Како самохраната мајка со ампутирана нога ќе преживее со својата ќерка? - Канал 5

Како самохраната мајка со ампутирана нога ќе преживее со својата ќерка?

По ампутацијата на едната нога поради гангрена, 47-годишната Сузана од скопско Чучер се соочува со нов предизвик. Како да преживее со деветгодишната ќерка во куќа во која нема основни услови за живот.

Како самохраната мајка со ампутирана нога ќе преживее со својата ќерка?
47-годишната Сузана за два дена со една нога треба да се врати во старата куќа пред распаѓање во скопско Чучер Сандево. Пред еден месец поради гангрена на ногата таа мораше итно да замине на операција. Со болната нога живеела три месеци, никој пред да ја раскаже судбината пред камерата на Канал 5 не и помогна на жената.

Таа по ампутацијата на ногата, мора да оди на физикална терапија. Во вторник таа ќе треба да се врати во распадната куќа каде нема ниту вода, струја и тоалет. Нејзе ќе треба да ја чува нејзината девет годишна ќерка.

„Не можам да одам до тоалет јас не знам како ќе живееме со мојата девет годишна ќерка“, вели Сузана-Георгиев Дурашиќ.

До нејзе е ќерката Ружа која сега живее кај соседите, се надева дека таа и болната мајка ќе добијат подобар дом.

„Па лошо е тамо, нема струја вода. Не можеме да живееме“, раскажа девојчето Ружа Малешевиќ.

Сузана беше итно префрлена во градската болница „Наум Охридски“ каде беше оперирана.

„Задоволна сум од негата никој друг не ми пружа ваква нега“, вели Сузана Георгиев Дурашиќ.

Оваа жена ја изгуби ногата, среќна е што е жива. За неа е важно да е подолго покрај ќерката Ружа. Тие две се имаат една со друга, друг немаат никој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема операција на Европол: Откриени 57 нелегални „IPTV“ услуги

Полициски сили од 11 земји, вклучително и Хрватска, учествуваа во меѓународна операција насочена против нелегални услуги за интернет-телевизија.

Голема операција на Европол: Откриени 57 нелегални „IPTV“ услуги

За време на петдневната операција, координирана со помош на Европол, беа затворени 57 нелегални „IPTV“ услуги, додека истражителите следеа трансакции со криптовалути во вредност од милиони.

Операцијата се одвиваше од 16 до 20 ноември во Севиља, Шпанија. Истражителите идентификуваа 321 веб-страница што незаконски нуделе содржини заштитени со авторски права, заедно, овие страници бележат над 7,3 милиони посети годишно.

Откриени крипто-трансакции во вредност од над 26 милиони евра

Според Европол, истражителите досега идентификувале трансакции со криптовалути во вредност од над 26 милиони евра. Анализата на финансиските текови продолжува, со цел да се утврди кој управува со овие нелегални услуги и каде завршуваат парите на корисниците.

За само неколку евра месечно, нелегалните „IPTV“ услуги нудат пристап до илјадници телевизиски канали, спортски преноси во живо и филмови – сето тоа без дозвола од носителите на авторските права.

Претплатите често се наплаќаат преку криптовалути, при што средствата потоа се пренасочуваат низ разни дигитални паричници, сметки и посредници. Овој деловен модел го отежнува идентификувањето на поединците кои остваруваат профит од овие активности.

Околу 60 милиони Европејци користат нелегални „IPTV“ услуги

Според проценките на Алијансата против аудиовизуелно пиратство (AAPA), околу 60 милиони луѓе во Европа користат неовластени „IPTV“ услуги. Годишните загуби за легалните даватели на телевизиски и други аудиовизуелни услуги се проценуваат на 4,83 милијарди евра, додека државите губат дополнителни 1,08 милијарди евра поради неплатени даноци.

Истражителите посочуваат дека зад навидум евтините претплати стои организирана нелегална операција која генерира милијарди евра годишен приход.

Полицијата сега ги следи парите, а не се фокусира само на нелегалните веб-страници

За разлика од претходните операции, кои првенствено беа насочени кон затворање на нелегалните услуги, оваа акција конкретно ја таргетира финансиската инфраструктура што овозможува нивно функционирање.

Полицијата следеше сомнителни трансакции на блокчејн мрежите, барајќи врски помеѓу нелегалните „IPTV“ услуги, дигиталните паричници и поединците кои управуваат со нив. Криптовалутите овозможуваат брзи прекугранични трансфери на пари, но овие трансакции оставаат дигитални траги. Истражителите можат да ги анализираат овие траги за да поврзат сметки, да ги откријат примачите и да идентификуваат потенцијални осомничени.

Европол напоменува дека затворањето на една нелегална веб-страница не мора да значи и крај на криминалните активности. Операторите можат едноставно да започнат нови услуги, доколку задржат пристап до средствата и системите за плаќање.

Во операцијата учествуваше и хрватската полиција

Во операцијата учествуваа приближно 40 претставници од полициски, меѓународни и приватни организации, вклучително и 30 полициски службеници од 11 земји. Покрај Хрватска, учествуваа и полициски службеници од Белгија, Бугарија, Грција, Ирска, Италија, Холандија, Португалија, Романија, Шпанија и Соединетите Американски Држави.

Операцијата беше координирана од Европол преку Координираната коалиција за криминал против интелектуалната сопственост (IPC3). Европол обезбеди аналитичка поддршка, проверка на разузнавачки податоци и безбедна размена на информации помеѓу земјите учеснички.

Меѓу другите учесници беа Канцеларијата на Европската унија за интелектуална сопственост (EUIPO), Интерпол, организацијата „AAPA“, како и компаниите „Binance“, „Coinbase“ и „Chainalysis“ – кои работат во областа на криптовалутите и анализата на трансакции на блокчејн.

Податоците собрани за време на операцијата ќе се користат во националните истраги за идентификување на осомничени, затворање на нелегални услуги и следење на средства поврзани со незаконски активности.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фабриката на Шкода одбележува значаен јубилеј: Произведени пет милиони автомобили

Во 2025 година, фабриката во Квасини оствари рекордно производство од 301.500 возила.

Фабриката на Шкода одбележува значаен јубилеј: Произведени пет милиони автомобили

Фабриката на Шкода во чешкиот град Квасини има произведено пет милиони возила од 1949 година – годината кога таа официјално стана дел од чешкиот производител.

Во текот на речиси осум децении, од нејзините производни ленти излегле бројни значајни модели – од „1101 Roadster“, преку „Felicia“, па сè до „Octavia Combi“.

Историјата на фабриката започнува во 1934 година, кога било лансирано производството на каросерии за возила. Меѓу првите автомобили произведени во Квасини биле „1101 Roadster“ и „Superb OHV“.

Низ годините, фабриката произведувала некои од најкултните модели на брендот, вклучувајќи ги „ 450/Felicia roadster“, „Octavia Combi“, како и спортските автомобили „200 RS“ и „130 RS“.

На производните ленти се изработувале и купе-моделите „110 R“, „Garde“ и „Rapid“, како и две генерации на пикап-возила базирани на моделите „Favorit“ и „Felicia“.

Денес, Квасини претставува една од најсовремените фабрики во рамките на „Volkswagen Group“.

Моделите „Octavia“, „Karoq“ и „Kodiaq“ се произведуваат на две флексибилни производни линии, кои се одликуваат со висок степен на автоматизација.

Во последните години, фабриката помина низ низа надградби, вклучувајќи го проширувањето на погонот за каросерии и модернизацијата на погонот за лакирање.

Новата инфраструктура овозможува производство на хибридни и „plug-in“ хибридни возила. Од 2024 година, во Квасини се произведува и „Octavia“, додека „Karoq“ и „Kodiaq“ се веќе етаблирани модели во овој производствен капацитет. Во 2025 година, фабриката оствари рекорден производствен резултат од 301.500 автомобили, а ова лето, милионитиот „Karoq“ слезе од производната линија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воен ветеран ја донесе божикната елка во Белата куќа- го пречека Меланија Трамп (ВИДЕО)

Поранешен возач на американската армија FedEx ја испорача божикната елка во Белата куќа пред празничната сезона.

Воен ветеран ја донесе божикната елка во Белата куќа- го пречека Меланија Трамп (ВИДЕО)

Елката беше пречекана од првата дама Меланија Трамп пред резиденцијата на американскиот претседател, објави Јаху.

Чак Џенсен го транспортирал дрвото од Висконсин во Вашингтон, нарекувајќи го еден од најголемите моменти во неговиот живот.

"Беше неверојатно, најдоброто искуство во мојот живот, без сомнение. Работам за FedEx Freight веќе 36 години и многу патував за тоа време. Ова е огромно, навистина огромно, најдоброто нешто што сум го направил", рече Џенсен.

„Знаете, татко ми служеше во војска. Двајца мои чичковци исто така служеа во војска. Мојот брат служеше, а јас служев. Значи, тоа е дел од нашата семејна традиција и можноста да ги претставуваме членовите на војската, особено оние кои се во странство во моментов и служат на својата земја и можеби не можат да бидат дома за Божиќ или Денот на благодарноста, за мене има посебно значење.

„Тоа ми значи се и им посакувам се најдобро, среќни празници и што побрзо да се вратат дома“, додаде Џенсен.

Официјалната елка за 2026 година ќе биде поставена во Сината соба за време на празничната сезона.

Дрвото беше избрано на 21 септември откако семејната фарма Чепмен победи на националниот натпревар за новогодишна елка. Ова е четврти пат како компанијата „Silent Night Evergreens“ ја снабдува официјалната елка на Белата куќа, по претходните избори во 1998, 2003 и 2017 година.

Традиционалната церемонија на пречек, предводена од првата дама, го означува почетокот на празничното украсување на претседателската резиденција.

Минатата година, официјалната елка на Белата куќа беше украсена со златни ѕвезди и симболи што ги претставуваат сите американски држави и територии. Со одликувањата беа почестени семејствата на војниците кои загинаа за време на должноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер