Како водата и солта можат да влијаат на телото? - Канал 5

Како водата и солта можат да влијаат на телото?

Плакнење на устата со вода со прстофат сол долго време се користи како домашен лек за болки во грлото и помали тегоби, но сега е популарно на социјалните мрежи да се пие смесата како утрински „буст“.

Како водата и солта можат да влијаат на телото?

Се тврди дека ја подобрува хидратацијата и ја зголемува енергијата. Иако може да обезбеди некои придобивки за некои луѓе, експертите предупредуваат дека на повеќето луѓе всушност не им е потребна.

Како пиењето солена вода може да влијае на телото?

Теоретски, оваа смеса може да ги зголеми нивоата на натриум во крвта, да задржи повеќе вода во крвотокот и да помогне во одржувањето на соодветен проток на крв. Солта е електролит што му е потребен на телото за основни функции, а ние природно го губиме преку потење, мокрење и плачење.

Кога натриумот - главната компонента на солта - е зголемен во крвта, повеќе вода останува во крвотокот отколку без додадена сол. Ова е важно бидејќи доволна количина крв овозможува правилен транспорт на кислород, хранливи материи, отпадни производи, хормони и имунолошки клетки низ целото тело.

Но, тоа не значи дека секој треба да почне да пие солена вода наутро. „Повеќето од нас веќе внесуваме премногу натриум во нашата исхрана, па затоа навистина не треба да додаваме повеќе сол“, изјави регистрираната диететичарка Роксана Ехсани за „Health“. Таа додаде: „Просечниот човек не треба да додава сол во водата за пиење“.

Прекумерниот внес на сол е поврзан со висок крвен притисок, што може да доведе до срцеви проблеми како срцев удар и мозочен удар. Сепак, нефрологот Блејс Абрамовиќ вели дека одредени групи би можеле да имаат корист, како што се луѓето кои брзо губат вода и натриум поради честа дијареја, грип, пневмонија или инфекции на уринарниот тракт, како и сериозни спортисти или оние кои многу се потат поради топлина и влажност.

Кој треба да го избегнува овој тренд?

Прстофат сол е околу 145 милиграми, што е „многу мала количина“, рече Абрамовиќ. Сепак, тој додава дека дури и таа мала количина сол во водата е „претежно несоодветна или непотребна“.

Абрамовиќ силно советува луѓето со заболувања на бубрезите, заболувања на црниот дроб, висок крвен притисок или други срцеви заболувања како срцева слабост да го избегнуваат овој тренд. Исто така е лоша идеја за луѓе со дијабетес тип 2 или за оние кои внимаваат на внесот на сол.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Граѓаните бараат решенија, надлежните претпријатија мора да си ја завршат работата

Општина Центар и овој викенд е на терен. Вчера и денеска со два багери и два камиони се расчистуваат диви депонии во Крњево, Маџир Маало и Ново Маало, а паралелно продолжува и чистењето на локациите кои беа зафатени од невремето.

Герасимовски: Граѓаните бараат решенија, надлежните претпријатија мора да си ја завршат работата

До Општина Центар секојдневно пристигнуваат голем број поплаки од граѓани за натрупан отпад, неисчистени јавни површини, паднати гранки и зеленило. Иако дел од овие обврски не се во надлежност на Општината, општинските екипи излегуваат на терен и интервенираат таму каде што е потребно, затоа што проблемите не можат да останат нерешени на штета на граѓаните.

Градоначалникот Горан Герасимовски упати апел до ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“ редовно и навремено да ги извршуваат обврските за кои се надлежни.

„Граѓаните не треба да бидат заложници на тоа кој за што е надлежен. Тие со право очекуваат чисти улици, собран отпад и уредени јавни површини. Најголем дел од поплаките завршуваат кај нас во Општина Центар и затоа реагираме секогаш кога можеме. Но, не можеме трајно да ги преземаме обврските на другите институции. Апелирам до ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“ да бидат присутни на терен и да си ги извршуваат своите надлежности. На граѓаните им треба решение, а не префрлање на одговорноста“, порача Герасимовски.

Општина Центар ќе продолжи со расчистувањето на критичните точки и со интервенциите по невремето. Истовремено, апелираме и до граѓаните да не оставаат отпад на јавните површини и да не се создаваат нови диви депонии на местата што се расчистуваат.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за изборите - ќе му го дадат руската и српската служба

Мицкоски бара алиби за избори. 

СДСМ: Мицкоски бара алиби за изборите - ќе му го дадат руската и српската служба

Кажува дека нема да има предвремени избори, но може ако некој му фрли ракавица. СДСМ јасно порача дека нема да биде алиби на Мицкоски.

Тој не сака да признае дека нема пари во буџетот. Сè потрошил за криминални тендери.

Секоја недела нови задолжувања, но тоа нема да може да оди во недоглед.

Сепак, за секое задолжување или кредит, потребни се гаранции. Со водење на ваква економија од денес за утре, нема да добие можност за ново задолжување. Го нема повеќе Орбан, па да пласира кинески пари преку Унгарија во земја членка на НАТО.

Сега скока Левица, стариот добар руски сателит во заштита на Мицкоски.

Мицкоски е руски прокси-играч.

Исклучиво работи за лична материјална корист, но истовремено ја исполнува и руската и српската анти-ЕУ агенда. Единствено ним им одговара Македонија да остане надвор од ЕУ, како тампон-зона. Ова лично му одговара и на Мицкоски, бидејќи со ЕУ доаѓа и европското обвинителство, а тогаш некој ќе мора да одговара за криминал и корупција.

Владата и Мицкоски немаат ниту еден резултат. Економија, земјоделство, образование, здравство, дипломатија - ЕУ процесот. Ништо.

Вучиќ најави избори. Мицкоски мора да ги распише изборите во исто време со него. Не може да чека тој да изгуби како и другиот негов ментор Орбан, кој целосно ја изгуби власта.

Мицкоски, покрај 40 проценти орбанови медиуми, воведува тешка српска медиумска артилерија преку АЛО групата и лиценцата на Euronews.

Кампањата е заснована на поделби по моделот на Ванчо Михајлов.

Повеќе не можат да ги користат Бугарите во кампања како минатиот пат, бидејќи се компромитираа - цело ВМРО и нивните семејства не само што имаат бугарски државјанства, туку и фирми.

Потребен е нов измислен противник. Ќе го најдат, ќе го измислат кај Албанците.

Веќе видено сценарио - тоа не е потребно само за националистичката кампања на ВМРО во Македонија, туку и за менторот Вучиќ.

Затоа Стоилковиќ деновиве е во Србија на договори со СНС.

На Мицкоски му треба алиби - ќе го добие од српските и руските служби, преку своите сателити во Македонија.

Народе, гледајте го сценариото во режија на Александар Вучиќ. Мицкоски е само главната улога.

СДСМ нема да учествува во оваа игра. Нема да бидеме алиби. Граѓаните заслужуваат вистина, а не режирана претстава.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветаноски: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа– тотална неспособност на Клековски и Мицкоски

Две здравствени кризи. Со водата во Гостивар, труењето на 5.000 луѓе и новата криза со епидемија од западно-нилската.

Цветаноски: Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа– тотална неспособност на Клековски и Мицкоски

Заедничко и за двете кризи е дека власта на Мицкоски задоцнето реагира.

Нема капацитет да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира.

И наместо работа и Мицкоски и Клековски си заминаа на екскурзија, на одмор, среде кризи.

За Гостивар се уште никој нема објавено документ, го нема целиот извештај за водата.

Нема кој одобрил, кој потпишал.

Нема ниту одговорен, никој од власта не одговара за пропустите, заедоцнетите реакции на здравствените институции.

Кризата со западно нилската треска исто така.

Повторно задоцнети реакции, пропусти, нема одговорност. Дури и со прскање на комарци закаснија.

Резултатот е Македонија е земја во Европа со најмногу случаи по глава на жител.

Според податоците од Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ECDC) стапка на инциденца (случаи по глава на жител) од западнонилска треска е највисока во Македонија.

Досега има пет жртви. Во моментов се хоспитализирани 21 лице.

Во критична состојба се наоѓаат уште четири лица. Меѓу хоспитализираните има и едно помладо лице на 25-годишна возраст.

Речиси секојдневно се примаат нови болни.

Справување со епидемија не е прскање против комарци и прес-конференција. Мора да има силен системски одговор со сет на мерки и активности.

Тоа досега не го видовме. Власта не успева да се справи со кризата.

Видовме тотален распад, институционален колапс и неспособност.

Клековски ги затвора базените кои Мицкоски ги отвораше, пред некој ден изјави дека вазните на гробиштата се проблем за комарците.

Граѓаните се прашуваат знае ли Клековски што зборува, знае ли што прави?

Тотален распад, неспособност.

СДСМ бара повторно: Формирање Национален оперативен штаб со јасна одговорност,

Национална GIS карта на епидемијата и ризикот.

Интензивен ентомолошки надзор, тестирање на комарци за западно-нилски вирус.

Мапирање и уништување на местата за размножување, интегрирана контрола на векторите, јавен дневен извештај за состојбата и проценка на ризикот во цела држава.

Доста беа импровизации, за здравјето на луѓето се работи.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на Извршниот одбор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер