Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето
1Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето
3Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
АвтомобилизамКако правилно да паркирате автомобил со автоматски менувач?Дали знаете како да паркирате автомобил со автоматски менувач?Кога ќе престанете да возите, возачите на автомобили со автоматски менувач го ставаат менувачот во положба „P“, а потоа го исклучуваат возилото. Дали тоа е доволно? Не, или поточно, особено ако се движите по угорница или удолница, треба да ја затегнете и рачната сопирачка. Позицијата „P“ овозможува заклучувачкиот клинец механички да го вклучи менувачот, така што возилото се држи од погонските тркала. Сепак, може да се олабави под оптоварување, како на пример кога автомобилот е паркиран на удолница. Ако се движите по удолница, додека ја држите ногата на сопирачката, префрлете го менувачот во положба „N“, а потоа затегнете ја рачната сопирачка. Електричните рачни сопирачки обично испуштаат звук на затегнување. Ослободете ја ногата од сопирачката и повторно притиснете ја - ова ќе ја стави целата тежина на возилото на рачната сопирачка. Потоа префрлете го менувачот во положба „P“ и исклучете го возилото. Инаку без оглед на конфигурацијата на паркинг просторот, затегнете ја рачната сопирачка. Не ве чини ништо... Извор: Б92Тагови: автоматски менувач рачна сопирачка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Скопје Виа“ на 17.јули во БитолаНа 17.јули настапуваат „Скопје Виа“, новата музичка сензација на овие простори. Етно акустичен состав со препознатлив џипси џез звук.Од 16 до 18 јули, Битола ќе живее со звуците на уникатниот музички фестивал, спој на традиција, емоција, богатство на музички влијанија, обичаи, мултикултуралност, преку еден од ретките фестивали во регионов кој сеуште, успешно опстојува 20 години со истиот концепт како во своите почетоци, Балканскиот етно-фјужн фестивал. „Локум фест – музика и традиција“. Веќе вториот и третиот ден се резервирани за автентичната атмосфера на Старата битолска чаршија. На 17.јули настапуваат „Скопје Виа“, новата музичка сензација на овие простори. Етно акустичен состав со препознатлив џипси џез звук. Се работи за група која го спојува традиционалниот џипси џез со современиот урбан звук, создавајќи автентична музика што ја освојува публиката. Нивните видеа на социјалните мрежи имаат десетици илјади прегледи, а од бендот велат дека им е драго што интересот за нивните настапи расте. Минатата година ја промовираа својата прва авторска песна ,,Под ова небо”. Оваа уникатна комбинира и театарска експресија и современ балкански звук. Членови на групата се: актерката Јана Стојановска – вокал, Мишел Трајковски – хармоника, Хилми Баки – виолина, Никола Петрушевски – кларинет, Влатко Пате– ударни инструменти, Кирил Златановски – контрабас, Ташко Грујоски – гитара и Васил Потиров – гитара. Фестивалот е една од ретките манифестации која доследно се држи до јавниот карактер и е не се приклонува кон естрадизација на културата. Се одржува на јавни простори и е проект од национално значење финансиран од Министерство за култура и туризам и Општина Битола, а се одржува во рамките на Бит фест 2026 г.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: По Груевски, слободен е и Латас - јасен доказ дека Мицкоски управува со ОбвинителствотоПо ослободителната пресуда за Никола Груевски, сега и Драган Павловиќ Латас е ослободен затоа што Обвинителството се откажало од обвинението. Ова е уште еден јасен доказ дека Христијан Мицкоски директно управува со Обвинителството и со правосудството. Кога е во прашање некој близок до ВМРО-ОКГ или до самиот Мицкоски, обвиненијата исчезнуваат. Кога е во прашање политички неистомисленик или критичар на режимот, тогаш Обвинителството е многу ревносно и ефикасно. Ова е токму она што го спречува европскиот пат на Македонија. Европската унија бара независно судство и независно обвинителство. Додека Мицкоски има контрола врз тоа кој ќе биде гонет, а кој ќе биде заштитен, Македонија не може да напредува кон ЕУ. Наместо независна институција која ја штити државата од криминал, имаме обвинителство кое работи по нарачка, да го штити режимот и неговите луѓе. Ова не е правна држава. Ова е систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот. Скопје, 16.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Преку 6 милиони евра инвестираме во општина Кисела Вода во инфраструктураПреку 6 милиони евра инвестираме во општина Кисела Вода во инфраструктура. Даваме силна поддршка за урбан развој на општинатаЕднаква грижа водиме за развој на сите општини низ државата. Само во Кисела Вода инвестираме преку 386 милиони денари за патишта и урбан развој, што е огромна поддршка за општината, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од работната посета на општина Кисела Вода. Тој заедно со градоначалничката Бети Стаменковска извршија увид во реконструираната улица ”Лазар Димитров” проект што се реализира преку Министерството за транспорт во износ од 3,6 милиони денари. “Во oпштина Кисела Вода само преку Министерството за транспорт се реализираат проекти во вредност од 386 милиони денари или некаде околу 6 и пол милиони евра, што е една сериозна сума и една сериозна поддршка за општината. На тоа секако се надоврзува и буџетот кој што го има општината. Во изминатиов период се завршија уште пет улици, а додека вкупно доколку гледаме, во изминатиов период имаме преку 20 активни проекти. Она што исто така можам да го кажам е дека во следниов период ќе продолжиме да ја поддржуваме општината, градоначалничката има тим и визија како да ја развива општината, така што еден урбан развој со поддршка од Градот, секако поддршка од Владата и од Министерството за транспорт, сум убеден дека ќе имаме уште повеќе резултати”- изјави заменик претседателот Николоски. Градоначалничката Бети Стаменковска истакна со поддршката што ја овозможува Владата како и со средства од буџетот на Општината, се реализираат проекти за поурбано и поквалитетно живеење во општината. Санацијата на свлечиштето на патот за “Tефериџ” во Кисела Вода го презема Министерството и очекувам следната недела да распишеме тендер за санација и стабилизација, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. “ Toa e еден голем, исклучително сериозен проблем, имајќи предвид дека се работи за сериозно свлечиште. Гледате дека со автопатите, особено на Охрид – Кичево, стекнавме едно такво искуство. Проблематиката е далеку поголема од можностите и капацитетите коишто ги имаат општина Кисела Вода и Градот Скопје. Затоа, премиерот Мицкоски реализираше една координација на работна средба помеѓу нас, Општината и Градот. И овој вторник, на седница на Влада, донесовме одлука со којашто целокупниот проект го презема Министерството за транспорт. Веќе имаме изработено проект за стабилизација и санација и очекувам во најскоро можно време, а тоа е непосредно следната недела, да излезе тендерот за избор на Изведувач. После кој, некаде за месец, месец и половина, кога ќе се избере Изведувач, да можеме да работиме на санација и пред почетокот на зимата таа санација да биде завршена, така што целокупната проблематика ја презема Владата преку Министерството за транспорт” – истакна Николоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08