Како во бајка :Од продавачка стана една од најгламурозните жени на светот - Канал 5

Како во бајка :Од продавачка стана една од најгламурозните жени на светот

Во интервјуто за утринската програма на британската телевизија ИТВ , Роналдо раскажа како се вљубил во Георгина Родригез, една од најубавите жени на светот.

Како во бајка :Од продавачка стана една од најгламурозните жени на светот

Скромната девојка со совршени телесни пропорции (85-62-90) , неделно заработувала по 250 фунти , кога се запознала со Роналдо во продавница за чевли на Гучи во Мадрид, каде работела како продавачка.

Набргу потоа се нашле на забава и тогаш почнале да разговараат. ,,Тоа беше љубов на прв поглед за двајцата.” , вели Роналдо.

Во Шпанија, таа живеела со сестра и студентка , немала доволно пари и живееле во скромен стан. Георгина имала голема желба да успее уште од своите тинејџерски години.

„Таа многу ми помогна. Секако, вљубен сум во неа“, изјави Кристијано во интервјуто со британскиот новинар Пирс Морган.

Фудбалерот на Јувентус призна дека неговата мајка сонувала како оди кон олтарот со Георгина.

"Еден ден ќе се венчаме, сигурно. Тоа е и сонот на мајка ми. Зошто да не? Тоа е одлично. Таа е моја пријателка, разговараме. ", рече Роналдо.

Со 10 милиони следбеници на Инстаграм, Георгина е една од најначајните жени на социјалните мрежи, а неодамна стана заштитно лице на познатиот италијански бренд за долна облека и костими за капење.

Денес нејзиниот живот изгледа како сон, но патот до успехот не беше воопшто лесен. Родена е на 27 јануари 1994 година во Буенос Аирес, рано се пресели во шпанскиот град Јака со семејството, каде нејзиниот татко бил фудбалски тренер на клубови од пониските лиги.

На четири години, Георгина ја открила својата прва голема љубов-танцот.

- Не бев многу убаво дете. Јас сигурно не бев најубава во класот. Едноставно, се чувствував нормално. Танцувањето ме научи на дисциплина и љубов кон уметноста - рече Георгина.

Подоцна, на училиште, наеднаш и било кажано дека е убава, па самата почнала да верува во тоа.Набргу и била дадена можност да игра во Мадрид, но немала пари да го оствари својот сон.

Поради ова, одлучила да отпатува во Бристол, да го усоврши својот англиски и да добие работа како домашна помошничка.

„Бев и чистачка , ништо не ми беше проблем“, признава Георгина.

Денес, таа и нејзиниот Роналдо се на врвот на светот, а парот има четири деца (најстариот син на Роналдо, Кристијано Јуниор, близнаци Ева и Матео, кој е роден од сурогат мајка и нивното биолошко дете, едно ипол годишната ќерка Алан Мартин).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

Двојните аршини на Филипче и СДС повторно на виделина.

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

СДС и Филипче да беа вака гласни за Еуростандард банка, како што денес се за Алта банка, можеби граѓаните тогаш, немаше да бидат оштетени.

Се сеќаваме дека во времето на Филипче и СДС, пропадна Еуростандард банка, која патем, долго време одобрувала кредити без покритие на фирми блиски до Заев.

Истата Еуростандард банка во која тогашната министерка за финансии, Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра.

Истата Еуростандард банка, за која власта на СДС и тогашното раководство на НБРМ не воведе администрација, туку директно и ја укина работата на банката, за да можат кредитите на фирмите блиски до Заев да пропаднат.

Ете затоа им е криво на СДС и затоа работи Фројд кај Филипче. Тоа што вие сте посегале по криминал, ние тоа нема да го направиме.

YouTube video

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Безбедно и одржливо да ги воведеме новите терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болест

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска се обрати на отворањето на панел дискусијата „Паркинсонова и Алцхајмерова болест: подобар третман за подобар живот“, што се одржа во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје.

Клековски: Безбедно и одржливо да ги воведеме новите терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болест

Невролози и неврохирурзи од Универзитетскиот клинички центар Љубљана и од универзитетските клиники во Скопје разговараа за длабоката мозочна стимулација (DBS) кај Паркинсоновата болест и за антиамилоидните терапии со леканемаб и донанемаб во раната фаза на Алцхајмеровата болест. Се разговараше и за предусловите за нивно воведување во Македонија.

„Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест не се само дијагнози. Тоа се години живот, на пациентот и на семејството што се грижи за него. Ниту една од овие терапии не е за секого. И двете бараат внимателно избрани пациенти, обучени тимови, дијагностика и долгорочно следење. Затоа прашањето не е само дали, туку како: безбедно, стручно и одржливо“, изјави министерот Клековски.

Во националниот здравствен систем се регистрирани околу 24.000 лица со деменција, а проценките се дека до 2050 година бројот може речиси трипати да се зголеми. Со Паркинсонова болест живеат околу 8.000 граѓани, најголемиот дел од нив се згрижени дома, од своите семејства.

Министерот истакна дека Министерството е подготвено да ја слушне струката и очекува од дискусијата конкретни препораки: што недостига, по кој редослед и за колку време.

Клековски им се заблагодари на гостите од Љубљана за двегодишната соработка меѓу клиниките од Љубљана и Скопје, која се реализира преку програмата „Mentor–Mentee“ на Меѓународното друштво за Паркинсонова болест и нарушувања на движењето (MDS).

На панелот учествуваа, проф. д-р Звездан Пиртошек, независен експерт на ОН за остварување на сите човекови права на постарите лица, проф. д-р Дејан Георгиев, асист. д-р Јован Божиновски, директор на Универзитетската клиника за неврологија, и д-р Љуљзим Агани, директор на Универзитетската клиника за неврохирургија. Модератор беше проф. д-р Габриела Новотни, соопштуваат од МЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа вина

Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.

Од почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа вина

Во Кривичниот суд денеска од почеток почна судењето за предметот „Онкологија 2“, кое се води против поранешните медицински и економски директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал.

Случајот повторно го води судијката Славица Наумова-Јосифовска, но почнува од почеток поради промена на судија член на судечкиот совет. Обвинетите Васев и Нухи на почетокот повторно негираа вина за делата што им се ставаат на товар. Застапник на обвинението е Марија Ѓоргева од ОЈО ГОКК, која на почетокот на денешното рочиште изјави дека останува на веќе изнесените воведни зборови пред судот.

Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер