Каква ќе биде судбината на коалицијата„Вреди“ пред, но и по локалните избори? - Канал 5

Каква ќе биде судбината на коалицијата„Вреди“ пред, но и по локалните избори?

Каква ќе биде судбината на коалицијата „Вреди“ пред, но и по локалните избори?

ВРЕДИ

Откако министерот за здравство и лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во вчерашното интервју за „360 степени“ за првпат експлицитно укажа на несогласувања во нивната коалиција и упати јавна критика за функционирањето на партиите на Албанците во Владата и денеска одговарајќи на новинарски прашања ја повтори оценката дека коалицијата не е доволно синхронизирана, и оти очекува тоа да се поправи. Забелешките на Таравари се дека Албанците не се адекватно претставени во Владата, но не во квантитет, туку во квалитетот на нивни кадри.

Сепак, засега, како што кажа, не размислува да ја напушти Владата.

-Засега не, и не планираме да излеземе од Владата. Кажав дека има едно незадоволсво од функционирањето на ВЛЕН, повеќе поради тоа што има една дезинхронизација меѓу партиите коишто се дел од „Вреди“ . Тешко е кога е една партија, а камоли кога се четири. Така што ни треба подобра коодинација, оти впечатокот е лош кај народот дека не делува како што треба во Владата. Има доверба во Владата 70 отсто, а на прашањето колку сте задоволни од „Вреди“ во Владата, е околу 30 и нешто посто. Мислам дека недостасува таа добра синхронизација. Се надевам дека тоа ќе се поправи во идниот период, вели Таравари.

Во „Вреди“, засега, не успеваат да се договорат дали ќе настапат со заеднички листи за советници и кандидати за градоначалници, на претстојните локални избори. Според аналитичарот Љуљзим Фаризи очигледно е незадоволството од Таравари од начинот на функционирањето на Вреди во владината коалиција, што ја прави поголема веројатноста Таравари да одлучи неговата партија да оди сама на изборите.

-Најверојатно Арбен Таравари сега е незадоволен од прераспределбата односно поделба на колачот помеѓу политичките партии кои се дел од „Вреди“ . А реално таму има политички партии кои се многу мали и маргинални на терен, а добија многу места во Владата, како се поделени на 4 дела по 25 посто. Така што дополнително загрижувачки за него, сум го кажал и пред формирањето на Владата дека има некоординација помеѓу партиите кои се дел од власта, бидјќи истите немаат потенцијал на кадар, а ги имаат земано местата, односно тие не правеле проценка внатре во партијата колку имаат кадар за соодветното место, изјави Фаризи за Канал 5.

Ставовите на Таравари доаѓаат во период кога се погласни се шпекулациите дека неговата Алијанса ќе ја напушти „Вреди“, но и дека ќе соработува со ДУИ на локалните избори, за што и самиот тој потврди дека има канали за комуникација со интегративците, не само со Алијанса, туку и со другите партии од „Вреди“. Изет Меџити, Биљал Касами и Зекирија Ибрахими, пак, експресно се оградија од ваквото тврдење на Таравари и негираат дека имаат било какви канали за комуникација или соработка со ДУИ и Ахмети.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Состојбата во Гостивар се следи – намален вкупниот број прегледи

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции.

МЗ: Состојбата во Гостивар се следи – намален вкупниот број прегледи

Во текот на 3 август се регистрирани вкупно 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи.

Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните испитувања за лабораториска потврда или исклучување на заболувањето.

Министерството за здравство, во координација со надлежните здравствени установи, продолжува внимателно да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови релевантни податоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Радеска: Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

Има нов, сериозен момент во скандалот со загадената вода во Гостивар.

Радеска: Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

Власта официјално потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa во водата.

Водата што ја прогласија за „техничка“ и дека може да ја користат граѓаните има бактерија. Страшно!

Тоа значи дека граѓаните на Гостивар се капеле со бактерија која претставува ризик по здравјето.

Кожни инфекции и бројни други сериозни заболувања и други инфекции предизвикува оваа бактерија.

Ова е врв на институционалниот колапс и уште еден здравствен скандал.

Системот на Мицкоски и Клековски целосно потфрли во својата основна задача, наместо да го заштити здравјето на граѓаните го загрози.

Затоа Мицкоски и Клековски се кријат зад Тошковски и Ангелов, луѓе кои не се стручни за ова и само создаваат забуна и грижа кај граѓаните.

Сѐ уште Владата не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна.

Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе.

Со признанието за присуство на бактерија се потврдува дека капењето не било дозволено, а граѓаните се капеа.

И повторно се врши хиперхлорирање.

Кога се прави хиперхлорирање - капењето не е дозволено исто така поради високото ниво на хлор.

Концетрацијата на хлор мора да се спушти на дозволени вредности за да може да се користи.

Министерот Клековски најавуваше дека од оваа недела водата ќе може да се пие.

Мицкоски рече дека има бактерија.

Сега и официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот.

Ова е страшна информација.

Обвинителството мора веднаш да отвори истрага, мора да има кривична одговорност за:

• Христијан Мицкоски;

• Сашо Клековски;

• Сите одговорни лица во институциите кои молчеа и не презедоа мерки додека беше загрозено здравјето на илјадници граѓани.

Одговорноста не може и не смее да се избегне.

Обвинителството мора да покаже дека законот важи за сите и веднаш да отвори истрага за овој тежок скандал.

YouTube video

Прес конференција на Елена Радеска, СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 27.7.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,069%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,806%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 0,930% и кај мазутот намалување во просек за околу 4,787%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1423%.

Од 05.08.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 91,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 93,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 46,419 (денари/килограм)

Во денешната одлука е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,680 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 05.08.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

РКЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер