Како се мијат најскапите автомобили (ВИДЕО) - Канал 5

Како се мијат најскапите автомобили (ВИДЕО)

Еден од најкапите автомобили на светот , Lamborghini Veneno произведен во само 9 примероци е пример како се мијат ваквите ретки болиди..

Како се мијат најскапите автомобили (ВИДЕО)

Кога сопственикот нема време за самиот да го исчисти, на сцена стапуваат експерти од „Topaz Detailing “, кои посветуваат посебно внимание на автомобилот.

И тоа е на ниво над она што го може да се добие во спа центар. Четките од коњски влакна се користат за чистење на тркалата повнимателно од педикирот на ноктите на сопственикот. Површините не се мијат со ништо поагресивно од разреден сок од лимон, пена и крпа од чиста волна. Автомобилот се чисти со топла пареа и по неколку миења целата надворешност е обложена со заштитна фолија. Дури и пред примопредавањето, постои двојна проверка на квалитетот на сработеното.

Се разбира, се прашувате колку чини тоа. Цените се движат од околу 100 британски фунти за основно чистење, а доколку е потребна целосна реконструкција на површината со лесно пескарење, цената може да достигне и до 10.000 фунти. Кога станува збор за автомобил вреден неколку милиони евра, овој вид операција не звучи страшно, барем за неговиот сопственик.

Во случај на миење како што е прикажано во видеото, овој вид на услуга чини околу 2250 фунти, а целиот процес трае до пет дена.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојчевски: Штип вчера остана без вода - бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван Јорданов

Вчера граѓаните на Штип повторно беа без вода за пиење, на 40 степени.

Стојчевски: Штип вчера остана без вода - бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван Јорданов

Резултат на неспособноста на ВМРО-ОКГ и градоначалникот Иван Јорданов.

Поради мало невреме, хидросистемот Злетовица не беше во функција. Единствената опција за вода во Штип.

Во 21 век Штип и штипјани зависат од едно невреме дали ќе имаат вода или не.

Штипските бунари кои функционираа половина век, над 50 години се запуштени.

СДСМ со години апелираше дека штипските бунари коишто треба да бидат алтернативен избор за водоснабдување, не смеат да се остават уништени, како што ги уништи ВМРО.

Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ се фатија за парк од 120 милиони денари ⁠наместо да ги стават во функција.

СДСМ и во советот на Штип имаше многу иницијативи, предлози, конкретни мерки.

Но Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ ги оставија штипјани во милост и немилост само заради свои бизниси интереси и провизии.

Секогаш кога е ВМРО во прашање за нив најважни се бизнисите, а не граѓаните.

Проблемот со водата не е само локален во Штип, со ВМРО-ОКГ во над 50 населени места ширум Македонија, водата не е безбедна, во Гостивар над 5.000 луѓе беа отруени.

За хаосот со водоснабдувањето мора да има одговорност.

Македонија не смее да биде држава во која во 21 век граѓаните се плашат да се напијат чаша вода од чешма.

YouTube video

Прес-конференција на Трајче Стојчевски, претседател на СДММ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги утврди новите малопродажни цени на нафтените деривати, кои ќе стапат во сила од полноќ.

Денеска нови цени на горивата

Одлуката ќе покаже дали граѓаните во наредните денови ќе плаќаат помалку или повеќе за гориво. Според последната одлука на Регулаторна која е во сила од претходниот понеделник, бензинот супер БС 95 се продава по цена од 93 денари за литар, 98ка за 95 денари по литар и дизелот се точи по цена од 101, 5 денари по литар. Оваа пресметка на Регулаторна беше направена со намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иџе на подиумот во Словенија: Новиот болид трет меѓу најбрзите во Европа

Европската тркачка приказна на Игор Стефановски - Иџе со новиот прототип започна одлично. 

Иџе на подиумот во Словенија: Новиот болид трет меѓу најбрзите во Европа

Македонскиот автомобилист го освои одличното трето место во генералниот пласман на трката во Илирска Бистрица, во рамките на FIA Европскиот шампионат на ридски патеки.

Претпоследниот викенд од Европскиот шампионат на ридски патеки донесе и прво сериозно мерење на новиот болид на европската сцена. Стефановски настапи во Категорија 2 - категоријата на болиди и прототипи, во која се натпреваруваат најбрзите машини на ридските патеки.

Иџе веднаш се соочи со најсилната европска конкуренција, во трка на која стартуваа 242 автомобилисти од цела Европа, меѓу кои и искусни имиња како Кевин и Себастиен Пети, Хосеба Ираола Ланзагорта и Петр Трнка.

Резултатот е трето место во генералниот пласман на неговото деби со новиот прототип, што е силна потврда за потенцијалот на новиот болид и тимот.

„Многу сум задоволен од постигнатиот резултат. Трето место во генералниот пласман во Словенија, во конкуренција на 242 автомобилисти од цела Европа, и тоа на моето прво деби со новиот прототип е резултат што навистина дава тежина на целата моја кариера. Покажавме дека имаме потенцијал и дека можеме да им се спротивставиме на најдобрите европски возачи во оваа категорија“, вели Стефановски.

Иџе упатува благодарност и до своите поддржувачи и до тимот кој стои зад новиот спортски предизвик.

„Би сакал да им се заблагодарам на моите поддржувачи кои и овојпат без сомнеж застанаа зад мојот нов спортски предизвик. Горд сум и на мојот тим, ова е заеднички резултат и доказ дека работата и вербата во проектот даваат резултат.“

По одличниот старт со новиот прототип, фокусот веднаш се префрла кон Бузет, Хрватска, каде ќе се вози финалната трка од FIA Европскиот шампионат на ридски патеки.

„Сега се фокусираме на Бузет. Очекуваме добар резултат и од таму да ја продолжиме оваа убава европска приказна“, најавува гордо Иџе.

Токму Бузет има посебно место во кариерата на Стефановски. Минатата сезона, на истата патека, Иџе ја возеше својата 200-та трка во кариерата, а сезоната во FIA Европскиот шампионат на ридски патеки ја заврши со одлично трето место во Група 1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер