Како успеаја само двајца крадци да ја изведат кражбата на векот од музејот во Дрезден?

Германската полиција е во потрага по двајцата непознати крадци , додека медиумите објавија неверојатни детали како тие успеале да ограбат скапоцености вредни над милијарда евра, додека историчарите тврдат дека се ограбени непроценливи богатства.

Непознатите крадци кои провалиле во Зелената ризница во Дрезден, еден од најголемите историски музеи во Европа, со една од најголемите колекции на накит , која е ограбена рано утринава, влегле во зградата преку мал прозорец во приземјето, јави Би-Би-Си. Германските медиуми објавија дека крадците ги свиткале железните шипки на оградата од прозорецот и влегле преку мала дупка што ја направиле.

Постојат шпекулации дека крадците биле во можност да се пробијат во Зелениот трезор откако предизвикале пожар во блиската трафостаница поради што безбедносниот систем престанал да работи. Поточно, противпожарните оддели биле повикани утрово во 5:09 часот за гаснење на пожарот кај споменатата трафостаница. Крадците што влегоа во музејот, наводно, прво ја запалиле трафостаницата.

Според Си-Ен-Ен, полицијата добила повик за провална кражба во 04:59 часот. Директорот на одделот за криминалистички истраги Волкер Ланге изјави дека безбедносните камери ги фатиле двајцата крадци. „Крадците се приближија до витрината со накит, ја скршија и заминаа“, додаде Ланге. Витрината, наводно, била изградена од специјално безбедносно стакло и не се знае како е скршена.

Провалниците се уште се бараат. Полицијата била известена неколку минути по алармот за провална кражба на осомничено возило, наводно, користено во провалната кражба. Си-Ен-Ен пишува дека полицијата досега нема информација дека на крадците им било помогнато од „внатре“, но дека се испитува и оваа можноста.

Провалниците украле три комплети дијамантски накит од Трезорот, секој со по 37 парчиња, кои, според некои медиуми, вредат околу милијарда евра. Сè уште не е познато колку предмети биле украдени од музејот.

Локалниот политичар Роланд Волер изјави дека артефактите од Зелениот трезор се „непроценливи“. „Ова е напад врз културниот идентитет на сите во сојузната држава Саксонија“, додаде Волер. Мерион Акерман, директор на Фондот за државни уметнички колекции во Дрезден, изјави дека многу од украдените експонати датираат од 18 век и тешко се проценуваат затоа што не се за продажба. „Богатствата складирани во Зелениот трезор се толку добро познати што се надевам дека нема да го најдат своето место на црниот пазар “, додаде таа, барајќи од крадците да не ги кршат украдените експонати .

Весникот „Билд“ пишува дека станува збор за „веројатно најголемиот грабеж на уметнички дела од Втората светска војна“.

Само Зелениот трезор се состои од десет простории во кои има околу три илјади парчиња накит и други ремек-дела направени од злато, сребро, скапоцени камења, слонова коска и други вредни експонати. Изложбите што можат да се видат во Трезорот се собирани со векови.

Зградата во која се наоѓа Зелениот трезор беше тешко оштетена за време на Втората светска војна, но оттогаш е обновена. Туристите го посетуваат од 1724 година и тоа е вистинска атракција. Еден од највредните експонати на музејот во Дрезден, 41-каратниот зелен дијамант, во моментов е сместен во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк, како дел од изложбата Making Marvels: Science and Slendor at Courts of Europe.

Меѓу највредните експонати е фигурата на Мавар со должина од 63,8 сантиметри, украсена со смарагди и 648 карати тежок сафир, инаку подарок од рускиот цар Петар Први.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер