Како се живее на најмалиот населен остров на светот? (ВИДЕО) - Канал 5

Како се живее на најмалиот населен остров на светот? (ВИДЕО)

На островот наречен Just Room Enough, познат и како Hub Island има доволно место за сопственикот и неговата скромна куќа , неколку стебла и минијатурна плажа , а стана познат откако е прогласен за најмал населен остров на светот.

Како се живее на најмалиот населен остров на светот?  (ВИДЕО)

Овој мал дел од архипелагот Thousand Islands во Северна Америка му припаѓа на Њујорк и се протега на само 310 метри квадратни. Тоа бил купен во 50-тите години од семејството Сизаленд, но тие никогаш не очекувале дека ќе стане меѓународно призната атракција.

Иронично, иако семејството Сизаленд никогаш немало намера нивниот дом да биде толку славен, тие сепак одиграа своја улога во тоа. Имено, за да може нивното парче земја да се препознае како остров, мораше да исполни некои услови - требаше да биде поголем од една квадратна стапка (0,09 м2), да биде цела година над вода и да има барем едно дрво. Дрво недостасуваше, па го засадија, пренесува Oddity Central.

YouTube video

Она што не очекуваа беше дека ќе влезат во Гинисовата книга на рекорди, со што официјално ќе се здобијат со статус на најмал населен остров во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цените на дизелот и бензините не се менуваат, мазутот поскапува

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,145 ден/кг. и сега ќе изнесува 51,742 ден/кг.

Цените на дизелот и бензините не се менуваат, мазутот поскапува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,87% во однос на одлуката од 5.10.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 1,561%, кај дизелот за 1,479%, кај екстра лесното масло за 1,462% и кај мазутот има зголемување од 4,079%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,2931%.

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 14.10.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 98,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 100,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 108,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 51,742 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,145 ден/кг. и сега ќе изнесува 51,742 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14.10.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

КХС: Започна поставувањето на новите садови за одлагање на комунален отпад

ЈП Комунална хигиена-Скопје започна со поставувањето на новонабавените садови наменети за одлагање на комуналниот отпад.

КХС: Започна поставувањето на новите садови за одлагање на комунален отпад

Досега е извршена замена на приближно двесте контејнери, додека активностите за поставување на новите садови ќе продолжат и во текот на неделава.

Воедно, во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 880 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 205 кубни метри отпад од диви депонии.

Во истиот период, беа подигнати и транспортирани 3300 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирена Илиевска, Директорка на Агенцијата за одземен имот: Над 3 милиони евра приходи од управувањето со одземен имот

Одговорно управување, финансиска дисциплина и конкретни резултати во интерес на државата и граѓаните.

Ирена Илиевска, Директорка на Агенцијата за одземен имот: Над 3 милиони евра приходи од управувањето со одземен имот

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со институционалниот отчет за двегодишната работа, презентирајќи конкретни резултати што потврдуваат дека јавната функција мора да значи одговорност, ефикасност и мерливи придобивки за граѓаните.

Во изминатите две години, Агенцијата за управување со одземен имот, предводена од директорката Ирена Илиевска, оствари над 3 милиони евра приходи, повеќе од двојно во однос на претходниот период, преку наплата на противправно стекната имотна корист, продажба и отстапување имот и продажба на акции.

Продадени се седум конфискувани недвижности, 59 возила во исправна состојба и 384 возила како старо железо.

Повеќе од 34 возила се отстапени на државни институции, додека запленета и проверена стока е донирана на повеќе од 105 институции низ државата.

Истовремено, целосно се исплатени затекнатите обврски кон добавувачите во износ од околу 4 милиони денари, вработени се 23 лица и набавен е електронски регистар на конфискуван имот, пред рокот предвиден со Реформската агенда.

„За ЗНАМ, конфискацијата не е крај на постапката. Одземениот имот мора да биде заштитен, со него да се управува одговорно и да се стави во функција на државата и граѓаните. Тоа е суштината на владеењето на правото – незаконски стекнатиот имот да создава јавна вредност, наместо да пропаѓа и да остане неискористен“, е пораката од институционалниот отчет.

Резултатите се потврда дека со финансиска дисциплина, стручни кадри, дигитализација и координација со надлежните институции може да се унапреди ефикасноста и транспарентноста во управувањето со конфискуваниот имот.

ЗНАМ останува посветен на институции што испорачуваат резултати, одговорно управуваат со јавните ресурси и работат исклучиво во интерес на државата и граѓаните.

Две години работа.

Две години резултати.

Една љубов – Македонија!

Движење ЗНАМ – За наша Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер