Калас: Ако се бара од Украина да се откаже од НАТО, мора да ѝ се дадат силни безбедносни гаранции - Канал 5

Калас: Ако се бара од Украина да се откаже од НАТО, мора да ѝ се дадат силни безбедносни гаранции

- Поддршката на Украина чини пари. Тоа е многу јасно. Но, ако се дозволи Украина да не успее, тоа би нè чинело многу повеќе, рече Калас.

Калас: Ако се бара од Украина да се откаже од НАТО, мора да ѝ се дадат силни безбедносни гаранции

Во услови кога продолжуваат мировните преговори за Украина, главни приоритети на Европската Унија се вршење поголем притисок врз Москва и доставување поголема поддршка за Киев, изјави попладнево високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас на прес-конференцијата по завршувањето на Совет за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

- Мора да направиме повеќе за да ја зајакнеме одбраната на Украина и нејзината улога во преговорите, додека Русија продолжува да го отфрла мирот. Министрите беа јасни дека секој мировен договор мора да вклучува силни безбедносни гаранции, бидејќи ако Украина е под притисок да се откаже од НАТО, тоа ќе биде единствената заштитна мерка за да ја одврати Русија од нова агресија, рече Калас.

Во врска со зајакнувањето на притисокот врз Москва таа ги посочи одлуките за проширување на листата на санкционирани поради поврзаност со т.н. руска флота во сенка, како и за санкциите поврзани со хибридните активности на Русија и Белорусија.

- Пораката е јасна. Оние кои ја загрозуваат нашата безбедност се соочуваат со последици, додаде Калас.

Таа потенцира дека ова е одлучувачката недела за финансирање на Украина и во тој контекст, според неа, земјите членки донеле „правилна одлука“ за блокирање на замрзнатите руските средства на долг рок, а в четврток на Самитот на ЕУ ќе треба да се одлучи за финансиската поддршка на земјата за 2026 и 2027 година.

- Поддршката на Украина чини пари. Тоа е многу јасно. Но, ако се дозволи Украина да не успее, тоа би нè чинело многу повеќе, рече Калас.

Во однос на т.н. заем за репарации, Калас рече дека министрите имале куса дискусија и за тоа, додавајќи дека ова прашање ќе разговараат лидерите на ЕУ на Самитот в четврток. Според неа, овој заем би можело да претставува пресвртница во оваа војна, бидејќи би ѝ покажал на Русија дека мора да го сноси товарот за штетите што ѝ ги нанесе на Украина.

Калас нагласи и дека од клучно значење за траен мир е Русија да одговара за извршените злосторства, па за таа цел утре во Хаг ќе биде формирана Комисија за разгледување на барањата за воени штети предизвикани од руската агресија.

- Русија нема да избегне да плати за домовите, училиштата и болниците што ги уништи, потенцира Калас.

Во однос на барањата за територијални отстапки од страна на Украина во текот на преговорите, Калас рече дека само Киев може да одлучи за условите за кој било мировен договор. Според неа, отстапки треба да направи агресорот, а не жртвата на агресијата, па затоа не може да се изедначуваат двете страни.

- Притисокот треба да биде врз агресорот, а не само врз жртвата, затоа што жртвата не направила ништо лошо. Очекуваме да се изврши притисок врз Русија, бидејќи повторно не ги гледаме дека таа доаѓа на преговарачката маса и дека преговараа со добра волја или дека воопшто преговара, рече Калас.

Таа додаде дека на состанокот министрите разговарале и за вчерашните „антисемитски напади“ во Австралија, при што многу јасно ја истакнале европската позиција дека порастот на антисемитизмот насекаде во светот мора да се осуди.

На расправата за Блискиот Исток, главниот фокус бил на состојбата во Сирија една година по падот на режимот на Башар Асад, при што, како што нагласи Калас, било оценето дека земјата сè уште се соочува со огромни предизвици како наследство од конфликт, вклучително и проблеми со инклузивноста, со недостигот на соодветни институции и со владеењето на правото.

– Разговаравме за состојбата со транзицијата во Сирија и како може подобро да ги поддржиме безбедносниот сектор, реформите и трговијата, рече Калас, додавајќи дека во тој правец ЕУ ги укина економските санкции, но за раст на економијата потребни се и инвестиции и инвеститори, кои ќе имаат доверба во правниот систем и ќе бидат сигурни дека состојбата во земјата е стабилна.

Од тој аспек, министрите донеле одлука да продолжат изградбата на новото политичко партнерство меѓу ЕУ и Сирија.

- Ако не бидеме присутни во Сирија, други, вклучувајќи ја и Русија, ќе го пополнат вакуумот, додаде Калас.

На состанокот станало збор и за придонесот на ЕУ кон безбедноста и стабилизацијата на Газа и активностите на двете мисии на Унијата за помош на контролата на граничните премини и за обука на палестинската полиција, кои, како што рече Калал, можат да дадат значаен придонес за имплементација на мировниот план. Дополнително се разговарало и за поддршката на палестинската автономна управа за спроведување на реформите и обновата, како и за доставувањето на хуманитарната помош.

Во однос на Либан е оценето дека земјата се наоѓа на критична точка во услови на кревкото примирје, одбивањето на Хезболах да се разоружа и израелските напади кои ризикуваат да ја продлабочат нестабилноста, па од таму на состанокот на Советот за асоцијација ЕУ-Либан ќе се разговара за билатералните односи, но и за опциите за зајакнување на либанските вооружени и безбедносни сили

Министрите, според Калас, разговарале и за односите со Кина, за која било оценето дека се повеќе ги користи економските врски за остварување на политички придобивки, и се заложиле за подобро да искористување на трговскиот арсенал на ЕУ за зајакнување на отпорноста на Европа.

- Ниту европската земја не може сама да се споредува со Кина. Силата тука е во единството, истакна високата претставничка на ЕУ.

Калас додаде дека пред почетокот на Советот, министрите за надворешни работи на членките на ЕУ имале појадок со нивниот ерменски колега Арарат Мирзојан, кој ги информирал за мировниот процес меѓу Ерменија и Азербејџан, како и за состојбата со хибридните закани и ширењето дезинформации во земјата. Според Калас, Русија ја повторува истата шема како и пред изборите во Молдавија, па со Мирзојан било разговарано за зајакнување на отпорноста на Ерменија и за помош од ЕУ за ерменската Влада за зајакнување на кибер и хибридната одбрана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката.

На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето.

Вежбање, сауна и масажа

Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби.

На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви.

По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа.

Неодамна го прослави својот 30-ти роденден

Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми.

Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите.

Ново поглавје во животот

Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска.

Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“.

Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите.

Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал.

Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер