Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
1Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
ЖивотКако “тенисерот“ Дарко Грнчаров успеа да ги измами Серена Вилијамс, Навратилова и „Би-Би-Си“Како 20 годишно момче од земјата на лажните вести успеа да ги прелаже Мартина Навратилова, Серена Вилијамс и „Би-Би-Си“.Со овие зборови Бен Ротенберг, американски новинар кој пишува и за „Њујорк тајмс“, ја започнува својата колумна, во која ја открива приказната за лажниот тенисер од Македонија. Тој неодамна почнал да истражува кој е навистина тенисерот што со своите ставови и коментари ги воодушеви Серена Вилијамс, Мартина Навратилова, Виктор Троицки. “Тенисерот“ Дарко Грнчаров, кој минатата година беше во кома шест месеци и кој со својата тажна животна приказна ја воодушеви дури и Серена Вилијамс – не постои. Од вчера се изгасени неговите профили на социјалните мрежи, а до неодамна речиси сите светски медиуми пишуваа за неговиот живот. Откако се расчу за неговата животна приказна, се јави и светската тенисерка Серена Вилијамс, која му испрати и приватна порака во знак на поддршка велејќи му дека одвај чека да го запознае. Со Грнчаров интервју направи дури и Би-би-Си. Тие пишуваа за неверојатниот живот на момчето што се разбуди од кома и му се врати на тенисот, но никој веројатно не обрна внимание дека „тенисерот“ никогаш не објавува фотографии на кои му се гледа ликот. Дури и видеата од неговите тренинзи никогаш не го прикажуваа неговото лице. Единствениот натпревар некаде заведен е на јуниорски турнир во Подгорица, каде што загубил без добиен сет од Никола Вукотиќ, тенисер кој има само една победа во седум години јуниорски тенис. Откако Грнчаров изјавил дека добил понуда за рекламирање на „Адидас“, компанијата преку „Твитер“ му порачала „Добредојде во семејството Дарко“. Според него, негов спонзор е и компанијата за тениски рекети „Вилсон“. Но, откако дел од светските медиуми сфатиле дека приказната за Дарко е предобра за да биде вистинита, а тој доаѓа од земја во која се измислени лажните вести, започнува да се открива вистината за него. Пред таа целосно да се открие, Грнчаров веќе дава интервјуа за десетици светски медиуми, во кои зборува за неговата кариера како тенисер и за неговото неверојатно враќање од кома до тениските терени. Во јули Грнчаров објавил дека по една година во кома му се вратила свеста и сега е посилен од пред ударот. Лагите поврзани со него вклучуваат и тоа дека неговиот сервис патува со брзина од 183 км на час, што е меѓу побрзите во светот, и дека соработува со српскиот тенисер Виктор Троицки, кој изјавил дека воопшто не знае кој е Дарко. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаИталија на нозе: Евакуирани над 300 училишта по закани за поставени бомби (ВИДЕО)Најмалку 300 училишта низ Италија денеска беа евакуирани откако добиле идентична заканувачка порака за поставена бомба, изјави италијанскиот министер за образование, пренесува Ројтерс.Оваа безбедносна тревога доаѓа во време на растечка загриженост во Европа поради заканите од таканаречената „хибридна војна“, која неодамна беше насочена кон супермаркети, центри за трансфузија на крв, авиосообраќај и телевизиски куќи. Министерот за образование Џузепе Валдитара за телевизискиот канал „Ла7“ изјави дека се верува оти заканите се лажни, додавајќи дека се очекува бројот на погодени училишта дополнително да се зголеми. Several schools in Rome were evacuated on Wednesday following emailed bomb threats. Primary schools and nurseries in the Appio-Tuscolano area were among those affected. Security checks were underway. #Rome #Italy #BreakingNews #SchoolEvacuation https://t.co/a4hKQpjjBM — ChinaLensOnEurope (@CHNLensOnEurope) November 11, 2026 Пораки до родителите и необичен потпис „Поради тревогата за поставени бомби низ целата земја, ве известуваме дека сите ученици се преместени на безбедна локација и се под надзор на наставниот кадар“, соопшти едно училиште во Рим до родителите преку апликација за пораки. Фактот што толку голем број училишта биле цел „покажува колку всушност е неверодостојна оваа закана“, нагласи министерот Валдитара. Заканувачката електронска порака била потпишана со името „Михаил Андропов, лидер на Вилает Мизогинистан“, се наведува во копијата од пораката до која дојде Ројтерс. Истиот потпис се појавил и во претходни закани. Истиот наводен испраќач ја презел одговорноста и за заканувачките пораки за поставени бомби, кои во петокот преку електронска пошта беа испратени до медиуми во Ирска и Бугарија. Италијанската полиција го истражува целиот случај, потврди портпарол на полицијата во Рим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубреГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на Водно заедно со учениците, волонтерите и младите, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.- Повеќе од 30.000 вредни луѓе повторно се обединија во најмасовната акција за расчистување на Скопје. На повеќе од 50 локации покажавме колкава сила има еден град кога неговите луѓе ќе се здружат за заедничкото добро. Денес бев на Водно, рамо до рамо со вредните ученици. Со секое подигнато парче отпад, овие деца одржаа голема лекција за одговорност, за совест и за љубов кон својот град. Нивниот пример заслужува и почит и следбеници – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски на сите што несовесно создаваат депонии им порача да земат пример од младите и да покажат дека го сакаат Скопје со тоа што ќе го чуваат. - Наша должност е да им оставиме почист град. Благодарам на секој што одвои време, се приклучи и остави свој белег во оваа акција. Секој ваш труд се гледа. Секој ваш пример вреди. Продолжуваме со следната акција, со истата решителност и со уште повеќе луѓе – рече Ѓорѓиевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаЈанчев: Работен состанок за конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот КавадарциДенеска, во просториите на Општина Кавадарци, се одржа работен состанок посветен на конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци.На состанокот присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, претставници на Јавното претпријатие за државни патишта, општинската администрација, стручните служби и инженери, поголем дел од членовите на Советот на Општина Кавадарци, како и професори од Градежниот факултет, во својство на ревиденти на проектот. По претходно разгледување на повеќе технички решенија и усогласување на стручните предлози, на денешниот состанок беше усвоено конечното решение за вториот дел од трасата, на потегот од „Југо Комерц“ до Витач. Согласно досега спроведените активности и обемот на потребната проектна документација, се очекува до средината на следната година да биде финализиран основниот и инфраструктурен проект, со што ќе се создадат услови за пристапување кон тендерска постапка и понатамошна реализација на проектот на терен. Утврдувањето на конечната траса претставува значаен чекор во процесот на подготовка за реализација на еден од важните инфраструктурни проекти за Кавадарци, кој има за цел подобрување на сообраќајното поврзување и растоварување на градскиот сообраќај. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter