Како на филм: НАСА наскоро ќе забие летало во астероид за да му ја смени насоката (ВИДЕО) - Канал 5

Како на филм: НАСА наскоро ќе забие летало во астероид за да му ја смени насоката (ВИДЕО)

За неколку недели НАСА намерно ќе го забие своето вселенско летало ДАРТ вредно 330 милиони долари во астероид.

Како на филм: НАСА наскоро ќе забие летало во астероид за да му ја смени насоката (ВИДЕО)

Кога ќе ја погоди својата цел, Диморфос, сондата ќе биде уништена. Целта на оваа мисија е едноставна - научниците сакаат да видат дали можат да го пренасочат патот на потенцијално опасен астероид кој би можел да удри во Земјата и да предизвика катастрофа.

Сепак, се поставува прашањето колку е безбеден таков потфат и дали може да се случи нешто непредвидено што може да има незгодни последици за нас.

"Поголеми астероиди ја погодиле нашата планета во минатото. Тоа е природен процес и ќе се случи во иднина. Сакаме да можеме да ги запреме најопасните", изјавил астрономот Алан Фицсимонс од Универзитетот Квинс во Белфаст.

„Проблемот е што никогаш не сме ја тестирале технологијата што ќе биде потребна за таков потфат. Тоа е целта на проектот ДАРТ“, додаде тој.

YouTube video

Вселенското летало DART (Double Asteroid Redirection Test) било лансирано во ноември минатата година, а целта треба да ја погоди во раните утрински часови на 27 септември. По деталната анализа на траекторијата на астероидот по судирот, научниците веруваат дека ќе добијат подобар увид во начинот на одвраќање на астероидот, односно заштита на Земјата во случај на ваква „вселенска катастрофа“, пишува The Guardian.

YouTube video

Пред две децении, научниците открија дека мал сателит, првично именуван Didymos b, орбитира околу астероид од категоријата NEO. Дидимос на грчки значи „близнак“ и се користел за опишување на бинарен систем со поголем астероид, со големина од речиси 800 метри, околу кој орбитира тело со дијаметар од околу 160 метри.

Клеоменис Циганис, планетарен научник од Аристотеловиот универзитет во Солун и член на мисијата DART, предложил Месечината да се вика Диморфос.

„Диморфос значи „две форми“ и ќе го означи статусот на овој објект како првото небесно тело кое има значително човечко влијание врз обликот на неговата орбита“, рече Циганис.

Во минатото, ударите на поголемите астероиди и комети во голема мера влијаеле на животот на нашата планета. Најпознатата ваква катастрофа се случила пред 66 милиони години кога астероид широк 10 километри удрил во областа на денешниот полуостров Јукатан во Мексико. Ударот предизвика експлозија која имала енергија од неколку милијарди атомски бомби и уништила 75% од сите растителни и животински видови, вклучувајќи ги и сите копнени диносауруси.

Диморфос кружи околу својот матичен астероид на секои 12 часа. Десет дена пред ударот, вселенското летало ќе исфрли сонда со големина на чанта, LiciaCub, која носи две камери инспирирани од Војна на ѕвездите наречени Лук и Леја. Камерите ќе го снимаат ударот на астероидот и ќе ја испратат снимката до контролорите на земјата.

Телескопите базирани на Земјата потоа ќе го проучуваат астероидот и ќе утврдат дали и како неговата орбита се променила.

„На тој начин ќе добиеме идеја за тоа колку лесно ќе биде да се одвратат астероидите или кометите што доаѓаат“, рече Тејт.

ДАРТ треба да ја промени својата орбитална брзина околу Дидимос за 1% кога ќе се судри со Диморфос, што не звучи многу - но треба да го промени неговиот орбитален период за неколку минути. Ќе можеме да ја измериме и набљудуваме оваа промена на брзината од телескоп на Земјата. Тоа ќе биде и првпат луѓето да ја сменат динамиката на тело на Сончевиот систем на мерлив начин.

Во 2024 година, Европската вселенска агенција треба да го испрати своето вселенско летало Хера чија задача ќе биде детално да го проучува Диморфос, да ги измери неговите својства и да го проучува влијанието на ДАРТ на неговата орбита, наведува Си-Ен-Ен.

Вредните податоци собрани од DART и Хера ќе придонесат за стратегии за планетарна одбрана, особено за разбирање каква сила е потребна за да се префрли орбитата на астероид од категорија NEO што би можел да ја погоди нашата планета.

Научниците веруваат дека бинарниот систем Дидимос е совршено место за тестирање на преориентацијата на траекторијата на астероидот. Станува збор за објект блиску до Земјата (НЕО), но чија траекторија не е насочена кон нашата планета, што значи дека тестирањето не треба да тргне наопаку.

Кога ДАРТ ќе удри во Диморфос, треба малку да ја промени брзината на астероидот, односно промената ќе биде само неколку сантиметри во секунда. Таа промена на траекторијата треба да биде исклучително мала, односно ќе се манифестира само во брзината на орбитата на Диморфос околу Дидимос А. Затоа, траекторијата на самиот бинарен систем не треба да се менува, но експериментот би ни покажал дали таквите промени се можни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“

Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.

Хајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“

Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата.

Хајди не се крие

Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“.

Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен.

„Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа.

Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди.

Таа не сака инјекции за слабеење

Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија.

Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“.

Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Маж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево.

Жена пренесена во Женева на лекување

Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Уделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени.

Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати.

„Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто.

Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“.

Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи.

Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“.

Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно.

Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили.

Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик

Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење.

Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно.

Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“.

Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина.

Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер