Како водењето дневник му помага на менталното здравје - Канал 5

Како водењето дневник му помага на менталното здравје

Иако звучи старомодно, оваа дневна рутина се враќа на голема врата поради исклучителното терапевтско дејство.

Како водењето дневник му помага на менталното здравје

Можеби ви звучи премногу едноставно за да има ефект, но пишувањето неколку реченици дневно може да го подобри вашето ментално здравје. Некогаш водењето дневник беше резервирано за тинејџерите, а денес, психолозите и терапевтите сè почесто им го препорачуваат и на возрасните. Во неговата едноставност се крие вистинска моќ.

Дневникот како алатка за разбирање на емоциите

Кога во главата постојано се ројат мисли, чувствата често остануваат нејасни, конфузни и преинтензивни, па пишувањето дневник помага да ги преточиме во зборови, што ги прави појасни за разбирање.

Како дневникот го намалува стресот и анксиозноста

Истражувањата на еден Универзитет во Рочестер покажуваат дека редовното водење дневник помага во намалување на стресот, полесно справување со анксиозноста и депресивните симптоми.

Кога запишувате нешто што ве оптоварува, воочувате што го активира стресот и препознавате што најмногу ве исцрпува. Клиниката Кливленд додава дека водењето дневник може да биде корисно во следењето на нивоата на стрес и реакцијата на секојдневните предизвици.

Препознавање на обрасци и “trigger-и“ (активатори)

Една од најголемите предности на дневникот е што помага да ги препознаеме обрасците и повторувањата во нашиот живот. Кога ги запишуваме мислите и чувствата, полесно воочуваме што нè дестабилизира и како реагираме на стрес. Ова овозможува попаметни одлуки за одморот, односите и секојдневните навики.

Водењето дневник помага да согледаме како ни се поврзани мислите, чувствата и однесувањето. Кога запишуваме автоматски негативни мисли или самокритика, тие повеќе не стануваат недофатливи, туку стануваат материјал за анализа и преобликување во пореални заклучоци.

На тој начин дневникот служи не само за исповедување, туку и за преиспитување на вашите ставови.

Јакнеење на самосвеста и фокусирање на благодарноста

Водењето дневник ја подобрува самосвеста и помага подобро да ги разбереме своите потреби, граници и реакции. Освен проблемите, запишувајте ги и успесите, убавите моменти или работи за кои сте благодарни. Позитивното водење дневник помага да се фокусираме на она што функционира и поттикнува подобро расположение.

Како да се почне без стрес

Психолозите истакнуваат дека дневникот не ја заменува терапијата или стручната помош кај посериозни проблеми, но претставува едноставен и моќен прв чекор кон внатрешна јасност и контрола врз сопствениот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА милионер тврди дека едвај врзува крај со крај: Заработил 195.000.000 долари, а сепак се жали

Поранешната НБА ѕвезда Пол Пирс, кој заработи приближно 195 милиони долари во текот на 19 сезони во врвната кошаркарска лига, сега тврди дека едвај врзува крај со крај. 

НБА милионер тврди дека едвај врзува крај со крај: Заработил 195.000.000 долари, а сепак се жали

Поранешната НБА ѕвезда Пол Пирс, кој заработи приближно 195 милиони долари во текот на 19 сезони во врвната кошаркарска лига, сега тврди дека едвај врзува крај со крај. Според судските документи, неговите месечни трошоци изнесуваат речиси 96.000 долари, а откако ја загубил својата телевизиска улога на „Фокс спортс“ (Fox Sports), останал без редовни приходи. Тој изјави дека последната исплата ја добил во август 2026 година.

Поранешната партнерка на НБА легендата, Пол Пирс ја оспорува неговата верзија за финансиската состојба и бара независен експерт да ги провери неговите приходи и имот.

Според TMZ, тој плаќа приближно 48.000 долари месечно за издршка на децата и на сопругата, додека остатокот се користи за грижа за децата, храна, јадење во ресторани, сметки, облека и други трошоци.

Пирс тврди дека на своите банкарски сметки има околу 300.000 долари, додека вредноста на неговиот недвижен имот ја проценува на 3 милиони долари.

Неговата поранешна партнерка, Принцес Сантијаго, ги оспорува неговите наводи за финансиската состојба и бара независен експерт да ги разгледа неговите приходи и имот.

Пирс инаку,поголемиот дел од својата кариера го помина во „Бостон Селтикс“, со кои во 2008 година ја освои НБА-титулата. Тој десет пати беше учесник на „Ол-стар“ натпреварите, а во 2021 година беше примен во Кошаркарската куќа на славните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од зборови на дела: Кина ги „избриша“ Реал Мадрид и Мбапе

 По лошиот коментар на социјалните мрежи од Килијан Мбапе по церемонијата на доделување на Златната топка неколку кинески компании ги раскинаа своите спонзорски договори со францускиот напаѓач и Реал Мадрид.

Од зборови на дела: Кина ги „избриша“ Реал Мадрид и Мбапе

Кина ги спроведе своите закани во дело. Натпреварите од Ла Лига исчезнаа од програмата на државниот радиодифузер CCTV – потег што директно влијае врз Реал Мадрид и нивната француска ѕвезда, Килијан Мбапе, пренесува „Goal“.

Ситуацијата произлегува од коментар на Мбапе во врска со сатиричен интернет-мем поврзан со кинескиот лидер Мао Цетунг.

Според шпанскиот медиум „Marca“, ниту еден од натпреварите во Ла Лига, закажани за овој викенд, не е емитуван на каналите на државната телевизија.

Сепак, платформата „Migu“ нуди поинаква слика. Како ексклузивен дигитален партнер на Ла Лига во Кина – партнерство што опфаќа период од тековната сезона па сè до 2029/2030 година – „Migu“ го задржа речиси целиот свој викенд-распоред непроменет.

Сепак, постои еден значаен исклучок: натпреварот помеѓу Расинг Сантандер и Реал Мадрид не се појави во распоредот за емитување. Понатаму, „Migu“ не прикажува ниту еден натпревар на Реал Мадрид – детаљ потврден и од шпанска новинска агенција – дури ни оние што биле закажани пред почетокот на оваа криза.

Корисниците на социјалните мрежи, уште на самиот почеток на кризата, укажаа на тоа дека платформата ги избришала снимките од головите на Мбапе од неодамнешниот „Ел Класико“ натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона.

Сè започна кога Мбапе во едно интервју изјави дека еден од најсмешните сатирични интернет-мемиња што ги видел, бил оној на кој неговото лице е вметнато врз слика од „кинески лидер“ – при што не го именуваше експлицитно Мао Це Тунг, иако токму тој беше прикажан на мемето.

Овие изјави, дадени во вторникот, предизвикаа брза реакција.

Неколку кинески компании ги раскинаа договорите за спонзорство, државната телевизија го прекина емитувањето на натпреварите од „Ла Лига“ и оние на кои настапува францускиот напаѓач, а неговите реклами беа повлечени од програмата. Мбапе упати извинување на француски, кинески и англиски јазик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фер-плеј потег на годината: Фудбалер на Борац му го спаси животот на навивач на Челик

Дефанзивецот на Борац, Абел Пасквал, истакна кандидатура за фер-плеј потегот на годината за време на дуелот против Челик во Зеница, во 12-тото коло од Премиер лигата на Босна и Херцеговина.

Фер-плеј потег на годината: Фудбалер на Борац му го спаси животот на навивач на Челик

Гостите од Бања Лука ги освоија бодови на „Билино поле“ во Зеница по пресврт (2:4) во фантастичен натпревар, за кој двата тима беа наградени со аплауз.

Сепак, најголемиот аплауз на легендарниот стадион „Билино поле“ го доби фудбалерот од Бања Лука, Абел Пасквал, откако ѝ помогна на медицинската екипа што побрзо да стигне до навивачот на „Челик“ на кој му се слошило на трибините.

Додека лекарите брзаа да му помогнат на навивачот од Зеница, Шпанецот од редовите на „Борац“ зеде опрема за реанимација од еден од медицинските лица и потрча кон трибината каде што се наоѓаше споменатиот постар господин.

Според извештаите на медиумите од Зеница, навивачот на „Челик“ е во добра здравствена состојба по интервенцијата на лекарите.

На крајот, „црвено-сините“ освоија три бода на „Билино поле“ и продолжија во трката зад првопласираниот „Зрињски“ од Мостар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер