраструктура во земјата е целосно уништена, а нападите врз здравствените установи ги загрозуваат животите на многу деца, вклучително и оние со хронични заболувања. Според неа, наталитетот во Украина се намалил за 30 проценти за време на војната, со што стапката на природен прираст во земјата сега е меѓу најниските во светот. Калас потсети дека на вчерашен ден пред три години се појавија видеа и фотографии на кои се гледаа тела на цивили расфрлани на улица во украинскиот град Буча, деца кои бегаат со своите семејства, локални жители како забрзано купуваат намирници и луѓе кои се обидуваат да стигнат до своите домови. - Една фотографија или видео добро ги разоткри воените злосторства, а докази за тоа беа фотографиите, телефонските видео снимки и шифрираните комуникации на командантите преку руските радио канали. Не може да се негира дека точно знаеме кои се сторителите, рече Калас. Според неа, руската кампања против човечките живот и достоинство не познава граници, за што доказ се извештаите за исчезнати лица, тортури, егзекуции и насилство врз цивили и воени заробеници од страна на руските Вооружени сили на окупираните територии. - ЕУ ќе продолжи да покренува постапки во секоја прилика, каде и да може, бидејќи ниту едно притворање на цивили не може да се заборави. Ние, исто така, мора да продолжиме да се залагаме за заштита на воените заробеници и да ја повикаме Русија да се придржува кон својата долгогодишна посветеност на меѓународното хуманитарно право, додаде Калас. Таа истакна дека еден праведен, сеопфатен и траен мир за Украина, заснован на Повелбата на ОН и меѓународното право, мора да вклучува и размена на воените заробеници, ослободување на затворените цивили и враќање на присилно депортираните украински деца. - ЕУ ги поддржува напорите на Украина за одговорност и правда од првиот ден, преку прибирање докази за Обвинителството за покренување постапки и изработка на барања за оштетата на жртвите, истакна Калас, додавајќи и дека Унијата силно го поддржува Меѓународниот кривичен суд кој издаде налози за апсење за сторени злосторства, вклучително и против рускиот претседател Владимир Путин, комесарката за правата на децата Мариja Лвова-Белова и поранешниот руски министер за одбрана и актуелен секретар на Совет за безбедност на Руската Федерација, Сергеј Шојгу. Според неа, ЕУ им помага на украинските власти за собирање на потребните докази за сторени кривични дела, за што досега се отворени околу 170.000 случаи. - За конкретното кривично дело агресија, ЕУ ги предводи активностите за формирање на специјален суд. Правни експерти неодамна ги финализираа техничките преговори за Трибуналот. Советот на Европа наскоро ќе го започне процесот за политичко разгледување на документите за основање на Трибуналот, вклучувајќи го и неговиот Нацрт-статут, им посочи Калас на европратениците. Таа додаде и дека ЕУ го поддржува функционирањето на Регистарот на штети, создаден под покровителство на Советот на Европа, како и дека активно работи со своите меѓународни партнери за формирање на комисија за утврдување на штетите. - Со секој уништен живот во војната на Русија против Украина, има семејство кое живее со болка, барајќи душевен мир. Кога оваа војна ќе заврши, а еден ден ќе заврши, закрепнување нема да биде само со обнова на зградите, туку тоа ќе дојде и со барањето правда и одговорност за злосторствата извршени од Русија, бидејќи само правдата на секое едно украинско семејство ќе му го донесе душевниот мир што му е потребен, за да продолжи понатаму и да ги обнови своите животи, заклучи Калас.Тагови: ЕУ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаАфера ја тресе украинската разузнувачка служба, Зеленски смета дека тоа е вознемирувачки и срамно Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави нови кадровски промени во Безбедносната служба на Украина (СБУ), откако високи функционери веќе беа отпуштени поради наводни врски со криминални групи.„За жал, оваа недела донесе сосема различни вести за СБУ, искрено вознемирувачки, навистина срамни и апсолутно неприфатливи работи. Поради ова, веќе имаше промени во рамките на Безбедносната служба на Украина, а ќе следат и нови кадровски одлуки“, потврди Зеленски. „Ни треба поддршка од нашите партнери“ Минатиот четврток, украинските антикорупциски власти обвинија пет члена на наводна криминална група која била вклучена во заштитата на лажни кол-центри за измама, трговија со дрога и фалсификување на странски валути. Високи функционери на безбедносните и полициските служби се исто така вклучени во случајот. Според Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ), осомничените вклучуваат полициски службеници и високи офицери на СБУ. Нелегалните активности на групата вклучувале десетици кол-центри во кои биле вработени 2.700 луѓе кои ги измамиле украинските и странските граѓани. Групата била вклучена и во продажба на дрога и производство на фалсификувани цигари и фалсификување пари. Зеленски истакна дека криминална мрежа поврзана со група позната како Химпром веќе започнала да работи во Полска и планира да започне со продажба на синтетички дроги во Германија. Тој додаде дека на Украина ѝ е потребна поддршката од своите сојузници за да го реши овој проблем и дека украинските претставници веќе разговарале за тоа со претставници на САД. „Знам дека ни е потребна поддршката од нашите партнери за да го постигнеме ова, особено кога станува збор за таканаречената група Химпром. Веќе разговаравме за ова со Соединетите Американски Држави на соодветно ниво“, рече Зеленски. Размислувале за физички напади врз украински новинари Медиумите ги идентификуваа Андрије Осипов и Јегор Буркин како наводни водачи на криминални групи. На снимките објавени од НАБУ, двајцата се споменуваат под прекарите „Криминалец“ и „Мексиканец“. Буркин, кој е роден во Русија, се вели дека е основач на меѓународна мрежа за трговија со дрога. НАБУ, исто така, објави снимки што покажуваат дека осомничените размислуваат за физички напади врз украинскиот новинар Денис Бихус, како одмазда за истрагата за нелегални активности објавени од неговите медиуми. Генералниот обвинител неодамна поднесе оставка Олександр Поклад, вршител на должноста шеф на СБУ, објави дека разузнувачката служба отпуштила двајца високи функционери поврзани со истрагата и дека „им дава целосна поддршка“ на истражителите. „Безбедносната служба очекува транспарентна, објективна и непристрасна истрага. СБУ работи исклучиво за Украина и ќе продолжи да го прави тоа“, рече Поклад во соопштение за медиумите. Истрагата за корупција, првпат објавена во септември, доведе до оставка на поранешниот државен генерален обвинител Руслан Кравченко откако властите обвинија еден од неговите подредени дека е вмешан во водењето на кол-центрите. Кравченко не е обвинет за никакво кривично дело. Тензии меѓу НАБУ и СБУ Случајот, исто така, се заканува да го разгори долгогодишниот конфликт меѓу независната НАБУ и СБУ, моќната безбедносна служба која му поднесува извештаи на претседателот, а чии вработени НАБУ претходно ги обвинуваше за корупција и заплашување. Борбата против корупцијата на највисоко ниво е клучна за обидот на Украина да се приклучи на Европската Унија и да продолжи да добива многу потребна финансиска помош од меѓународни донатори за да ѝ помогне да се одбрани од руска инвазија, која сега е во својата петта година. НАБУ и нејзината партнерска институција, Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САПО), покренаа постапки против високи функционери во случаи што ја потресоа украинската политичка сцена. Тензиите меѓу НАБУ и СБУ се особено високи од минатата година, кога безбедносната служба уапси двајца антикорупциски истражители во акција што поддржувачите на НАБУ ја протолкуваа како изговор за ограничување на овластувањата на антикорупциските тела.Тагови: Володимир Зеленски разузнувачка служба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМлада ѕвезда ја одби понудата на Реал за продолжување на договорот- од ПСЖ му нудат тројно повеќеТурскиот репрезентативец Арда Ѓулер (21) наводно ја одбил понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, објавува турскиот Ајансспор, кој се повикува на ESPN. Според тие информации, шпанскиот клуб му понудил годишна плата од осум милиони евра, но младиот играч од средниот ред не ги прифатил понудените услови. Пари Сен Жермен е исто така заинтересиран за Ѓулер, кој наводно е подготвен да плати дури 200 милиони евра отштета за играч кој, според Transfermarkt, вреди 100 милиони евра. Францускиот шампион е исто така подготвен да му понуди на турскиот фудбалер годишна плата од приближно 22 милиони евра, што е речиси три пати повеќе од сумата што наводно му ја нуди Реал. Шпанскиот „Ел Гол Диџитал“ исто така пишуваше за евентуалното заминување на Ѓулер, во кој се наведува дека ПСЖ го следи развојот на ситуацијата околу неговиот договор. Сепак, засега нема потврда дека парискиот клуб му испратил официјална понуда на Реал или дека се започнати преговори за трансфер. Шпанците претходно напишаа дека Гулер веќе се преговарал за нов договор Информациите за одбивањето на понудата од страна на Гулер се разликуваат од она што го објавија шпанските медиуми на почетокот на октомври. Во тоа време, угледниот „АС“ објави дека Реал Мадрид и турскиот репрезентативец постигнале договор за продолжување на соработката до летото 2031 година. Според тој весник, новиот договор требало да вклучува зголемување на платата и продолжување на соработката за две сезони во споредба со постојниот договор кој важи до 2029 година. „Мундо Депортиво“ исто така напиша на почетокот на октомври, повикувајќи се на Фабрицио Романо, дека е постигнат договор за продолжување на договорот, но ја наведе 2032 година како година на истекување. Во меѓувреме, Реал Мадрид официјално не го потврди новото времетраење на договорот. Затоа, сè уште не е јасно дали преговорите станале покомплицирани во меѓувреме или најновите информации за одбивањето на понудата од страна на Гулер се неточни. Фенербахче би заработил и од евентуален трансфер Евентуалното заминување на Гулер од Мадрид би било финансиски значајно и за неговиот поранешен клуб Фенербахче. Турскиот гигант, при продажбата на младиот играч од средниот ред на Реал во 2023 година, се согласил за правото на 20 проценти од износот на неговиот следен трансфер. Доколку ПСЖ навистина плати 200 милиони евра, Фенербахче би можел да заработи 40 милиони евра според таа клаузула. Сепак, износот на надоместокот во моментов се базира исклучиво на непотврдени шпекулации за трансфер. Тагови: ПСЖ Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Мексико веднаш да ги запре колоните кои формираат инвазија на нашата земја Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги удвои царините за Мексико ако не ги спречи големите групи мигранти кои, според него, се движат кон границата со САД. Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, тој тврди дека по поразот на републиканците на конгресните избори, повторно се случува „инвазија“ на САД. „Еве нè повторно! Поради наводниот пораз на републиканците на конгресните избори - на кои ЈАС НЕ СЕ КАНДИДИРАВ - ИНВАЗИЈАТА на нашата земја повторно се случува“, напиша Трамп. „Мексико мора да ги запре сега“ Трамп тврди дека во Мексико се формираат големи каравани мигранти и се движат кон Соединетите Американски Држави. „Се формираат огромни каравани и започнуваат нелегална кампања низ Мексико. Многу луѓе во овие каравани се оние што разни земји не ги сакаат - „Испратете ги во Америка“, велат тие - но нема да бидат прифатени!“, рече тој. TRUMP: Threatens to immediately double tariffs on Mexico unless it stops migrant caravans; says Texas governor, Border Patrol and ICE have been informed https://t.co/3q15P0d7yE — Trump Truths (@trumptruthsbot) November 12, 2026 Потоа му се закани на Мексико со економски мерки ако не ги спречи мигрантите. „МЕКСИКО МОРА ДА ГИ ЗАПРЕ СЕГА, а ако не го сторат тоа, царините за Мексико ВЕДНАШ ќе бидат ДВОЈНИ“, напиша американскиот претседател. „Нема да има отстапки“ Трамп рече дека Мексико, гувернерот на Тексас, американската гранична патрола и Службата за имиграција и царина (ICE) биле информирани за неговото барање. Тој конкретно го спомена новиот гувернер на Тексас, кого го опиша како „многу либерален“. „Нема да има отстапки! Ви благодарам за вниманието“, заклучи Трамп. Трамп не даде докази во објавата за тврдењата за караваните со мигранти, ниту прецизираше за кои постоечки царини ќе се однесува најавеното удвојување.Тагови: Доналд Трамп Мексико Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook